Јас имам инсулинска резистенција која е некој вид на пред дијабетна состојба и имам гледано видеа за ова од него. Ако има некој искуство е добредојдено да сподели.
7дена терапија за стимулирање.денеска преглед еден фолекул 21мм,4фоликули по 14мм,енфометриум 9см ми ја зголемија терапијата и ми ја продолжија уште два дена.Петок пункција.Искуство некој дали ќе порасни уште некој и дали ендометриумот е нормален за 10ден од циклус
Јас се обратив кај докторот, 3000 денари е цената јас на телефон разговарав бидејќи не сум од Скопје. Исхраната ја добив за неколку дена, здрава исхрана е јас конкретно бев за хормонален дисбаланс и за постапка пред инвитро. Па се придржвам но искрена да бидам не сум многу принципелна
Пишав и погоре,цената е 3000 денари но јас конкретно бев за хормонален дисбаланс и постапка за пред ин витро. Но не сум принципелна
Преку web страната ли закажа? Има прво да уплатиш и после да кликнеш закажи консултација. Ваљда требс програма за здраво слабеење?
Да,ѕвонав на телефонот и се договарате за термин. Уплатив преку телефон, ќе ти ја каже сметката после часот. Супер и пријатен доктор за резултати кажав кога ќе бидам принципелна тогаш,вака си имам апетит
Јас ги ставив во документите, извештајот и хормони што сум испитувала последен пат од патофиза . Ако се фатат за ниското ТСХ да знаат дека сум под редовна терапија
Dobar nutricionist za podgotovka pred Ivf pa i drugi problematiki e Emilija Spasovska Mojsovska, programata e 2000den , hranata voopsto ne e teska stom mozev jas mozete i vie.
Во Систина имам приметено дека број на клетки и квалитет пишуваат само на 3 дневни ембриони, а за 5 дневните пишуваат само бластоциста.
Јас пак ќе кажам, се е до организмот, не е ниту до храна, ниту до ништо, тоа е мое мислење. Никогаш не сум држела диета, сум немала потреба, ама сум се придржувала на некој режим на исхрана, и пак ништо, ни леб јадев, благо па воопшто не ни сакам, само бев на овошје и салати, ефект само железото ми беше повисоко од претходната крвна слика, што ни тогаш не ми беше ниско, не сум имала проблем со железото, друг ефект не приметив. И читам и дебелината влијаела за забременување, не верувам, познавам многу што имаат над 100 кг. па по 3 деца имаат, од прва забремениле, ако биде ќе биде. Да ги допијам витамините, и ќе ги прекинам веќе. Јас се консултирав со Марија Соколоска, програмата мислам и беше 300 евра, ама за забременување, за колку месеци незнам, и кога ја прашав дали кога ќе ја прекинам програмата ќе ми се вратат килограмите, ми кажа дека било можно, сакав само 2-3 кг. да ослабнам, не многу, епа затоа си јадам се и си пешачам, симнав 4 кг. сега и таман сум, некои се склони кон дебелеење, некои не. Порано бев многу слаба, се јадев и не се поправав, потоа нагло се поправив и чудно ми беше, затоа сакав да ослабнам, ама подобро вака како што сум сега, отколку ептен слаба.
Секогаш ќе постојат исклучоци, жени наркоманки, пијаници, бездомници кои ни внимаваат на исхрана, ни пијат некакви витамини остануваат бремени…Не е фер точно ама тоа е…Ама тоа не значи дека па кај друг пороците, лошиот начин на исхрана, дебелината и слично немаат негативно влијание. Во оваа борба која ја водиме, каде што за жал немаме баш контрола, најмалце што можеме да направиме е да се грижиме за нашето тело, да се исхрануваме здраво, да исфрлиме или во најмала рака да ги намалиме пороците и да ги слушаме препораките на докторите за дополнителни суплементи и за што и да кажат. Незнам за вас, ама јас така барем се чувствувам корисно дека допринесувам на некој начин. Сите одвај го чекаме моментот да гушкаме наше бебе во раце, но за жал мора да се стрпиме и да дадеме време. Неможеме да очекуваме ако месец, два се водиме кон здравите навики дека одма готово се ќе се реши. Некогаш има и такви ситуации, но некогаш е и процес кој подолго трае и треба да веруваме. Докторите и научниците знаат што ни зборат, не сме единствени, милиони други жени поминале низ истото. Сигурно има зошто сите препорачуваат здрав начин на живот. Немора да е некој строг режим на исхрана, ама храната што ја внесуваме да е балансирана и да внесуваме доволно количество на протеини, витамини и минерали. Треба да имаме малку повеќе верба во науката, во здравите навики и во нашето тело. Еден ден сите коцки ќе се наместат, несмееме да се откажуваме.
Да сумираме: шо сакаш прави,ако сакаш и на месечината качи се,ако не бива не бива. Истото го мислам. Не дека нема ефект здравата исхрана,далеку од тоа,ама дека е клучна не верувам баш.Исто и суплементите,не верувам во нив. Цел живот сум со ПЦО и редовно добивав кога се хранев здраво и вежбав,а сега тенок ендометриум,еден јајцевод и тој за никаде,ми се плаче кога ќе помислам дека е до мојот организам кој оди против мене и тука не можам ништо
Девојки јас пишав прееска дека бев на преглед на 7 ден од стимулација и ми рекоја пункција во петок и уште два дена терапија.По 2 сати ми се јавија и според крвната анализа ми рекоја во среда пункција.Сега сум мн исплашена затоа што денеска имаше само еден фолекул од 21мм другите 4 по 14мм.нели е тоа малку.некој искуство
Тоа сакав и јас да го пишам за жени наркоманки, кај мм едни комшии и мажот и жената се дрогираат, 3 деца здрави прави, сега таа со 4то трудна од друг, се разведоа, сега се премажи, и тој вториот наркоман, исто и кај мајка ми комшии и двајцата се дрогираат, сега демек веќе не, исто 3 деца, знам уште еден пар, си викам како бе вака, не дека ми е криво за нив, криво ми е за мене. Не дека здравиот начин на исхрана не игра никаква улога, ама јас веќе не верувам во ништо. И како пример вечерата да ја замениме со овошје, кога содржи шеќер овошјето? Не дека ние вечераме, касно ручаме и тоа ни е и како вечера. Кај нас нема ништо здраво, ни овошје, ни зеленчук, се е со пестициди, дури и во двор да садиме џабе, почвата е загадена.
Ti gi gledaat E2 i Lh pred punkxija i spored hormonite taka ti zakazale, ne se sekiraj, e sega kolku folikuli ke imas neznam, so sreka i so lesno
Мое мислење околу овие здрави навики е bullshit. Океј, за да се чувствуваш подобро физички или за да имаш добро тело...Ама со зачнување немаат благе везе. Имам десетици случаеви од блиски, кои со пороци, кои со дебелина од 120кг, кои со пцос, кои со дијабет и сите имаат здраво потомство. Врвни доктори имаат кажано и тоа е факт, начинот на исхрана и живот може да биде битен за растење на плодот, ама за зачнување не. Демек бабите и мајките наши многу знаеле за мачи, ашваганди и спирулини. Пушеле качак, кркале попарени торти и не откривале во 3ти месец кај што сестрите не слушале преку инка...каквити 4д, какви приски. Стејт оф мајнд мај диар френдс. Животот ни е еден! Живејте го како што ви одговара..оди лапни еден сникерс, не си ја дроби душичката. Ништо што е силум терано, не излегло на арно. Само верба во Бог, јас се имам заколнато дека нема да му побарам ништо, само ќе му се заблагодарувам секој ден и за арното и за лошото. И верба во патот по кој што сме тргнале, во докторот и во мислењата негови. Бајдвеј - читните ми ја проф.слика
Ќе се вмешам во дискусијава иако фала богу не стигнав до овој чекор... многу работи не се логични, ама се што мислите дека може да помогне, пробајте. Нема откажување. Во некои од најтешките денови помислував, ако треба и гомна ќе јадам ама ќе успеам...
Точно, пишав за другарката што 2x во годината имаше само циклус, јаде хамбургери, секој ден таква брза храна, не пешачи воопшто, се со такси оди и мала релација, а многу е слаба, претерано дури, имаше кламидија, кандида (кандидата секој ја фаќа, ок), со дечко и, сега поранешен маж кога прв пат имале односи, и рекол внатре ќе свршам, и другарка ми ок, и така нема шанси трудна да останам ме кажала, епа си остана трудна од прва, со второто дете исто од прва, и на крај се разведоа. И уште ова, една ромка, во парк и бараше на мајка ми цигара, 6 деца имала, со 7мо трудна, и велам не треба да пушиш трудна си, ми вели ааа јас по 2-3 кутии дневно, се тргна на друга клупа, ја гледам си надига пиво од шише литро ипол, ааа сигурно она пие витамини, затоа веќе не верувам во ништо, може мојов организам не ги прима добро витамините, од кај да знам.