Не, нее, не сфаќам погрешно. Баш ми е драго да имаме дискусија. Се согласувам со тебе за изборот на суплементи. Затоа и реков секој да го слуша својот доктор. Мене ми беше убикинол препорачан. Не само овде, туку и во странство. Дел од информациите за убикинолот ми се и од консултација со доктори кои редовно одат на конгреси, па биле присутни на презентации на студии. Имајте на ум дека голем дел од студиите се достапни само со претплата. Најголемиот проблем лежи во фактот што сите студии користат различни формулации на убикинол и убикинон. На тој начин не е возможно да се направи споредба на биодостапноста на двете форми, која би била со релевантен примерок на испитаници. Сличен проблем има и со ДХЕА кој произлегува поради различното дефинирање на што претставува намалена оваријална резерва при избор на пациентки за студиите. Но, она што се проткајува низ студиите е дека убикинолот покажува многу поспоро ниво на распаѓање, што значи подолго се задржува. А да е само убикинолот. Колку уште лекови и суплементи ги препишуваат, а за кои има уште помалку студии за нивните ефекти. А често се и многу скапи. А човек кога има проблем сè ќе проба.
Девојки, подарувам: - 1х кутија инекции клексан (рок 12/24) - 3х кутии декортин од 5 мг (рок 3/24) - 1х кутија бускопан (рок 07/24). За клексаните знам дека буквално на сите ви требаат, лично би сакала да ги подарам на членка што ги има искористено сите ваучери од ФЗО без успех и продолжила да тера постапка на приватно, бидејќи за таква членка финансискиот терет е најголем и ова барем малку би ѝ олеснило. Доколку се јави таква, би имала предност пред другите. Праќам по карго, доставата е на ваш трошок. Пишете порака и ќе се договориме.
А зошто да не вежбаш пред трансфер, поготово ако е замрзнат? Ќе одмараш после трансфер, барем првите два дена. Во странство не препорачуваат лежење по трансфер, туку лајт прошетки и активности. Во однос на храна, јас јадам исто ко и претходно што сум јадела а тоа е здраво и избалансирано. Мислам дека најважно е ембрионот да е хромозонски здрав и да биде трансфериран кога условите за негово враќање се идеални, ендометриумот да е трослоен, секаде еднакво задебелен, да немаш проблем со тсх и да го погодат прозoрецот за имплантација од 48 часа. Поздрав
Тоа значи дека ако имаш овулација/пункција на 14 ти ден, 5 дена му треба на ембрионот да стане бластоциста, и трансферот се прави од 19ти ден до 21 ден од циклус, тоа е најидеално, во согласност со задебеленост на ендометриум, тсх и останати услови. Во Грција многу пазат на тој implantation window и ретко прават свеж трансфер. Ако те интересира повеќе, изгуглај кога е најдобро да се направи трансфер и ќе видиш што ќе ти даде како одговор.
Мене ми вратија 5дневен, бластоциста ама на 15ти ден од циклусот а на 8ми ден примив стоп инекција и веќе на 10ти ден беше пункцијата заради тоа што докторот сметаше дека овулирам на 11/12 ден пократки ми станаа циклусите во последно време што докторот алудира дека тоа е поради намалените резерви.
Не знам што да ти кажам ( не сум доктор), јас само ги споделувам моите искуства од Грција што се многу поразлични со овие од тука. Инаку прв пат слушам за ова, на некој да му вратат ембрион толку рано но пак ке речам не сум доктор. Кој те води и колкаво амх имаш?
Здраво девојки Доколку некоја знае би ви била премногу благодарна на дадениот одговор и ви благодарм од напред. Се работи за следново Јас сум со пцос синдром и без циклус значи 2 пати годишно јас имам циклуси останав бремена вонматерично во април минатава година и завршив со лапараскопија т.е. вадење на едниот јајцевод што значи сега имам 1. Прашањето ми е дали со оваа дијагноза може на приватно да се направи ивф т.е. дали ќе се нафатат за ивф постапката што мислите вие ? Ви благодарам
Здраво да ве прашам дали смее да се примаат антибиотици во процес на инвитро дали имаат некакво дејство врз спермата?
Па реално како што објасни ти во претходниот пост твој исти е случајов мој математички, затоа што ти даваш објаснување за 28 дневен нормален циклус како што би требало а мојот е 24 дневен циклус што значи не овулирам на 14 ден туку на 11 АМХ ми беше 0.780 Ng/ml на трет ден циклус а тоа спаѓа во ниска резерва.
Јас имам циклус на 28 дена ретко се случило да ми дојде ден порано или еден покасно.А имам овулација на 10ти или 11ден секогаш,ја мерев скоро 7 8 месеци додуша и ја сеќавам секогаш.Нема правила се е индивидуално
Да се надоврзам значи воопшто не е различен начинот на ЕТ загради тоа што од пункција чекаат 5 дена за да направат ембриотрансфер и овде и таму (затоа што се надеваат дека бластоциста има повеќе шанси да се вгнезди) различното е лично мојот циклус кој не трае 28 дена туку помалку и таму да има некоја пациентка со ваков циклус кој трае помалку од 28 дена нема да чекаат 14 дена за пункција затоа што би бил веќе природно пукнат фолекулот и ќе припадне се.... Или обратно ако трае над 30 дена циклусот сигурно нема да овулира на 14 туку можеби 17-18 ден...логички
Баш така јас и помлада кога бев,тинејџерка си имав редовен на 28 дена точно ни ден покасно ни ден порано и симптомите за овулација секогаш на ист ден и буквална исти,со исцедокот,со мигрени значи се исто секој месец.Сега веќе некое време се промени тоа си го прават годините...