Tи оставиле картичка дека не те нашле дома, и мене поштарот првиот пат така ми кажа кога го прашав дали од пошта треба да подигнам, ми кажа ако не ме нашол дома ќе ми оставел картичка.
Девојки здраво. Кажете ми што се ми треба за ИВФ (приватно ќе правам) - направив брисеви - направив ПАП - хормони од трет ден на циклус? - пролактин? Нешто пропуштам?
За приватно не бараат, па и тие од фондот како ќе им текне, читав на членки им ја барале и ренген снимката од хсг, јас само извештајот им го доставив, иако и мене Трајковски ми кажа да не правам хсг, ама ако не им доставев може дополнително да ми побараа.
Така? Баш непроодни туби или отстранети е индикација за ин витро и во тој случај не бараат инсеминации…
Девојки ај малку муабет да си направиме, малку да се релаксираме Имало периодов многу позитивни вести гледам на форумов, се надевам сите ќе успееме и дека упорноста ќе ни се исплати Прашање: да можете да се вратите во минатото (10-15 години, зависи колку години имате), што би си кажале на помладата ваша верзија? Јас би си кажала да замрзнам јајце клетки и да не трошам време со инсеминации, одма да почнам со ин витро, да не слушам толку доктори и да го читам форумов
Да да, знам, само се надоврзав дека и од други работи зависи дали ќе бараат инсеминации, или директно ин-витро, на некои 2 им барале, на некои 4, зависи и од дијагнозата. И јас би замрзнала да ми е овој памет сега.
И од возраста, јас не знаев дека не мора да правиме 4 инсеминации, и докторката што ни ги правеше не ни кажа :/
А колку ви бараа? Што се однесува до возраста и до тоа е, ама еве некои имаат ниски амх и на 30+, некои на 40 имаат над 1, не ми е јасно до што е, обично велат како старееме така се намалува, ама 30 години не се стари.
Нас Трајковски ни рече што сте трошеле време за инсеминација (само една имаме правено) одма одете си за ин витро (имаме лош спермограм) без разлика што кај мене се е ок и сме млади.