Нормално дека неизвесноста не убива сите, па ај и да не е така на толкава неизмерна желба за бебче. Ама мора да останеме присебни и да гледаме да ја потиснуваме таа анкциозност што ни се ствара, дека ништо добро нема да ни донесе, само стрес. Симптоми немора ништо да значат и треба да ги игнорираме, зошто пред се, се појавуваат заради зголемено ниво на прогестерон, а на сите нас ни е дадена прогестеронска поддршка (дали примаме пролутекс/ прогестерон депо, криноне гел/утрогестан). Јас кога имав неуспешно ивф сите симптоми ги имав од потечени и болни гради, пецкања и блага болка кај јајниците, дури имав и нагони на повраќање па џабе кога неуспешно беше. Базалната температура исто, причината зошто благо се покачува е ради прогестеронот. А колку девојки имало што немале никакви симптоми, а успешно им било ивф-то. Тотално се нерелевантни симптомите, а само не мачат. Неможеме ништо да смениме без разлика на нервозата. Гледај да си го преокупираш умот со друго нешто. Јас заради тоа си реков, следен пат ич не се заковувам за кревет зошто сакала нејќела немам попаметна работа и само на тоа размислувам. Слушај музика, медитации, викни си некој да ти дојде на гости ако не искачаш, филмови, серии..било што да си го ослободиш умот малку. Сега и да направиш тест може нема да биде точен, можеби кај тебе имплантацијата малку покасно настанала и уште не се покачила доволно бетата. Џабе ќе се разочаруваш пред време. Башка издржа јуначки 10 дена ќе поминат уште 4-5 дена дур да трепнеш. Ти пуштам сила и позитивни вајбс
Ме доразлигави хахаха , но ти благодарам мн , лавовски кажано и се точно напишано , фала на поддршка , го фрлив термометарот , дури на работа со него си дојдов , намерно почнав на работа , ама ете термометарот со мене хахаха , но давам чесен збор ке се изрелаксирам малце , ке се посветам на синко деновиве па што биде нека биде , ти благодарам од срце за убаво напишаниот текст .
Извини што се вмешувам но како мериш базална температура? Во уста, анално, вагинално се мери базална. Да не мериш под мишка па затоа да ти е ниска?
Devojki mi se slucuva slednava situacija na punkcija imav 11 jajce kl.of koi 7 bile ok , megjutoa embriologot kaza deka spermata ne bila naj naj i do sega ne nastanalo oploduvanje maz mi e so dijagnoza Asthenozoospermia....Offf lugje lele ima li nadez barem ednocko da se oplodi ke poludam
Во уста мерам , преку ден ми е 37 , но сношти например ми се имаше спуштено до 36,4 , и тоа ми е показател дека следи циклус , а преку ден препишувам на тоа што сега ми е многу жешко па затоа се качува до 37 или 37.1 , ама тоа го препишувам и на пролутексот , затоа е и повисока , но ајде не се предавам , решив позитивна да бидам , бар уште некој ден до тест хахаха.
Имаш посебна тема за базална Т, може да прочиташ за дали правиш правилно и да не се разочаруваш предвреме. Базална секогаш се мери во исто време наутро кога телото е во мирување и после неколку саати сон. Ако падот е еднократен може да биде и implantation dip. Јас долго време студирав базална
До сега имам 2 неуспешни трансфери со негативна бета. Имам испитано Торч, Кариотип, мутации. За мутациите ми се препишани аспирин, метилирана б12 и клексани. Има закажано преглед за трансфузиологија кај Јани. Дали има некое испитување што би требало да го направам за да побарам од Јани да ме прати да испитам. И што друго да испитам за причини од неуспехот.
Можеби брис од ендометриум да се види дали има некоја инфекција што би правела проблем за имплантација
И исто така можеш имунолошки и тироидни антитела на институт за имунологија, витамин д(битен за имплантација), скриен шеќер со 3 боцкања за шеќер и инсулин, сопругот може дна фрагментација на сперматозоиди ако процентот е поголем тогаш icsi метода за инвитро. Тоа може да ти помогнам од аспект на медицина. Од аспект на верата може да те советувам доколку сте во можност да одите во Острог да преспиете. Кај нас се беше во ред, 3 години неуспех, испитувања секакви се што треба и не треба, инекции, апчиња, инесиманции... Се откажав од медицината пошто ништо не помогна. Отидовме во Острог, преспавме една ноќ, влеговме во манастирот и го замоливме свештеникот да ни прочита молитва за деца. После 6 дена имав позитивен тест. Уште еден доказ дека не е се во медицината. Господ го може невозможното. Верувајте, молетесе и посветете му се
Верувам дека како господ ќе каже така ќе биде. Имам отидено на ендокринолог за тироидната и ми прати да испитам антитела на тироидната, се е ок. Како е прегледот за брис на ендометриум? Каде и каков упат да земам за имунолошки испитувања, скриен шеќер и витами д
На сликите има кои работи ги испитував на институт за имунологија. Матичниот гинеколог ми ги предложи овие работи и ми даде упат со ознака N97 тоа е женска неплодност. На институт се многу фини и тие знаат за неплодност што треба. За скриен шеќер Кочо од трансфузиологија ми кажа да одам во Биотек капиштец дека таму најдобро знаеле да ја направат таа анализа. Се закажува кога има докторка на смена. Кочо ми рече прво боцкање на гладно да измерат шеќер и инсулин, после да ми дадат раствор со шеќер па по еден саат пак мерење и после 2 саати пак двете мерење ама да не станувам и да не се движам туку да седам таму црло време. Не ми текнува како ми кажа дали еднаш или два пати се пие растворот. Јас отидов во биотек за викенд ама ми кажаа да одам во работен ден и да закажам еден ден однапред за да има докторка. Отидивме на одмор и пошто после бидна бременлст не го направив испитувањето. За брис од ендометриум се изначитав на форуми и најмногу во new born прочитав дека оделе кај Владимир. Јас не отидов пошто многу пари ми беа во моментот околу 8000-9000 ми рекоа ама на форуми има сведоци од членки што после излечени бактерии на ендометриум останале бремени
Здраво Докторот ме повика на преглед на 20ти ден од циклус за да почнеме со краток протокол. Што би значело тоа, односно како и од кој ден ќе се одвиваат стимулациите?
Женчиња ај мислење и совет ве молам.7 ден од трансфер направив сега тест селф клиар,веднаш се обои. Вчера правев лабоквик исто на 6 ден од трансфер видете каков беше.стоп инекција примена на 23 октомври( 10 дена поминати). Трансфер на тридневни. Симотоми од 4 ден болки во кичма,стомак ,ме боцкаше јајникот лев и препонот кај ногата. Се потам,мокрам често..тоа сега за сега. Дали е ова од стоп инекцијата.Примив овитреле 250 мл