Се преслив скроз незнам сега на кај да терам мора оваа недела да одлучам Кај Тофовски си бев на операции да правеше тој тамо ке одев
И јас за Поповиќ немам слушнато позитивно искуство. Сега не секогаш е и до докторите, ама важно е да има посветеност. Нема терапија за амх, да имаше ќе беше многу подобро и ќе ни дале. И гинекологот и ивф докторот ми кажаа не може да се покачи, и дека немало терапија.
Сето ова и јас го пиев/пијам, плус дхеа, витамин Е, инозитол, Профертил пиев, сега ги допив и не пијам, ПреМама, биофемин, кардиопирин. Едит:од овунорм многу ме болеше желудник, ги испив и не купив други.
Zaboraviv da pisam i premama piev.Sega pijam samo plus DHEA micronized,Bioastin,L-arginin bez ovunorm i premama.
Е ајде де, читав тука членки што пијат, ама тоа е за ПЦОС, а јас немам, и Ивановски ми кажа да не пијам. Го купив пред тоа и пијам.
Само што добив ваучер а имам 6 операции позади мене еднометриоза и слаб спермограм и затоа ми е важен докторот многу
Веќе нема да го пијам, што џабе само, а и Профертилот читам е за ПЦОС, а ми го препиша. Ем скапи, ем ги нема секаде, и не знам и дали имаат ефект. Ги допив и не купив други. ПреМама пијам, тие ми ги препишаа после пункција, сега кога бев во извештајот видов дека не ми ги препишале тие, ама си ги пијам, витамини се, нема штета, и бремени ги пијат.
Не знам за Димитров, ама како што имам читано стручен е, и Лазаревски, Ивановски, Трајковски исто е стручен иако мене не ми обрна нешто внимание, можеби јас очекував премногу, можеби таков си е човекот, или не му бил денот, не знам, ама има позитивни коментари за него, отиди си кај 2-3 ца на консултација и ќе одлучиш, ќе видиш кој најмногу ќе ти остави впечаток.
2000-3000 ден., читам на некои членки не им наплатиле ништо. Јас кај Трајковски бев на 4Д ехо и им кажав сакам и консултација. По телефон ми кажаа 4Д е 3000 ден, а за консултација не ми кажаа ништо. Кога бев таму на 4Д, Трајковски им кажа на тие таму да пишат фоликулометрија и 2000 платив. За кај Ивановски закажав термин, и одлучив кај него да правам ивф и не ми наплатија ништо.
Читам повеќето имате направено испитувања за имонулошки антитела (AFA,ANA,LA,ATIII,PC,PS), сакам да ги испитам, па што би ми покажале, какво влијание би имал резултатот за инф. Имам испитано мутации, торч, кариотип, тироидна.
Во однос на тироидната TSH ми e 2,14 ендокринологот ми вика не дава терапија ако е до 2,50 а читам дека за инф треба да е под 2. До сега имам 2 неуспешни инф. Искуство за TSH
Па и мене ендокринологот не ми даде терапија за тироидната, а ми варираше. 0.24, 2.24, 2.58, 2.38, 2.93. Бев на контрола со испитани тсх, фт3, фт4, анти тг антитела, анти тпо, инсулин, гликемија и ок ми беше. Ми кажа ако имам неуспешно ивф да испитам пак тсх, фт3, огтт со гликемија и инсулинемија (0.60, 120 мин.).