Протоколот беше два или три дена од прв ден добиено, во зависност од хормонална слика. Во оваа клиника одам Embryolab Fertility Clinic https://onlineivf.embryolab.eu/
Pre implantation genetic testing. Генетско тестирање на бласто и ги враќаат назад само тие што се генетски во ред. Многу е голема веројатноста над 40 години да има генетски пореметувања и најголем дел од бремености не успеваат заради тоа.
Фала. Те прашав зошто и ние почнавме IVF кај нив, ама долг протокол и рекоа дека можеби ќе треба неколку стимулации за да добиеме два ембриони за трансфер. Докторите тука викаат со долг протокол дека помалку јајце клетки ќе добијам. И затоа не продолживме, исто така не се сложував со трансфер на повеќе ембриони. Имаат доста успех ембриолаб, ама ние кога бевме беа многу хаотични, не ни ни дадоа некаков извештај, само фактура. Не знам дали дека беше период на одмори.
Освен ембриолаб ПГД прават и FIVI во Солун. Јас веќе завршив таму, треба трансфер да правам. Ако салаш подетални информации ќе ти пишам порака.
Дали забележа некакво подобрување со користење на DHEA? Јас ја користев 2 пати по 3 месеци и не забележав некој разлика, 2 пати има неуспех дури имав и пункција со 5 празни ј.к. Се мислам дали да ја пијам повторно зошто ми го исфрла лицето. Дали да испитам DHEA ореку крв ако ми покаже нормални вредности да ја пијам?
Од сабајле многу ме боли главата, имав како нагон за повраќање од што ме боли, и многу кашлам, ет во понеделник имав. Страв ми е дека сето ова смета на имплантација Немам никакви симптоми за убава вест
Дали кога ги разгледуваат документите за втор ваучер имаат увид кога е завршен првиот ваучер, односно дали гледаат од приложениот извештај за трансфер од прв ваучер или гледаат од систем електронски. Ако знае некој? Затоа што ваучерот ми е затворен комплетно во јули, а трансферот од ваучерот го искористив во септември.
Каков одговор се добива со ова тестирање? Што би значел резултатот за понатаму? Зошто да го правам? Не се разбирам, затоа прашувам. И на каков ембрион се испитува? Некој што немал развивање?
Јас претходново кај што имаше бременост која заврши со спонтан пиев DHEA, така што за мене и тоа е успех, претходното немаше бременост. Провери си DHEA, можеш со упат од матичен, јас сега пак пијам, проверив и не ми е високо. Инаку не забележувам никаква разлика кога ги пијам.
Не мора да значи дека немаш никакви симптоми . Главоболката и нагонот за повраќање се доволни симптоми . За грло земи си ги овие пастили ќе ти помогнат .
Ако ми веруваш како што излегов од Њу Борн се убив од кашлање,па еве се фати.И баш тогаш се стискав викам ништо нема да биде од ова,али нема правила верувај.Пиј чаеви,одмарај и пушти релаксирачка музика може така и главата ќе ти се смири
Zasto vikas nemas nikakvi simptomi za ubava vest? Do denot na test nisto ne moze da znaeme zosto ne se javis do kaj doktorot ili sestrata za konsultacija, moze ti e nesto od terapijata.. ajde ne se sekiraj zaedno ke gushkame meskovci
Нема симптоми, кога се фати осеќав болки поголеми како пред добивање ама и двата пати ме болеше после трансфер. опушти се, не се стресирај, не ми мисли на тоа.
Не знам на какво подобрување мислиш. Мене и претходно ми се оплодија и развија до бласто. Немаше имплантација. Мое мислење на темава дека не е само едно нешто што прави разлика да е јк подобра и ембрионот подобар. Факт е дека се оценува според изглед ембрионот, под микроскоп. А тоа не е 100% точно. Мислам дека Dhea имаше влијание на квалитетот но и физичката активност и внес на антиоксиданси (и како храна и како додатоци на исхрана). Јас осипи немав, немам проверувано dhea, ама штом е така кај тебе, подобро провери си.