Што ти вика докторот? Цело време крвариш? Да не била на почеток многу висока бетата? Јас би барала и други мислење, за да бидеш сигурна што се случува.
Ме прегледаа едно 4-5 доктори, бетата три пати веќе ми оди надоле па нагоре и всушност моментално е повисока од моментот кога почнав да крварам, ама не доволно висока за да можат да видат нешто со екографија.Почнав со нормални големини на бета, дури и мислев дека е ниска вредноста. Инсче сите викаат дека не е нормално ова, а никој не ми дава ни терапија ни ми кажува конкретно што се случува. Само, ај направи пак тест да видиме што се случува.
Eve ti slikicka. Miocystin Fertile, gi ima vo site podobro snabdeni apteki. So dva vida na inositol se, kaj mene dadoa dobar efekt, okolu 600 den si kutija
Знам дена не треба да барам симтоми, 9 ден од ФЕТ, ама сами се појавија. Имам менструални болки како пред добивање и таман ми е денот да добијам. Имал некој позитивен тест со вакви симптоми? Чекањево исцрпувачки....
Добар ден дами мои ❤️ Пред се среќни празници ✝️ Нова сум Мојата приказна е јас сум со еднорога матка и полицисрични јајници а имаме и слаб спермограм исто така испитано мутации дадено терапија за клексан од кој не е започнат сеуште од лани !! Правев 2 инсеминации на Гак во ск неуспешни беа само со комифен и после интервенција само на метофолат !!! Е сега бидејќи не ми се чекаат уште 2 инсеминации а 3 различни доктори ми кажаа дека сум одма за инв ,сега сум на приватно во процедура на оплодување Моментално сум на 13 апче Крипинео и вчера ми покажа флека што на тоа докторот ми кажа се случува кај многу жени од самата терапија ,но еве денес на секое мочање има крв изгледа ќе се прекине терапијата а на 18ти Вторник треба да одма на преглед за да ми препише и каже за инекции колку и какви !! Сега ме интересира дали и се случило на друга члека да прокрвари и да се стопира терапијата и што се случува понатаму ???? Извинете на долгиот пост убав ден на сите ❤️❤️ Иначе постапката е кај Др.Стојан Оргаџиски дали има и некоја друга со мене во исто момент па заедно да исчекуваме
Не аплицираше за ваучер? Јас разбирам дека докторите ти рекле дека може да аплицираш и со 2 инсеминации да ти одобрат за ваучер, или погрешно разбрав?
Не душо морало 4ри да бидат за да аплицирам ..и ние одлучивме да пробаме на приватно искрено 5 год се мачиме
епа затоа и одам сега на приватно како је тако је многу позиривно се осеќам и мислам ќе биде се добро
Бев на две клиники, ме прегледаа 4-5 гинеколози и сите исто затоа мислев ако има некоја со слично искуство да знам барем што се случува колку ќе трае
Јас не се разбирам многу од вонматерична бременост, додуша ни од никаква нажалост, и не ме земај здраво за готово, однапред се извинувам можда ќе е глупост напишаното, ама да не не е добро отстранет плодот, да не има останато нешто. Всушност ти и не пиша дали си имала интервенција.
Има да, работата е што се исти симптомите и за позитивен тест. Направи си бета за некој ден и така најточно ќе знаеш. Кај секоја е различно.
Не е отстранет воопшто дњка не знаат каде е, не можат да го видат Не стигнав до прво ехо, не стигнав до 1000 бета, ама важно ми рекоа ако имам грчеви да не можам да дишам, да трчам на ургентно дека можда имам внатрешно крварење
Пиши во групата вонматерична бременостн на форумов, таму имаат искуство повеќе или се соочиле со вакво нешто. Со лесно да поминеш.
Ради тоа и ти пишав мила чудно ми беше како те оставиле со вонматерична, од читање по форумиве знам дека е опасно, ама ете значи си предупредени. Пак сфати ме со резерва, ако се сигурни дека е вонматерична а не можат да видат кај е, прашај дали може со оние таблетине да се заврши работа, некоја поискусна нека каже како се викаат, знам имаше членки што со такви завршувале работа,нешто блокатори на прогестерон се, ама ВО КОНСУЛТАЦИЈА СО ДОКТОР никако сама. Силно те мила.