Џабе овде дебатираме драга, најарно и' е директ да праша. Тоа што нам ни е логично, не значи дека е во законот и правилникот. Евентуално да го прегледа законот за БПО и правилникот. Во некое од нив мора да е точно дефинирано. Јас сметам дека само за колектирање на ј.к. не може да се искористи ваучерот. Затоа што ваучерот е за ин витро. Значи треба и женски и машки материјал да има, кој потоа ќе се оплодува и трансферира. Дали мажот денес или за 5 дена ќе остави сперма, ако е спречен, сепак остава сперма. Дали ќе искористиш ваучер за трансфер, сепак дошло до оплодување, значи имало и машки и женски материјал, инаку ќе нема што да се трансферира. Врти сучи за секоја од овие опции треба и ј.к. и сперма да има, двете, а не само едното.
Друго и беше поентата на членката . И логично повеќе ми оди на нејзиното објаснување реално . А за сигурно веќе и таа ти кажа и самата си знаеш да прашаш таму каде што треба и ќе си добиеш инфо . Моја пријателка на мој предлог размисли за опцијава оти и таа нема партнер а сака еден ден да се оствари како мајка па замрзна јк во Њуборн . Она си плати и стимулација и пункција и мрзнење.
И јас мислев да земам, ама некако убаво ми дојде да мислам на работа а не на процесот. Си земав неколку дена одмор од пункција до трансфер. Инаку мојот матичен гинеколог ми рече ако сакам може по некоја др основа. Бидејќи по трансфер ти следува боледување, нема да можеш да врзеш едно по друго.. евентуално од општ матичен да земеш првин по некоја др основа па после од гинеколог за трансферот. Ама да го консултираш општиот матичен најубаво, зошто тие најмногу ги следат овие процедури а и треба да сака да ти даде боледување.
Да, но кога поднесуваш, стојат и податоци за партнер. Кај деловна жена мислам дека имаше и друга документација. Едноставно тоа се условите за ваучер пропишани во Правилникот. Ние можеме да мислиме поинаку. Ама најубаво да се праша во Фонд.
Работата е што како што веќе реков работава не ми е баш нормална а зошто не може од м.гинеколог и другото да се спојат? А после пункција обавезно ако треба и отказ давам
Ме ставивте на мисла Ваучерот е во суштина "остварување на правото за биомедицинско потпомогнато оплодување на товар на средствата на Фонд за здравствено осигурување на Македонија". Клучниот збор е 'оплодување'. А за тоа треба и ј.к. и сперма. Живо ме интересира која им е процедурата во овакви ситуации.
Матичен лекар може да ти даде боледување во период од две недели. Се подолго од тоа мора да оди на комисија за да ти го продолжи боледувањето. Значи не можеш да споиш едно по друго две боледувања по иста основа. Бидејќи матичните лекари, општи и гинеколози исто ги чешла инспекција и они се штитат и мислам дека нема да сакаат да ти дадат. Зошто знам и за случаи кога некој ке го пријави работникот или лекарот дека неоправдано дава боледување. Значи консултирај се со општ матичен, и види дали може да ти даде неколку дена боледување, неколку дена одмор да земеш до трансфер а после трансферот ти следува две недели до тест.
Ваучер за да замрзне јајце клетки не следува во смисла понатаму да ги искористи кога ќе си најде партнер ова ми е инфо од фонд. За со донација на сперма не сум запознаена.
Јас нарачувам 60/70 долари освен за транспорт со локал пост друго нисто не плаќам. Вчера ми стигна пратка пд 74 долари. Какво ддв?
Здраво што мислите скречинг или ера испитување е подобро. Имам танок ендометриум, и занекој ден ке почнам со боцкање.3 инв
Женски, чекањево ме убива… имав трансфер на 25.03.2023 (3.ICSI) … а на 28.03 се боцнав со хцг… знам дека се има симптоми од инекцијата и не сакам да тестирам бидејќи може да е лажно позитивен. А симптоми имам премногу, градите, грбот и многу имам менструални болки … главата ми е трговски центар… де плачам, де се смеам… а тест преку крв дури на 11.04 … дајте некој совет … кога да направам тест, дали воопшто да направам или да чекам до 12.04. Се разликуваат ли симптомите од инекцијата или се исти со тие на бременост. Фала женски и ви посакувам на сите две цртички кои чекате
Ако ептен не можеш да работиш, кажи на општ дека си многу болна, ќе ти даде барем 1 недела, па после пауза од 2 дена , пак може да ти отвори општата. А гино може 2 недели после трансвер макс. За повеќе на комисија. А инаку јас бев многу физички активна за време на стимулации, само при крај, 2 дена пред пункција, веќе докторот ми забрани на маратон да трчам заради можна торзија на јајници. Сепак како се осеќаш така, секој е различен. Со лесно.
Мојот трансвер беше на 26.3,направив тест во сабота ми излезе позитивен ама јас не примив стоп инекција.Бета планирам среда - четврток.
имаш некоја грешка во датумиве изгледа... сеедно, моја препорака, најди си занимација. Прерано е. било што што ти го окупира умот, и чај од маточина можеш да пиеш. Опуштено само, симптомите се многу индивидуални, почекај за да не си создаваш стресови. Да видиш две цртки наредната недела.
Не знам колку време истанува хцг во организмот… 10 дена некаде имам читано (зависело од тежина) а колку е точно не знам. стоп инекцијата беше од 1500 ие.