Мене Ивановски ми препиша дхеа, а јас и на своја рака пиев. Мене фсх 11.1, ама на 6-ти ден 34. Многу високо, сега брзо не сум проверила. И јас мериоферт ги чував на собна поладна просторија каде не грееме, а за цетротид ми нагласи сестрата во фрижидер, исто и за стоп инекцијата. Јас не го ни осетив хаха.
Профертилот едвај ги најдов, за мажи па нигде немаше, само по порачка, летоска во Зегин имаше само за жени, сега ни за жени немаше. Ем скапи, ем нигде ги нема, ем не знам дали помагаат. Да ги допијам и не купувам, и ПреМама ми препиша после пункција. Мм ги пиеше 3 месеци и иста дијагноза, сега Ивановски пак му препиша, ама и мм си е крив, Ивановски му кажа да ги откаже цигарите, тој си пуши, цигарите не се поважни од ова, ама оди кажи му на пушач. Мене во аптека ми кажаа да не пушам ако сум пушач кога купував сумплементи, среќа не пушам.
Мене доктор ми има кажано ако си пушач многу поголем стрес на телото е да ги оставиш насилно,кризите се поопасни од самото пушење.Јас сум страствен пушач ама сега многу ги намалив .
И мм демек ги намали, среќа јас не пушам, дури и во извештајот и горе и доле со 3 ! му пишува да не пуши.
Да, ама приватниве соработуваат само за ин витро, не може рецепт да ти напише за лекови на товар на фондот, ако има таков договор да може рецепти да пишува мислам дека може.
Па добро тогаш немој нагло, постепено. Ама штетно е во секој случај, ги оштетува јајце клетките и сперматозоидите, џабе пиење антиоксиданси ако со цигарите поголема штета правиш.
Ајде де...Мм ни пуши ни пие па ете катастрофа спермограмот ама му кажа докторот дека голем фактор е стресот и нервозата а ние и стварно имавме премногу стресен период кој траеше 3-4 години него најмногу го погоди и тоа е што е...
Да, му кажав ќе ве частам за ова што му го кажавте, и усно му го кажа, и писмено пишал во извештајот, и горе и доле да не не прочитаме хаха.
Дечки официјално бета на 16 ден 300 сега сум по лабава може да се опуштам ви посакувам ваква среќа на сите
Јас направив на 10ти ден од трансфер на 3 дневни ембриони ... Јас бев во фаза,нема шанси сеуште е многу рано само ќе се разочарам..Маж ми ми донесе дома тест,го купил враќајки се од работа,значи не беше ни со прва урина и беше со став ,,напрајго бе ако е негативен нема да го рачунаме,ќе чекаме до 14ти ден ,, иии опа,позитивен тест, на 11ти ден бета 257 прво ин витро после 5 годишна борба,4 инсеминации, 1 операција на јајници,помината цела Македонија каде што сум слушнала дека некој би можел да ми помогне .. Фала му на Бога,денес 13та недела при крај тераме Со лесно на сите! И сите да се израдувате!!!