Една година бидејки имав проблем со ендометриоза па се лечев, па сопругот се оперираше Мислам времето е различно кај сите, зависи каков проблем имате јас со 1 инсеминација одам поради лош спермограм
Епа оди прво на консултација, матичната така ми кажа, кога ќе бидам сигурна во која болница тогаш да одам да ми даде упат. Јас бев сигурна и отидов, инаку пред тоа бев кај Трајковски на 4Д и демек на консултација, ништо од тоа немаше, затоа сакав на друго место. Инаку не бев договорена за терапија, не знам некако имав добро претчувство за докторот и не згрешив, прв пат отидов кај него со упатот и сите документи што испитувавме, и тогаш ми препиша терапија, ме виде и на ехо, ми рече 2 ден од циклус да одам и тогаш ми препиша и Кломифен, естрофем и мериоферт да се боцкам. Зависи, јас 6 месеци ги собирав.
Честитки И ние сме со лош спермограм и ме интересираше дали те прашуваат,ти кажуваат или како оди тоа за која метода ќе ја користат
Дали sckreching на матка и земање брис од ендометриум се прави без анестезија и дали е болна процедурата?
Никој ништо не те прашува Јас испаничив ептен , одма се разочарав и средувајќи ги документите кога видов , одма се расположив ( очите 5 банки ) Најверојатно за тоа се стручни . Иако нас спермограмот ни беше од јуни (6 месеци откако правевме инвитро ), го терав маж ми да оди на акупунктура - може тоа помогнало ( не знам во што да верувам повеќе )
Честитки на сите мамички со позитивни тестови, само со Господ напред Мене ми кренаа во фондот конечно, одобрен ми е ваучерот на 13.11 ама не е стигнат само.во лавиринтот наречен пошта е заглавен некаде..сега само трпение
Здраво девојки, моментално собирам документи за ваучер, причина за неплодност ендометриоза (оперирана лапараскопски пред година и пол), намален амх (0.78 ) другите хормони се во граница, освен ФСх кој е 10. Препорака од доктор Трајковски во њуборн, да не се чека да се прави ин витро веднаш штом се добие ваучерот (се надевам јануари/февруари) Во меѓувреме, како што се гледам со матичниот и собираме документи, ме посоветува, бидејќи според него гледа дека правам фоликули, добивам редовен циклус, немам цисти итн...во периодов дури собираме документи да не губиме надеж да се обидуваме, и покрај суплементите кои ги пијам, да земам дабростон, да не се случи некое новогодишно чудо Јас не верувам во чуда и психички се спремам за ивф постапката, но сакав да прашам дали земањето на дабростон, може да предизвика нешто негативно, сега дури сум во подготовка за ивф итн... Фала ви за инфо и извинете на долгиот пост
Jas piev dabroston minatata bremenost, kratko 7 dena, ne se sekjavam zošto, ama eve se ušte go imam doma so pominat rok Taka da, ne smeta
Мене два месеца ми одзема со тоа што многу чекав за термин за 4д ехо кај матичната (често беше на боледување) и што скокнав еден циклус заради високата седиментација за ХСГ инаку се се завршува во еден циклус ако е се ок и не ви требаат повеќе инсеминации.
Кога првиот пат направи спермограм беше онака со намалени вредност и земавме Спермотренд 3 месеца по 2 капсули на ден со цел да се подобрат резултатите и да пробуваме природно (препорачано од докторот затоа што кај мене се е ок и само малку беа намалени вредностите на спермограмот ) меѓутоа резултатите само се влошуваа се повеќе и повеќе после терапијата
Бев во претходната клиника за ивф и барав документ дека е неуспешно. Од таму ми кажаа дека немало да ми треба за фонд. Дали бараат документ за извршено едно ивф?
Распрашај се за ИКСИ метода, дали ја користат и слично. Со таа метода го одбираат најдобриот сперматозоид од партнерот и го користат . Јас не знаев ништо и се набрзина ми помина ( на приватно го правев и немав стимулации -бев на природен циклус , летрозал пиев 5 дена ама затоа што сум со намалена оваријална резерва), ама мн лабаво ми помина целиот процес ,може затоа се фати Никој не знае зашто успева или не ( иако јас сум сеуште со резерва и во исчекување од претходно лошо искуство )
Па секако тоа ќе биде спомнато,знае и докторот што мака имаме затоа ќе мора таа метода најверојатно.а колку јк извадивте, колку оплодени и сл. ?
Три јајце клетки извадени од која едната немаше фоликул внатре а втората не се развиваше добро и остана само една. Моментално и таа ми е доволна Tanja@ Мене b-hcg на 14-ти ден ми беше 236 и ми рекоа дека сум трудна , ама јас сум со една јајце клетка . Честитки и уживај си во бременоста