Inaku jas vo new born sun kaj dr hadzi lega i ko ti go davaat izvestsjot kazuvaat neli deka imat vrateni so dobar kvalitet embrioncinja a ne kazuvat kolku e procent uspeshost ,no mislam deka toa e i bozja sila
Јас денеска напнав ве молам да прашам за документите нели треба два спермограми од кои едниот да не е пред повеќе од една година ? Зошто едниот ни е направен на 22.02.2022 Последниов на 09.02.2023, би ми ги признале во фондот или треба двата да се истата година
Само последниот треба да е не постар од 1 година. Ние вториот пат само еден направивме за да биде валиден, другите беа постари од една година
Исто и јас, и мене ми е прво, мислам дека не може да ти кажат процент затоа што не знаат… или ќе биде или не
Да ве прашам сте примале ли тевагастрим по трасфер? Терапијава ко шок ми дојде... за што се примаат инекцииве?
Поддршка за имунитет, анти-инфламаторно дејство. Скапи се знам…нивна иницијална намена е зголемување на бели крвни клетки
Јас исто ги примав после 2 трансфери, ми кажа д-р Митко за подобра имплантација, ама никогаш не дојде ни до зачнување. За нареден пат би ги прескокнала, многу инванзивни методи користат во систина за разлика од на пример Германија каде што само прогестерон ти даваат после трансфер.
Мораш да исфрлиш рафинирани шеќери и јаглехидрати, да имаш секојдневевен внес на антиоксиданси (црвени свежи овошја: малина, капина, аронија, не ги заборавај и јаболката), наместо бел леб јади си тонус... За конкретен план изгуглај сигурно има некоја диета за да имаш идеи за храна.
На страната на ФЗОМ види ги документите потребни за БПО, последниот не треба да е постар од 1 год само.
Само последниот да не е постар од една година така пишува и на правилникот не мора да се и двата во иста година
Девојки мојот трансфер неуспешен повторно, бета 0 трет трансфер без имплантација. Има ли некоја со слично искуство што подоцна и успеало? Не знам кај да терам од овде.
Иста е ситуацијата и во Словенија, ништо не даваат после трансфер освен кринон гел и естрофем доколку трансферот е контролиран. Аспирин не даваат (не ни можеш на своја рака да земеш, ти треба рецепт, не го даваат само така во аптека), камоли клексани, интралипиди или некои експериментални чуда од типот на гореспоменатата инекција што ја препишуваат да се прима еднаш на два дена. Па еве годинава слават успешни 40 години ин витро оплодување во државата и 39 години од раѓањето на првиот близначки пар. На годишно ниво 5% од бебињата што се раѓаат се со ин витро. Плус постапките се водат во рамки на Универзитетски клинички центри и ги водат доктори што се инаку и доктори на науки и професори. Вакви некои терапии од кои боли глава од сумите, а за истите нема ни една релевантна студија за успешност, само во Македонија и во Чешка ги даваат, држави каде ин витрото е тип на бизнис. Ама не, дај да ги распнеме докторите кај нас дека немаат појма што се водат по препораки на европски центри и не даваат безпотребна терапија што кошта ѓавол и пол. Едит: се спомнува често и Турција, која инаку има многу напредна медицина. Таму исто терапијата после трансфер е естрофем, прогестерон и фолна киселина, ништо повеќе, со еден исклучок што препорачуваат пгд испитување на ембрионите претходно и враќаат само еуплоидни ембриони. Наместо фрлање пари на скапи терапии пост трансфер што нема да помогнат доколку ембрионот не поминал дијагностика, може не би било лошо нашиве доктори да се заложат за тоа да се воведе пгд тестирање по болниците и во тоа да се инвестира и да се нуди како опција, отколку прескапи терапии од кои никоја не гарантира имплантација и успешна бременост.
Здраво, сопругот во петок треба да прави спермограм на клиника, дали треба да носи извештај за хив или не? Прашав и во групата "спермограм" ама нема одговор а знам дека доста членки чекаат ваучер па може ќе ми помогнат