Немам искуство со инвитро, друго ми е прашањето и поентата. Дали цело време испитуваш во иста лабораторија? Јас на клиничка кога испитував tsh еднаш 3.35, потоa 2.9 и во период од 1 месец испитав во приватна лабораторија и добив резултат 1.7. Повторно 1 месец после овој резултат на клиничка повторно 2.9. Заклучок, мене никогаш не ми бил под 2 изгледа. Извини што сум оф топик, само сакав да споделам искуство со испитувања во различни лаборатории.
Цело време на гинекологија правам хормони, од таа лабораторија ми варирале резултатите од 4.2 до 1.8. Во синлаб, периодот кога и на гинекологија ми беше висок тсх, таму излезе околу 5. Сега кога ми е нормален на ГАК, нормален и во синлаб. Во секој случај мислам дека се приближно точни резултатите. Ме буни тоа што без терапија тсх си се спушта и си се крева. Докторката не сака да ми уклучи терапија зашто биле нормални резултатите. А ја веќе 2 години никако да останам трудна. Сериозно некоја интуиција ми кажува дека е тироидната во прашање
Што ти беше на граница? Мене фсх ми е на граница. Мислев да ги повторам хормоните ама уште немам циклус.
Јас на ГАК испитував хормони и тсх ми беше 0.24, за 3 недели на клиничка биохемија тсх 2.58 без никаква терапија, бев на ендокринолог ми препиша олигогал и Елова, септември на контрола.
Ама тоа заедно со седиментација нели, тоа го бараат за ваучер, крвна слика со гликемија и седиментација
Не е баш дека мора, повеќе е твој избор и дали има кој да ти помогне со ставање. Нас доктор не обучи и сопругот секој ден ме боцкаше без проблем. Има и туториали на youtube за како се аплицира инекција муслулно
Klinika raboti do 16h mene inelcite mi se na vecer vo 20h... oni na nas ne obucija i celo vreme pravime kako treba neznam zosto e taka...I na YouTube gledavme i se
Денес бев кај Др. Трајковски на 4Д ехо, ништо не ми кажа зошто ми доцни, само ми кажа дека сум имала овулација, јајниците ок, само левиот малце послаб ми бил. Му кажав дека направив тест и негативен е, ми кажа да почекам неколку дена па да направам пак. Инаку за хормоните ми кажа да ги повторам ама на 5-ти ден од циклус. Е сега ми доцни 6-7 дена и му кажав чекам циклус за хсг, ми кажа нема потреба од хсг, и ми заокружи кои документи да ги доставам, незнам друго ништо не ми објасни, се брзаше, не беше нешто заинтересиран.
Мене не ми пишува кој период од денот да се боцка прогестеронот А и сестрите од која матичен гинеколог ми рекоа може во било кој период од денот
Да не се разочаруваш од докторот точно знае што прави. Има зошто така да постапил, само ние нетрпеливи сме и пола доктори станати сме . Со сила ништо неможе да се истера зошто нема да биде како што треба. Од лично мое искуство ти зборувам. Верувај му и на дедо боже и на докторот се ќе си дојде во ред. Под голем стрес си. Опушти се