Јас да ви кажам ужасно многу сакам бебче. Како и сите тука што дремеме на форумов. Не се потресувам многу кога ќе видам негативен тест, дури мислам веќе не се ни разочарувам.. некако како да се навикнав дека нема шанси да видам две цртки. Не знам зошто по спонтаниот не сака да се фати. Скоро две години. Ми се смачи искрено. Докториве некако сите ми се со став на: “све е океј кај тебе, треба да се опуштиш”. Значи жими све опуштена сум. Не знам шо поише да правам. А времето си минува… а јас на два ума сум. Дали треба да правам ИВФ или не. Една инсеминација имав- неуспешна. Хормони - уредни Пролактин - 35. Пијам достинекс- не сум го препроверила. Хсг- проодни туби. Спермограм- нормоозоспермија. почнав да пијам “мака” од Health Aid од што ми е мака си се смеам а ми се плаче. Дајте некој совет нешто било што. Или да си идам на ивф и да не му ја мислам многу.
Незнам, јас негде прочитав со ниско амх и незнам над колку години еднаш само одобруваат со свои јк, овој пат со свои, не се надевам многу да не се разочарам, што биде нека биде, тоа е. Се мислам ако не биде дали да пробам во болницата во Прага.
Колку години имаш? Не троши време оди на ин витро. Исто АМХ дали имаш проверено? И ние бевме сѐ супер ама нејќеше после испадна дека не е сѐ супер, најверојатно има прилина само не знаат која е.
Ама зошто би им давала АМХ? Не бараат тоа. Ако ти е висок ФСХ ќе побараат АМХ, ако не не е во документите потребини за ваучер.
Да, знам дека не бараат амх, јас од форумов прочитав дека треба да се провери и затоа, и не им го доставив, сепак ми побараа дополнително, ај важно се заврши работа, ми одобрија ваучер. На некои членки читав и ренген снимката од хсг им ја побарале, таа огромна е, јас само извештајот.
Јас добивав ваучери исто на 37 без инсеминации,се водевме како идиопатски стерилитет,без проблеми бевме и двајцата,а многуууи години рез.немаше,се решивме на ивф.
Јас некако не верувам во тоа "нема проблем" ама не успеваме....има некој проблем штом дооолго време нема бременост само треба многу детално да се испитаат двајцата партнери (зборувам ако нема зачнување повеќе од 2 години а активно се работи)
И јас снимката им ја однесов и онака не ми треба мене па како ја "здипли" тој у фонд смеа ме фати зашто огромна е
Мојот естрадиол е 78 на 3то ден од циклус. Матичниот гинеколог ми рече дека се е во ред. Овде сега читам да не е повеќе од 60. Што значи ако е повисок естрадиолот? Не сме сеуште во постапка за инвитро, на почеток сме со испитувањата, затоа многу работи со хормоните не ми се јасни, а гинекологот ми рече да видиме прво со хормоните па потоа спермограм.
Ти ја читам поракава и морам да ти вратам и да те охрабрам, бидејки некако се што пиша како да се пронајдов себеси порака и со возраст и со цела твоја приказна, многу слична на мојата. Исто и јас како тебе имам една неуспешна бременост (по природен пат) и оттогаш многу чекав , викам ќе биде, мора да биде,ама неќе и неќе.. Па решив да бидам порешителна и по активна, годините си минат а со тоа нашите јајни резерви се трошат се повеќе. Направив четри инсеминации (сите неуспешни) за да се здобијсм со право за ваучер од државата. (бидејки на приватно кошта еден тон пари, а успешност не ти гарантира никој, па недајбоже ако е неуспешно, понатаму доколку си финансиски немоќен нормално, пак ке треба да минеш низ инсеминации и ќе изгубиш и време и средства,а со тоа и нерви) Добив ваучер, го направив моето прво инвитро пред некој ден и сега сум во исчекување на моето чудо Никогаш не знаеме што не чека утре и секоја приказна е различна, ма колку и да изгледа слична! Но едно е сигурно, секој треба да си го даде својот придонес , односно да не чекаме нештото само да ни се случу, туку да се трудиме, со позитивен ум, спремни на секаков исход, а останато да го препуштиме на Бог, бидејки само тој знае кога е правиот момент за секоја од нас! Биди упорна , решителна , позитивна и ти посакувам што поскоро да се усреќиш. Можеби во цел процес на обиди и интервенции ќе се случи и природно