Спермокултура ни побараа кога почнавме со постапката, инаку за ваучер не ви треба. Сите останати док ко што наброја погоре мислам дека имате. Ама види си на сајтот на ФЗО што се ти треба од документација, да не ти бараат после дополна. Да допишам: уринокултура не треба.
До трансфузиологија. Ако влегуваш од главен влез ќе имаш од лева ургентен од десна радиологија и тука како раскрсница е продолжуваш право, прво е трнасфузиологија и хематологија одма споено е за дарување крв и на крајот од таа зграда еден мал влез има мислам дека не е ни означен тука ти е имунологија.
Здраво феминки Нова сум на форумот и оп одма во теми бременост. Long story short …. Прва бременост, природно забременив, заврши биохемиски. Тргна некако бетата ама никако до срцева акција. Втора бременост, пак природно забременив, го изгубив во четврти месец. Чистење, киретажи, плачење, болка…се. Трета бременост, преку прв ивф циклус, една бластоциста на 5ти ден, заврши биохемиски со бета хцг 30 колку да му се израдувам на домашниот тест на урина, и толку. Пак плачки. Четврт обид, второ инвито, две бластоцисти на 5ти ден, а бета треба да мерам утре…т.е денес и неможам да заспијам. Немам голема надеж зошто вчера правев тест на урина и ееееедваај е бледа линијата.
Добро утро! Прашањето е за женските што правеле хистероскопија и им земале биопсија од ендометриум. Што се испитува со биопсијата? Не мислам на ЕРА тест, ниту кога се вадат полипи, ни септуми или субсептуми. Туку, биопсија и се испитува што?
Биопсија или брис од ендометрум ако е едно мене ми испитуваа евентуални инфекции, и кај мене имаше две бактерии и покачени леукоцити, ги лечевме со два јаки антибиотици наеднаш и на контрола ги немаше. После ова успешен трансфер имав трета мајка.
Imas napraveno test za trombofilija I mutacii? Ako nemas napravi da ne treba clexsane da primas... napravi si ispotuvanja. Pogledni niz temata ima mnogu korisni soveti I iskustva. A za tekovnoto napravi beta. So srekja
При спонтани треба да видиш да не имаш некој вид на тромбофилија...ама ако си со ивф генерално на сите им даваат келксани и аспирин кој би требало да те покријат барем до 12-13 недела кога е најкритично. А за биохемиските е проблемот во хромозомските абнормалности, така да..можете кариотип да си проверите со партнерот или ПГТ на ембриони ако одите со ИВФ, за да го намалите ризикот. Може сега ќе имаш јака бета , нема да треба да правиш ништо Со среќа
Па не ми спомнаа за брис само евентуална биопсија, во Плодност ќе правам. Разговараме за дијагностичка хистеро, а биопсија ми кажаа евентуално зависи што ќе најдат. Може да побарам и за брис. Читав во некои постари постови, како правевте? Ви земаат брис и сами си го носевте на микро? Јас имав 3 трансфери на 5 бласто на спонтани циклуси зашто имам редовни овулации, со машки фактор. Од нив 2 пати имав имплантации, без формирање на ембрион, а последниот ЕТ ниту имплантација. И сега сум во дилема каков наод би добила од биопсија, на патологија ли го испитуваат примерокот и што терапија се дава? Еве , кај тебе имало бакт.инфекција си примила антибиотик. И така, се замарам....
Девојки, дали некоја правела сега брзо трансфер во Њуборн на приватно и со долг протокол? Колку кошта терапијата отприлика? Со среќа на сите во процедура