Може да споделиш со каков протокол одевте и со што беше стимулирана и јас сум со ниско амх. Честиткии , надеж си ми
Честитки и од мене (Од суплементите мислам дека најмногу помогнало micronized DHEA за подобар квалитет на јајце клетките ако претходно не си ги пиела) И еве јас да се пофалам, пред малку дознав дека добив ваучер од фонд, па ај нек се угоде
Тоа секако не е здраво, ама за јајце клетките особено, пробајте да намалите, не знам што да ви кажам... @Beba95
Тоа е малку покомплицирано, затоа не го пишав ама ај на кратко ќе пробам: ние почнавме долг протокол во Грција, па продолживме во Плодност. Кај нас долг протокол не даваат кај повозрасни жени и Таше рече дека бројот на јајце клетките ќе биде помал поради тоа што е долг протокол и ми појача доза стимулации, и овој пат беа 4 ама сите зрели. Од втор ден циклус почнав со foltropin beta (тоа го земавме од Грција) па после продолжив тука со Bemfola (folitropin alfa) по 450 единици на ден околу 10 дена беше мислам, па Meriofert. Е сега, Таше ми дијагностицираше аденомиоза, до сега преку 10 доктори ме гледале на ехо никој ништо не видел, сите викаа се' супер дека е, а за аденомиоза читав на нет дека има поголем успех со долг протокол. Така што.. најверојатн осе поклополе коцките, среќа во несреќа, не знам што да кажам... А почна многу стресно, клиниката во Солун очекувавме да биде различна од нашите, ама таму уште повеќе ни изгледаше како да е бизнис, фабричка лента, па се префрливме во Битола, патувавме за прегледи, стресови, плачки, аденомиоза... ама после трансфер си реков не можам веќе да се замарам и не мислев на тоа бев убедена дека нема да е успешно
Dali vo makedonija uspeavte od nekade da najdete mikronizirana dhea ? Obicno ja naracuvam preku i herb i sega zakasniv a pri kraj sum ?
Честитки за успехот и истрајноста! Во која клиника во Грција имаш вакво искуство ако не ти е проблем да споделиш?
Ах, јас бев на консултација таму и излегов баш така, аууу, ова како на лента. Со лесно и среќно да ти минува бременоста
Да, мислам дека многу ќе се зезневме таму, освен што ќе беше прескапо, затоа што сакаа да вратат најмалку два ембриони ако не добиеме две јајце клетки од едни стимулации и пункција да сме го повтореле процесот, знаејќи го сега тоа Таше што ми го кажа дека со долг протокол помалку клетки се очекува, не знам колку пати ќе требаше да повтруваме и да плаќаме… мене не ми беше логично повеќе да враќаме зошто тоа не ги зголемува шансите, пологично ми беше да имаме повеќе обиди.