А со што се боцкаше? Читам скоро сите и со цетротид, а тие не ги покрива фондот. Со каков протокол беше?
Само 7 Бемфоли имав, 3 Цетротиде и стоп инекција. Цетротидето ја платив една 2900 а на кутијата стои цена 2610 ама јбг, па имав пункција 2 извадија, 2 се оплодија, 2 ми вратија.
Женски и мојот трансфер помина 1 тридневен ембрион C7G1. Сега само одмарање па што треба тоа ќе биде. Него, сакав да ве прашам, се боцкам со клексан и пролутекс. Е сега, планирав денес у стомак лево клексан десно пролутекс, а утре обратно.. Во рака не можам пошто сама се боцкам. Каде се боцкате вие?
Јас се боцкам во рака со клексан зашто помалце ме боли а со пролутекс во стомак моменално не боли отпосле местото ме боли со среќа и со лесно да ти поминат деновите јас сум блиску 3 ден од трансфер да се надеваме на нај доброто
Фала мила, со среќа и со лесно и на тебе и на сите во групава, што побрзо да се префрлиме во труднички
До 6ти месец се боцкав со стомак после во рака една исто како тебе една вечер од лево клексан десно пролутекс потоа обратно во рака дефенитивно повеке ме болеше а и не можев сама мораше некој да ми ја држи раката стисната
Мене сега за сега ништо не ми кажа докторот детално а јас слепо му верувам искрено...ми даде Фостимон 5 дена да боцкам па да се видиме за понатаму што.Толку бев возбудена нит прашав нешто повеќе ни ништо.Дојдов дома Мм ми вика како ќе биде сега треба ли ова да се плати или како и го гледав бледо две минути и дигам рамениците викам појма немам .... како мало дете бев хаха
Јас ги боцкав клексаните лево и десно под попакот, а пролутекс во иста регија лево и десно над попакот, така ми кажа докторот. Значи во иста страна(еден ден лево, друг ден десно) ги боцкав само пролутекс горе , клексан доле . Исто и јас сама се боцкав.
Маж ми пиеше Спермотренд со месеци и спермограмот се влоши место да се подобри. Друг уролог му препиша Трибулус, Л-карнитин од 500мг, фолна, цинк, вит.Е 400 ги пиеше 4 месеци во континуитет спермограмот се покачи за 15% се раздвижија спорите
Клексан со месеци боцкав во нога. Најлесно ми беше. Во рака мораше да ми помага некој. Ама и во двата случаи под некој агол мал од 45 степени, иако стои во упатството дека треба 90. Со 45 не ми остануваа модрици и не болеше толку. Во нога скроз горе значи, под препони малку, на предна страна, се гледа кај се вени, ќе пазиш да не погодиш некој крвен сад. На место кај е помеко и можеш да штипнеш. Не знам дали ме разбра од прилика.
Zdravo Dali nesto moze na priroden nacin da pomogne vo zadebeluvanje na endometrium posle histeroskopija.