За њуборн не би знаела ама за плодност др таше работи секој ден и во недела ,и ако треба да те види на ехо на пример на 2 ден од циклус и тоа е недела нема проблем а и тоа баш мн значи .Тоа ми остави впечаток посебно заради тоа што посветени се во работата.позз секое добро ти посакувам среќа
Девојки, ова со датумиве јас пак можеби здосадив веќе Циклусот сега, според последниот циклус јануарски, требаше да ми дојде околу 16 февруари... а 14 ден од трансфер му доаѓа на 23 февруари. Досега не добив. Денес ми е 10ти ден од трансфер... Една комшика ми вика а штом не доби ти тоа е... досега сите 3 претходни трансфери ми се поклопуваше датумот за добивање со датумот за бета.... ова ми е ново вака сега различен датум за добивање да имам и за бета. Бидејќи believe it or not мене трансфер ми направија на 25 ден од циклус, со долг протокол. Ако верувате еве шашма сум со датумиве дали требаше сепак да добијам на денот за добивање ако не е фатено, дали не требаше... шашма Слично искуство вакво некоја ?
па или си трудна или не добиваш зашто примаш прогестерон и естрофем можда, тоа го одложува циклусот. Најубаво дека е недела, купи си тест од аптека ако си нестрплива или утре сабајле бета види и ќе знаеш со сигурност.
Мислам дека датите со циклусот не треба да ги мешаш со овие дати. Треба да сметаш од трансфер. Така и кажуваат, 14 дена по трансфер правиш тест.
Ја тука да ви се испожалам, зашто збеснав. После неуспешен ФЕТ, со др.Таше преку вибер пораки се договаравме чим добијам мензис да му се јавам и да ми закаже хистероскопија. Од петок навака не можам да го добијам. На пораки не одговара, не се јавува на тел, и само еднаш ми крена ми вика во гужва сум ќе ти се јавам и го нема. А, хистеро не се прави било кој ден од циклус...и останав во воздух да висам во неизвесност. Ми се скрши филмот ептен.
Девојки дали некој имал ( spotting) и на бришење малку крв за време на стимулации? Ова ми се случува прв пат. Утре сум на преглед, но дали денес да превземам нешто?
Не се нервирај, се решава се. Не знаеш што се случува таму или можеби нему. Сепак и докторите се луѓе.
Утре ќе правам бета па нека биде Дај Боже се ок па ќе ви пишам детали што како од почеток на терапија па се'. Фала ви на сите за позитив вајбс ❤️