Kolku ubavaaa Vesttt Od srce ti posakuvam Lori najubava i najlesna bremenost da si imas... Gi pratev do sega site tvoi postovi... Bog neka te cuva i tebe i bebenceto i uzivaj sega kolku sto mozes poveke
Честииииииткиииииииииииииииии навистина редно беше, ме испорасплака, се потсетив на мојот позитивен тест после долго време...... ти ја посакувам најубавата, најлесната и најсреќната бременост, најубавото живо и здраво бебе и секако да бидеш најдобра мајка
е ваква сум кога прочитав дека лори е бремена и не, не се изненадив знаев дека овој пат ке биде успешно со добрамисла нека е лори не ке биде лошо да си побараш прогестерон превентивно да буцкаш или да земаш орално
Честитки Лори за бременоста да си имаш убави 9 месеци и да износиш убаво и храбро бебенце како тебе.Дај боже да и повлечеш нога и ние кои сме во постапка на ивф на сите да ни успее.
Девојки ви благодарам на сите од срце навистина сум песреќна , теско ми е да поверувам дека сум бремена, ама ете се случи и тоа чудо за мене и мислам оти редно бесе, чекав чекав се мачев и дочекав!!! Знам дека на темава има усте девојки сто се борат за добивање бебус, ама не очајувајте, ќе се израдувате и вие еден ден, секоја од нас има таков ден, еве јас сум ви пример, чекам три години и сто се не направив, ама ете се израдував и јас! Ви посакувам најбрзо две цртки и неизмерна радост!Ке успеете сите! Доколку има некоја потреба од совет во врска со инвитро, мозете секогас да ми писете, ќе бидам секогас тука за вас ко сто и вие бевте тука за мене, ми влевавте надез, сила да чекорам напред и сето тоа ептен ми значесе! Се надевам ке повлечам нога за сите, да се расчисти темава и да не постои повеке,сите да се преселиме вп труднички муабети,Ве поздравувам и се најубаво
ЧЕСТИТКИ Лори ,откако видов дека си започнала со ин витро постапа се уклучував само да видам дали има нешто ново кај тебе, оваа вест не ми го разубави само денот - ми ја разубави цела година Честитки уште еднаш и со лесно да си ја поминеш бременоста , уживај во секој миг
Многу ми е мило навистина И јас чекам резултат од инвитро до следната недела, и веќе ме фаќа страв од тестот, па секоја успешна приказна многу ми значи. Со лесно и со среќа за Лори и за сите што ги видоа своите две цртички
Дарси , само храбро и опустено, ќе успеес, ти ја посакувам сета среќа да се израдувас! само да ти казам не очекувај симптоми, јас немав никакви, само некои мали ко и секогас и кога отидов за крв бев убедена дека не сум, ама ете ми потврдија позитивност! јади здраво и лези колку сто мозес, јас две недели само три пати излегов и тоа на кратко без оденје, и избегнувај бањање, користи влазни марамици, ќе успеес ајде, еве ја ептен ќе завлечам нога за сите)) ако имас прасања слободно прасај ме со лична порака, детално ќе ти написам се сто те интересира! опустено и не му ја мисли много, ќе успеес сигурно
Лори, нека Божјата милост се излее врз тебе и твоето мало среќиче! Нека ти е со лесно, нека ти е со среќа, ти посакувам нај, нај, најубава бременост!
Лорииииии многу се израдував, сега отварам и ја читам убавата вест и солзи ми потекоа, многу се израдував за тебе, искрено, го заслужи тоа, ти посакувам да бидеш најсречната мајка на светот, чекањето и упорноста ти се исплати... Сега уживај во бременоста, и влечи нога!!! Уште еднаш честиткииииииии, да си овде би те прегрнала... Јас уште го чекам ваучерот од фондот, за неколку дена би требало да добијам, овој месец го испуштивме, се надевам дека од наредниот ќе започнеме, па при крајот на јули да направиме инвитро со среќа на другите што чекаат, сите да пишат убави вести како Лори
само да ви се пофалам дека денес конечно добив позитивен одговор од фондот, одобрен ни е ваучерот, сега треба да исконтактираме со некоја од клиниките за инвитро... За една недела го испуштивме овој месец, сега имаме 20тина дена, бидејки јас очекувам да добијам викеднов, па ке почнеме со постапката... Незнам што и како е понатаму, до поискусните, колку дена се стават инјекции, и дали мора да се стават во Скопје, или може и во другите градови? Само знам дека се започнува 21 ден од циклусот, друго ништо