Кај мене ништо не пишува, каде го пишува тоа? Или матичната пишува во извештајот? Мене ми пиша само дијагнозата на сопругот, и нешто доле неразбирливо на латиница.
Ооо јас не помислив на ова, мене ми е постар, ако знае некоја членка нека пише. Уште ова ми треба, да бараат нов, таа е датата на венчавка, тие ни се податоците.
duso kako sto razbrav si imala spontani, i jas imav eden ....dali od fzo ti pravat problem zosto imas veke ostvareno bremenost po priroden pat, no ti se slucil spontan, mene me plase za toa da ne odbijat
Јас фотокопирав се, и документи, и извод од венчаните, и л.карти. Знам дека документите оргиналот ги бараат, ама да си имам за мене копии.
Обавезно да имаш копии од оригиналите, за мене направив 3 копии. Во Систина ми рекоа кога ќе го активирам ваучерот да носам копија од цела медицинска документација што ја имам поднесено за ваучер.
Да, да, направив копии од се, уште утре од хормони и хсг, ако фсх ми е повисоко од минатиот пат ќе го дадам стариот хормонален статус.
Епа незнам, матичната и Трајковски ми кажаа без инсеминации, зависи од дијагнозата, јас немам ниту една остварена бременост, можеби за тоа, а нели тоа на извештаите си пишува исто, и зависи што дијагноза, и докторот за ин-витро одлучува колку инсеминации и дали воопшто ќе се прават.
Инсеминации не се потребни само во случај на апсолутна индикација за стерилитет: отстранети или запушени јајцеводи, тежок машки стерилитет како отсуство на семен материјал во ејакулатот (азооспермија), ендометриоза од тежок степен, повисока возраст на жената (40+), или ановулаторни циклуси. Во сите други случаи, вклучително и кај жени со низок АМХ, ФЗО има дискреција да побара накнадно да се достават. Докторот може во извештајот да даде препорака за ин витро без инсеминации, но за стекнување право на ваучер без инсеминации не одлучува тој, туку ФЗО, кој според сопствена проценка може дополнително да побара една, две, три или четири инсеминации. Ова ти го пишувам да бидеш спремна дека може да побараат доколку немате апсолутна индикација за ин витро. Доколку имате, немаш гајле. ХСГ не ми е јасно зашто Трајковски ти рекол да не правиш, освен кај азооспермија, во сите други случаи ХСГ е обавезен документ и без него ваучер не одобруваат. На страна фактот што никој доктор при здрав разум не би се нафатил да прави ин витро без да има слика од состојба на матка, канали и јајници, зашто на сите им е познат ризикот од компликации при потенцијално запушени јајцеводи или прегради/септуми во матка што сите не можат да ги видат на ехо, а можат да се покажат на рентген.