Види колку ти е старо 4Д -ето. Мислам до 6 месеци е. Јас за трет ваучер го имав дадено старото од пред 8 месеци и добив известување за достава на 4д ехо со опис од гинекологот. Така да направи си.Провери кај ти е најефтино и направи си и обавезно да има и извештај од тој што ти го прави ехото.
А колку фоликули имаше? Зашто 5 ј.к. не е лошо. А со кои индикации сте за инвитро? Хормони, резерви, сперма... Многу фактори се во игра зошто не се оплодиле повеќе ј.к.
Таму не пишува рок за овој документ, ама мене ме имаат враќано (додуша кај мене беше постар). Сепак би одела со, не постар од 6 месеци
Здраво Сакам да порачам од iherb б12 металиран, б6 и омега 3 ама има различни. Некоја од вас ако пиела да ми препорача од колку mcg да земам?
После неуспешно инвитро сите сме во потрага по одговори. Зошто? Која е причината? Се' може да е причината. Несоодветен протокол, лош циклус, проблем со квалитет на ј.к. (дури не тргнат да ги оплодуваат не може да се знае дали се генетски исправни, да немаат абнормални хромозоми), фрагментација на сперма, кариотип кај двата партнера, инсулинска резистенција, антитела .... 5 ј.к. се солидна бројка. Мој совет е одмори малку, и психички (ако можете викенд негде издувајте се), а особено физички. Телото нека се стабилизира од хормонската терапија. И што си дадеш оддишка тргни да бараш одговор. Консултирај се со твојот доктор. Закажи консултација кај друг доктор, чисто да слушнеш второ мислење. Решението може да е било што - промена на исхрана, суплементи, испитувања, терапија - ако има потреба, промена на протокол... За жал нашиов пат е маратон, а не трка на 100 метри.
Ниеден доктор не може со сигурност да биде сигурен како еден организам ќе реагира на стимулации посебно од прв обид. 5јк е солиден резултат а одлуката дали ќе се врати 1 или 2 зависи и од тоа колку години имаш каква дијагноза и слично. Кај помлади пациенти без особени дијагнози најчесто враќаат 1 поради ризик од близначка бременост (па и тројка) која доаѓа со голем број на ризици. Знам дека разочарувањето е големо и сите влегуваме со многу надеж и ако не успее сме бесни на цел свет ама промената на доктор поради тоа можеби и не е најдобар избор. Дај си време да ти легне целата ситуација па и ако после тоа сметаш дека немаш веќе доверба во докторот оди на консултации кај некој друг. Ти посакувам успех веќе во следниот обид.
Какво искуство имате со ембриолозите во Систина? И дали за викенди и празници прават пункции/трансфери?
Zenski ve molam za sovet vo dilema sme epten....pravev inseminacii, no Dr.Dimitrov bese beznadezen poradi losiot spermogram 2milioni i mi kaza deka ke treba IVF , no ajde neli bar 1 inseminacija da pomineme. E sega Doktorot e golem strucnjak , no mnogu mi e nejasen i ne razgovara i objasnuva mnogu a vistina mi treba nekoj koj ke mi objasni ,dali da go menam da idam kaj Ivanovski ili da teram neznam nekako posle sekoj pregled sme vo dvoumica
Женски здраво, 7 ден од трансфер цела се затнав а од дома не сум искочена и главоболка мала баш како настинка. Инхалации и кој спреј за нос смеам да го користам?
Дали има некој искуство со неправилно дуплирање на бета. Во петокот беше 280, а денес 430. Правени се во различни лаборатории па докторот ми рече може до тоа да е и дека бетата е супер за 15ден од трансфер и да продолжам со терапија уште една недела. Не знам некако ме фати страв дека среќата пак кратко ќе ни трае...
Добивме ваучер, важи од 1.12 но во петокот бевме Плодност, др Таше ми кажа дека ендометриум от ми е многу тенок и дека треба ако сакаме да правиме ЕРА испитување, дали некој го има правено тоа испитување, и сега 2 месеци терапија, па стимулациите инвитро, па ера, и да нема трансфер туку по некое време од испитувањето,. Незнам сто е и дали да го правиме и нешто за тенок ендометриум.