И јас имав една биохемиска, после таа имам успешен трансвер. Иако имавме уреден кариотип и јас и сопругот, сепак самите ембриони биле со некакви абнормалности, така да, ако сакаш можеш да испиташ кариотип или Пгт на ембриони. Пгт е доста скапо јас лично го немам правено. Иако не значи ако имаш една биохемиска, дека пак ќе имаш. Доста вообичаено е за тие со ивф.
ти благодарам мила за убавото објаснување, да не постоеше форумов неука би била хмм... Ова ми е 5то ифв и прв трансфер(за греота) сакав да се информирам и превземам се што е во моја моќ
Баш ми е жал што си прошла низ толку маки за еден трансвер. Имај надеж за и не се откажувај. Ти посакувам успех нареден пат.
Јас имав познаник кој раб во Фондот во мојот град, ми рече дека по поднесување на документите раб имам само со централата на Фондот и ме советуваше да покдам директно таму. На портирница ме поврзаа со жената задолжена за БПО и ми кажа дека мојот случај е на распоред наредната недела. И вистина 2 недели после тоа добив писмо. Така да или звони или појди прашај си.
Јас чекам од ноември,дополнителни пратив пред нова година.Само им се јавувам или никој не крева или кога ќе кренат велат не ти се разгледани документите.Дополнителните ги пратив по пошта препорачано писмо.Се мислам сега можно ли е да не е стигнато писмото или е забутено во некоја фиока.Во оваа наша држава ништо не ме чуди.
Нели потврдата стасува на адреса па после со потврдата се оди во пошта да се земе. Ако не се преземе за 7 дена се враќа писмото
Незнам,од пошта само ми дадоа едно картонче,кога го пратив.А и претходниот пат кога праќав исто беше ништо не ми стаса дома.
Здраво по подолго време, подршка за сите вас, и да успеете најбргу да си се остварите како мајки. јас веќе имам едно детенце од второ ивф, сега сум во постапка за второ дете. Правев пункција во понеделникот ми беа извадени 4 јајце клетки но само 2 беа оплодени. Првата ден ми јавиа дека се уште ги следат ембрионите дека дотогас немало развиено ни едно. Денес втор ден ми се јави докторот за да ми објасни дека многу слабо се развиваат и двата ембриона и дека ќе ги следи до утре, но ако се со слаб квалитет како досега ми предлага воопшто да не ги враќаме назад. дали имало случај кај некој од вас да се случи „чудо“ да почнат со делење и да продолжи со трансфер? утре ми е трета ден од пункција.
Se javiv sega , bile stignati so razgleduvanje na dokumenti do 15Januari ... sekoja nedella imalo komisija ...