Да да, нема потреба од два. Ниту документите од инсеминациите ги носев, и така копии имам зошто оригиналите им ги однесов за првиот. Со идиопатски стерилитет сме ние.
Како бе за упат 200 ден? Кога зрмаш упат за било каде од матичен општ др не ти земаат пари. Срам да им е.
https://fzo.org.mk/bpo-postapka Образец 2 стојат сите услови. Спермограмот, последниот, не постар од една година.
Јас се уште не сум земала упат за ин-витро постапка, чекам циклус па да одам да ми препишат микрогинон, и сега можам, уфф таа сестрата колку е дрска, кога треба за нешто упат едвај собирам сила да и се јавам, па неможе таму, неможе ваму ми вели, а бе упат и барам, не имот, 1 упат сум можела 2 пати да го искористам во рок од месец цццц, а упатот ми го земаат таму каде што правам испитувања.
Јас кога бев втор пат на трансфузиологија овој месец, така отидов, без упат, ми го сметаа за контрола, зошто првиот пат вадев крв и имав резултати. Ништо не носиш, те има во системот дека упатот трае месец.. Е сега во Ск не знам како е, тука сестрата кај гин ми кажа дека така можам да отидам, и така отидов. Не ми правеа проблем. Бев за извештај
Пишав одамна некој да ми предложат, не ми пишаа. Јас барав упат за на трансфузиологија, сестрата кај матичната ми даде за во МАНУ за генетски мутации, ми кажа ако имам мутации тогаш на трансфузиологија или имунологија.
Не се сеќавам како беше, дали ги имав прво резултатите од имунологија,т.е каде испитував автоимуни антитела и генетски мутации па одев на трансфузиолог кај нас, ама генерално за никаде не ми правеле проблем, даваат упат за каде можат, а имам и од општ матичен земано. Важно е да има соработка со матичните, нормално дека не можат се што ќе ни текне да даваат ама во нашиов случај сите мораме да се испитуваме и по повеќепати, па би требало да имаат слух.
А за автоимуни антитела колку се чекаат резултати, и дали гинеколог треба упат за на имунологија, или може и општ матичен?
Не се сеќавам за колку време, од две недели до месец, ама тогаш некои празници беа плус. Од матичен гин за институт за имунологија и хумана генетика, мислам се викаше. Испитувањето беше по препорака на спец. за ин витро и др Петличковски (од тој институт ми ги прочита резултатите)