Здраво девојки 4 инеминации , 7 трансфери ( две биохемиски , другите ништо ) . Денес 11 ден од трансфер , само што ги направив овие два тест . Па очи свој не веруваат . Дали се во ред ?
На мм не му бараа, а гледам две членки тука веќе пишале дека треба. Нека понесе ако имаш, и те молам пиши после дали му барале зошто мм два пати има правено спрмограм на ГАК и Систина никој му нема побарано, па некако сум љубопитна.
здраво во понеделникот правев пункција денеска ми се јавија за утре трансфер значи тоа е 3 ден од пункција дали нешто значи ова оти јас како што знам трансферот е на 5 ден иначе во плодност ги правам ифв..
Мене ми ја препишаа таа терапија, јас ја одбив. Не постојат цврсти медицински докази дека помага. Во Швајцарија после трансфер даваат само прогестерон и евентуално естрофем, ако е тенок ендометриум и фолна и толку. Кај нас премногу бизнис има за жал. Не мора да го прифатиш моето мислење, јас сум можеби директна, ама се претера кај нас со агресивни терапии, посебно Митко
Може да е така според пишувањава тука низ форумов. Но јас сум со скриен шеќер на граница, инсулинот ми е добар, па немам лично искуство со ИР и немам точна информација во врска со овулации при ИР. Има и тема во подфорумов, ѕирни ја за повеќе одговори и искуства.
@Bebce ❤️❤️❤️ @Lady Miami а дали се наплаќаат консултации кога закажувате? Како пристапувате кон докторите незнам немам искуство ниту имам познатство кај некој доктор. Кога го добиете ваучерот значи закажувате терминче и одите на разговор ? Отприлика гледам дека добри мислења се споделуваат за Трајковски ,Лазаревски итн ако сакам кај нив нсјверојатно неколку месеци се чека за термин или како? Јас едвај чекам да поднесеме планирам и врски да фаќам за побрзо да одобрат и да се фатиме за работа. Проблем кај мене е што немам јајоводи ми ги извадија зашто останував вонматерично бремена.
Ako primas dekortin ili dr vid na kortiko, moze da ti e dekortinot. Ili ednostavno od vozbuda da ti e. Gledaj da se smiris
Се сложувам дека треба да се види што и зошто се дава и за свое тело секој си одговара. И никој доктор не е Господ па да му верувам 100 % но условите на живеење во една земја ги диктираат проблемите на населението и основните протоколи за лечење. Зошто инциденцата на очекуваните рез тука и таму не е иста зошто истите луѓе живеат во сосема различни средини. Ако се вика Германија или Швајцарија тогаш не значи дека се што се спроведува таму треба и тука и е 100 % вистина.
Мислам дека те читав тогаш кога собираше док. Кај мене беше следно: уште пред ваучерот си бев на консултација и ми даде упати за дополнителни проверки, па правев инсеминации. Првиот пат кога ме гледаше на ехо ми го наплатија, после тоа не. Ако сакаш да ја испиташ првин ситуацијата, јави се и закажи термин за консултација. Да ти ги разгледа док документите и да ти каже што како ке следи од терапија а речи дека би сакала од нареден циклус да почнеш и ке се дог дали ке се најавиваш кај сестрата и кој ден од циклус да дојдеш. Зошто првиот пат ке си закажеш термин, ама тој може ке на 15ти ден од циклус, а ти со терапијата почнуваш од 2-3 ти ден. Значи нема тоа да биде веднаш. Моето беше со долг протокол, и првиот месец пиев микрогинон, па после добивање- стимулации и фактички околу 45 дена после почнување со микрогинон ми беше пункцијата. Ова како пример ти кажувам за да знаеш што да очекуваш, но секој случај е различен. Ако не си сигурба со докторот, речи му за консултации сум, да знам што да очекувам. Па види се и со друг. Ако не те гледа на ехо нема да ти наплати. Барем кај мене беше така. Се надевам помогнав.