fala ti Lori-30.Sto moze da si posakame osven toa da postaneme majki i da bideme srekni,da rastat pokraj nas a nie srekno da si stareeme...
леле јас многу се изнервирав, ми рекоа дека до пред изборите од фондот ги одобрувале сите барања, дури и оние со непотполни документи, а по изборите враќале се живо, и да ти се сите документи наоѓале нешто да бараат, еве мене ми бараа 3 или 4 д, а имав ХСГ, a пишува убаво или тоа или тоа... ама бев во ремедика да го направам и тоа за да ги комплетирам, и таму повеќе ме разочараа кога ми рекоа дека летото не е препорачливо да се прави инвитро, помал бил процентот на успешност, подобро било кога е поладно, сега факале и одморите, да сум почекала наесен.. Ми дадоа надеж дека ако стаса ваучерот за 10 дена може и ќе почнеме овој месец, ако не е премногу жешко, ако го испуштам овој месец дури наесен.. одам во фондот за го доставам она што фали и ми викаат комисијата нема да се состанува 1 до 2 недели поради поплавите... мислам молам? Во Скопје врнеше 15 минути па се се откажува, во Србија имаше вода до 2 спрат па треба да не работат 2 години?! Незнам што да кажам, државата ние хаос, сега миостанува да се надевам дека сепак ке го добијам ваучерот за 10тина дена за да почнам од 21 ден со стимулација, стварно несакам да го испуштам летото... Се извинувам за долгиот пост ама морав да се издушам некому
Волосебна не се разочарувај, ако треба почекај и до септември ама барем ке го направис инвитрото смирена, не се форсирај, знам дека е теско, ама во таква немоќна дрзава нисто не мозес! ти посакувам сто побргу да го добиес ваучерот, а во случај да не стигне на време, одете си на одмор , опустете се, па мозеби и природно ќе си забременис! од се срце ти го посакувам тоа! а они стом враќаат, немој да бидес изненадена ако следниот пат ти казат несто друго и пак те вратат! обесхрабрувачки е знам, ама сите знаеме сто дрзава е, значи пред избори се правеле, а сега веќе победиле , па не е вазно! зал ми сто трпис таква тортура, ама не се предавај, упорните победуваат, ајде ќе успееме сите еден ден! биди само опустена, а кога ке почне постапката, тогас се брзо врви! Јас ја заврсив постапката , сега чекам резултат и се некако се пласам дали ќе успее, ама сто е до мене се направив, другото е во бозји раце! Поздрав и се најубаво, па известувај
Девојки, дали некој знае или има искуство со ваков проблем: кај двајцата партнери се е ок, сите наоди се добри и не е дијагностициран проблем за неможност за природно зачнување ( а веќе неколку години не може да се постигне бременост). Сум слушнала дека тоа се вика идиопатски стерилитет. Ама не ми е јасно што тоа значи понатаму, се пробува инсеминација, се оди на инвитро? И дали во ваков случај се добива ваучер од фондот?
во вакви случаеви мора да се направат 4 инсеминации после тоа ти следува ваучер за инвитро, значи на сите што ќе имаат 4 неуспешни инсеминации им даваат ваучер
Девојки денес ми е 6ти ден од трансфер, сите денови лезев, не излегов од дома иако теско се издрзува, ама денес нагло ми се издува стомаков, сигурна сум дека не ми е од храна, се прасувам дали тоа е добро или не?! да не знае nekoja od vas? dali taka treba da bide ili....? samo da uspee
Мислиш ти се надува стомакот? Нормално е, и мене стомакот ми беше надуен ептен и др ми рече дека тоа се јајниците од хормоналните стимулациите и стварно кога бев на ехо јајниците полни со цисти и да не претерам ама дупла големина од нивната вообичаена. Но, ако дојде до претерано дуење на стомакот, советувај се со докторот одма, зошто овде на форумот имам читано за хипер стимулација кај која што треба да се реагира.
уф, душо, јас го имам истиот проблем, и кај мене и кај маж ми е се во ред, ама баш се, и дури лекарите неможат да се изначудат како 3 год не успевам да останам бремена, ги правев сите ама баш сите испитувања, и ХСГ, и хормонски испитувања, и брисеви, пап тест, и направив 4 инсеминации, кои за жал покрај добриот ендометриум и големите фоликули кои ги добив со стимулација со кломифен не беа успешни.. и сега чекам ваучер од фондот за инвитро.. ама си играат мајтап ми бараат непотребни испитувања, кои не се наведени како задолжителни во барањата.. ги доставив и нив и сега чекам... ти советувам да си започнеш што побргу со инсеминациите, затоа што се влечат околу една година, една, па пауза од 1-2 месеци, па до четврта, ке помине година, ајде се надевам дека кај тебе ке биде успешна инсеминацијата и нема да имаш потреба за инвитро, поздрав
Мила, јас направив веќе ин витро, си имавме ние проблемче (слаб спермограм), фала богу успеавме од прва и сега сум веќе 22 недела со близнаци! Ти посакувам и тебе прв и успешен инвитро процес и да престанат сите маки до сега што си ги поминала. Јас прашував за блиска пријателка, они имаат проблем...уствари немаат ама бебе нема, фала на одговорот ќе им пренесам за да почнат со време со процедурата, зошто стварно на инсеминациите многу време се губи, а сите ние сакаме што побрзо да го видиме резултатот. А за ваучерот не се секирај, ќе го добиеш...баш читав дека си пишала дека после изборите немале да даваат ама еве да ти кажам на една девојка деновиве и го дадоа.
Девојки да ве замолам сакам да почнам да ги средувам документите за следното ин витро е сега доста од документите ми останаа во фондот ( кога ги поднесував за прослото инвитро како Хсг снимките венцаница итн) е сега прашањето ми е дали треба да одам во фондот и да си ги побарам таму или они ги испракаат на домашна адреса ? и дали можам сите испитувања овој пат да ги направам на приватна клиника за да не се малтретирам и да трчкам матичен па државна или мора така ? ви благодарам многу
Здраво драги феминки ајде и јас да се пријавам да се дружам со вас и јас ќе правам 2 ивф кај др . Петановски во Ремедика денеска ми е 2 ден од боцкањето со супрефактот. Ќе се боцкам еден ден во една рака ,па во другата рака , па во стомак.Воедно скаам да ве прашам нешто они кои се поискусни примам терапија примогал сируп и ампули алмацин бидејќи кашлам ,па сакам да прашам некој доколку знае дали е штетна оваа терапија на боцкањето на супрефактот.На сите кои сме во постапка на ивф поскаувам овај пат да биде успешна да има многу бремености со многу бебиња.
Нана, Ани И Волсебна, и сите останати кои сте на темава...ви посакувам овој пат да успеете, бидете трпеливи и упорни, ко сто сум и јас, па Господ сигурно ќе не награди со бебуси! Сакам да ви порачам да не се пласите од боцкањето,не боли и нисто страсно не е, само мислете позитивно и ќе дојдеме сите еден ден до резултатот! Јас усте неколку дена ке го дознаам исходот од ова инвитро, се надевам на позитивно, па со Господ напред! Бидете опустени, и ако првото инвитро ви било неуспесно , прасајте го докторот да примените овој пат друга терапија! мене резултатот ми е далеку подобар одколку на претходните две инвитра, ама сега сум кај друг докор и друга терапија! Микрогинон, Гонал, Цетроиде и на крај Прегнил! Целата постапка ми траесе 1 месец и 16 дена, од првата таблета до трансферот! Среќно на сите
Среќно и на тебе Лори и ти посакувам веќе од овој месец да се дружиме во труднички муабети Многу среќа на сите!
ајде Лори, завлечи нога!!! многу сакам да ти успее овојпат, и тоа со близнаци! Јас го испуштив и овој месец, се уште не ми е одобрен ваучерот, а во понеделник ми е 21 денод циклус, така да неможам да почнам со боцкањето... Се надевам дека следниот месец ке почнеме со процедурата поздрав и чекам добри резултати од оние кои започнаа, јас овој период ќе го искористам за диета, да симнам некое кило
Незнам какви се семи за инвитро постојат но мојата е следнава: од кога добив видов дека не успеав и овој месец и утредента отидов на гинеколог да казам дека сакам инвитро! и Докторот ми рече дали сум спремна одма да почнеме, реков да, и ми даде Микрогинон, од трет ден од циклус почнав да ги пијам некаде 23 дена од прилика, престанав и за два дена добив, па два дена не требасе никаква терапија и третиот ден од циклус почнав со Гонал по 150 и после недела дена бев на контрола, и ми рече да продолзам и така усте 2-3дена! Потоа пâк контрола и ми рече да почнам со цетроиде 5 дена, потоа еден ден без нисто, следниот прегнил и утредента бесе пункцијата! Сите инекции маз ми ми ги давасе во стомак! И претходните инвитра ми беа со иста постапка , само друга терапија! Зосто е така како сто велис Волсебна незнам, веројатно постојат разни семи! ама сепак ако го добиес деновиве ваучерот оди и прасај дали мозе друг начин за терапија....мозеби мозес ко мене, така нема да чекас, сега стом добиес ке мозес одма да почнес! Опусти се и се ќе дојде со ред, имај само позитивна мисла во глава и ти и сите останати! Јас бдеам без никакви симптоми,градиве мали.... кој знае дали ке се израдувам Поздрав девојки и извинете ако ви досадив , ама лезејки дома немам сто да правам и само тука висам