Не е за плашење Некоја стара крв се чисти од матката . Рано ти е сеуште за било какви симптоми . Опушти се следните 10 дена колку што можеш и пробај да заборавиш ( барем малку ) дека си имала трансфер . П.с Обеќам дека до крај на година барем еднаш дневно,секој ден,ќе ја отварам темава и ќе пуштам среќичка . За сите до една да се исчистите од темава
Имам да, анти ТГ ми се покачени. Терапија после трансфер: витамини (метил фолат, метил б12, Премама quatrefolic), клексани по два, аспирин, еутирокс, декортин, естрофем 2х2, утрогестан 2х2, пролутекс секој ден.
Фала ти од срце, изгледа среќа ни носиш Уште сум на почеток( здравје утре нова бета да видиме дали ќе расте правилно) ама некако сакам да верувам дека овој пат е конечно мојот ред, мојата среќа.
Ти благодарам Не сум примила интралипидна, се мислам дали треба да примам понатаму, од докторот немам никаков совет за терапија понатаму...
На 27 октомври однесено во фондот дополнување, од тогаш нема одговор уште. На кој број да се јавам да видам дали некој ќе крене да прашам, ве молам да ми кажете.
Јас се чудам како некој добива веднаш одговор т. е за брзо. Јас со дополнувања две чекам скоро пола година, и сто пати се покајав што не тргнав приватно ама на околу ме убедуваат толку сум чекала да причекам уште малку. Како си ти?
Ај и јас да прашам, гледам сте се собрале сите на куп. Баш ме радуваат убавите вести во групава. Вака, ваучер за второ дете само трансфер, дали треба хепатит б, ц и хив за мене и сопругот? Имаме два замрзнати ембриони. Фала многу
Здраво на сите. Инекциите за стимулација ми се од 2-9ти ден. На кој ден од циклусот од прилика да очекувам пункција на фоликули?