Да така е, јас пишав за најрегулар математички ако добиваш на 28 дена. Не знам колку години имаш, и мене ми беше на 28 дена, сега ми трае циклус 31 ден, не знам дали е тоа од годините или од стресовите што ги носат годините.
Па и годините и стресовите секако,33 ќе полнам за скоро и сега веќе ми е намален циклусот а тоа го приметив пред повеќе од година кога за прв пат правев ХСГ од тогаш ми се скрати циклусот незнам дали има тоа врска ама до тогаш се на 28 дена ми беше.
Колку пролутекса на ден користиш? Мене ми препиша 2 на ден плус кринон гел. Некако многу ми се виде. Трансфер здравје во петок
По еден Пролутекс на ден и три утрогестан,ама болкава како за добивање ќе ме убие психички се трудам колку можам да се опуштам тешко ми е...
Ве молам ако може да споделите искуство тие што веќе правеле трансфер колку прогестерон примавте од пункција до тест. Мене ми препишаа 2 инекции пролутекс и плус кринон гел еднаш на ден и естрофем 3х4 на ден. Не знам ни како да ги распоредам гелов со инекциите
Мене во ЊуБорн убаво ми дадоа рецепта за терапијата и до секое убаво напишано во колку часот и колку пати и колку дена,значи ти прават дневна шема како да ја користиш терапијата. А количината на прогестерон кај секого различни е нормално некој помалку некој повеќе зависи од резултатите од крв за хормони,мене нон стоп ме боцкаа да проверуваат.
Jas pravev torch na mikro pred 2 meseci mislam deka plativ 1000 i nesto den, a kariotipot na gin e 700den za covek
Dali prolutex go bockate isklucuvo vo stomak i dali kleksan e preporaclivo da se bocka vo stomak posle transfer. Pozdrav
Пролутекс само во стомакот а Клексан може стомак или рамо мене на извештајот така ми пишаа после трансферот и јас одлучив во рамо за да го одморам малку и стомакот од боцкање
Еве вака јас ќе ти кажам. Секој ден од пункција до трансфер Утрогестан 2х2. Пролутекс првпат вечерта пред трансфер! Вака ми беше пишана шемата првиот пат и тогаш имав имплантација. Вториот пат имав "недоразбирање" со докторот, сакаше трансфер да ми прави на шести ден наместо на петти, а прогестерон ми даде повеќе, секој ден од пункција до трансфер да се боцкам со Пролутекс. Јас се побунив и за терапијата и за денот на трансфер пошто ми станаа јасни работите... Не го послушав докторот! Наместо секој ден од пункција до трансфер, Пролутекс се боцнав вечерта пред трансфер исто како првиот пат! Повторно имав имплантација! И еве сега терам, сѐ е во ред. Значи кај мене беше ЕДНА ДОЗА Пролутекс (во 20ч вечерта пред трансфер).
А зошто сте се побуниле за Пролутекс може да појасните,која е причината. И мене исто од пункција до трансфер ми беше пишано и сега после трансферот пак се боцкам .... А инаку навечер се боцкав а на самиот ден на трансферот ми пишаа утрото пред трансфер да се боцнам.
Затоа што јас колку што сфатив не треба ни премногу прогестерон за да има имплантација. Првиот пат ми потенцираа дека Пролутекс мора да се почне еден ден пред трансфер, а Клексан секој ден и стопати ми рекоа да пазам да не ги згрешам. Овој пат бев со ваучер и имаше огромна разлика и во односот и во терапијата. Од терапија вториов пат ми дадоа само Пролутекс и Утрогестан. Заборавија да ми спомнат естрофем, Декортин, витамини... Јас си ја терав шемата од првото ин витро и успеав.
И јас се зачудив зошто немам некои витамини препишано ама секако мојов доктор е за примање витамини преку исхраната од сам старт ни рече џабе не фрлајте пари на суплементи ни ти ни сопругот ајде ок јас секако сменив исхрана а декортин,бускопан,бруфен,утрогестан, доксициклин, пробиотик од пункција до трансфер а после трансферот пак декортин 5 дена диазепам 3 дена и плус Пролутекс, Клексан и утрогестан. Плус за естрофем можеби сте немале потреба ако е добар ендометриумот...
Kaj koj doktor ste ako ne e tajna,i sakate da kazete deka koga sme so vaucer nese zamaraat tolku dali ke se fati ili ne dodeka odis privatno?
Што знам... Клучно беше тоа што прогестеронот на 12 ден кај мене беше 0.1 (треба да е под 1) и ендометриумот беше добар. Инаку јас правев крио трансфер на свеж циклус. Бев со краток протокол, терапија 10 дена со Фостимон. Воопшто не реагирав на терапијата (што е многу чудно со амх 4.1). Докторот ме мафташе до последно ми викаше дека ќе ми ја продолжи терапијата уште неколку дена, за на крај да ми даде стоп инекција после 10 ден. Инсистираше да ми прави пункција на естрадиол 223!!! Тоа би било евентуално една зрела јајце клетка, ни толку. Јас ја прекинав постапката и не направив пункција. Не ми се исплатеше за евентуално една јајце клетка да примам анестезија и да ми буричкаат по јајници кога веќе имам два замрзнати бластоцисти. Наместо пункција и свеж трансфер, омрзнав еден ембрион и направив крио трансфер на истиот циклус. Претходно проверив димери, TSH, пролактин и прогестерон. Сѐ беше во нормална освен пролактин. Испив две дози Достинекс и го симнав до долна граница пред трансфер. И со тоа сите параметри беа во ред. Нормално целиов случај си го водев сама. И успеав.
Тајна е затоа што доволно гужва се дигна и некој ако го прочита ова веќе ќе знае која сум. Никого не сакам да обвинам или да наштетам. Јас само си се борев за себе. Јас исто работам во здравство и само требаше да бидат попаметни и да не ме прават луда...
Па јас искрено никогаш не ги видов резултатите за да си ја знам вредноста само ќе ми кажеа според резултатите треба вака или онака и безрезервно му верувам на докторот што правеше со мене,на крај и самиот рече очекував и јас повеќе јајце клетки на таа стимулација ама ете само две успеавме. А пред неколку месеци со друга терапија ме стимулираше (приватно бевме тогаш) и беше задоволен.Сега сум со ваучер и некако долго размислуваше што и како да ми даде што покрива фонд што не покрива едноставно докторв прави математика како да не те оштети финансиски а да има добар резултат.Ист однос имав и прв пат приватно и сега со ваучер. Ако не сте прочитале до сега зворувам за доктор Владимир Трајковски -ЊуБорн и на сите го препорачувам без разлика каква ќе биде мојата бета за некој ден .
Најубаво е да си во сигурни раце и да не размислуваш за ништо, ама јас сакам да знам сѐ, а и видов колку е саат, плус работам во лабораторија и нема шанси да дозволам да не знам некој резултат и си проверувам на моја иницијатива. Битно да го најдеш начинот и да успееш.