моја познаничка имаше невиден проблем со естрофемот. му кажа на докторот и ги смени со некој спреј бидејќи воопшто не го поднесуваше. со нагони на повраќање беше
Kje si gi podignes od kade sto si se bockala i kje im kazes deka ti se za vo fond kje ti stavat pecat. Jas gi zemav od klinicka biohemija i od Gag.
Јас такви однесов и немав проблем, ми беше одобрен ваучерот. Значи испечатени од кај матичен. Сега системот така функционира и сите знаат за тоа.
Дечки бета денеска 0. Добив веднаш откако ги видов резултатите. Малку одмор за организмот па одиме понатака. Имам уште две бластоцисти за трансфер. Сакав да прашам, вие што имате правено трансфер на замрзнати, се е исто во процедурата за ваучер за Фондот? И дали после вакви рез по трансфер (12 ден пост ЕТ, хцг 18 а 16 ден, 0) дали имате нешто дополнително испитувано? Во смисла имало нешто ама не е бременост. Од искуство и што мислите.
Lady те разбирам како ти е ,поминав двапати низ истото и јас сега барам што треба да се испита и да се направи за да има имплантација. Сега за наредното инвитро што ќе го правиме на природен циклус избрав нов доктор, првите две кај ист доктор сега трета среќа. Верувам дека Господ е голем и дека еден ден и ние ќе сме мајки. Секое добро доколку дознаеш нешто те молам сподели го
И јас истото го поминав два пати. Дополнителни испитвања докторот не ми рече мене,само ми спомна скречинг на ендометриум пред следен трансфер. Но сепак сакам и дополнително да испитам мутации и нз др шо. Вас шо ви предложија да испитате?
Жал ми многу за негативниот резултат. Верувам дека ќе биде нареден пат, само треба трпение и упорност и да не се откажуваме. Сега дај си малку одмор и собери сила и енергија. Јас после тој период сакав да се изолирам од сите и отидовме малку на шетање, сменивме околина и мислам дека тоа многу ми помогна. Супер е што имаш уште бластоцисти за трансфер. Тие ќе бидат вистинските Инаку, за процедурата за ваучер (трансфер на замрзнати ембриони) се е исто како и претходниот пат. Јас после неуспешниот трансфер не сум правела дополнителни испитувања. Сега се спремам пак за трансфер и испитував брисеви, пап, хормони. Од хормоните битни се TSH (да биде помало од 1.6), пролактин, естрадиол и прогестерон. Сега ќе испитам и витамин Д, гледам дека тука членките и тоа го проверуваат, па ќе го испитам и тоа. Од витамини пијам метилфолати (заради мутациите), B12, B6. Друго не би знаела што да те советувам, ова е тоа јас што направив. Мислам дека најбитно е да сме релаксирани и без стресови (што е доста тешко со овој процес) ама да дадеме се од себе и верувам дека ќе биде. Ти посакувам среќа и успех наредниот пат
За тие што не им де инплантираат ембриончињата, опција е ера тест. Во Турција ивф клиниките ја прават на сите жени после 3 неуспешни инплантации. Кај нас дознав многу скоро дека само во Плодност ја има. Колку што читав, тој инплантациски прозорец кај сите е различен. Еве еден пример што го видов на фб за таков случај.
За нив сигурно, може и другите прават, не би знаела. Овие имаат и на веб сајтот објаснување кај кого се прави и тн.
Многу ми е жал, ама ете добро е што имате замрзнати. Не знам да ти одговорам затоа што немам искуство, ти гушкам и ти држам среќа ❤️
Ај сега да ве прашам, затоа што и ние сме со идиопатски стерилитет, правевте ли дополнителни испитување (освен потребните за ваучер) пред да се почне со IVF? Докторот вика дека нема потреба, ама да ве прашам и вас за искуства. Исто така, кога се започнува процедура за IVF кога се проверуваат хормоните? Откако ќе почне протоколот? Докторот сѐ уште не знае со кој протокол ќе одиме, најверојатно краток, ми рече да се видиме пред да ми почне циклусот за да одреди дали ќе биде од прв или втор-трет ден.
Јас веќе имав испитано мутации ,од форумот научив дека е добро да се испитаат ,и пред третово ИВ ги направив на ГАК 2200 денари платив. Скречинг се прави после пункција ,каква постапка е и колку пари е? Кај кој доктор си?