Здраво девојки, нова сум на форумов иако ве читам редовно изминативе години. Се зачленив само да ви ја раскажам мојата борба за бебе и да ви кажам никогаш да не се откажувате, колку и да е тешко, а пеколно тешко е. Имено изминативе 5,5 години колку што се боревме со стерилитетот поминавме 7 ивф, од коишто два пати воопшто не стигнавме до трансфер бидејќи ембрионите не се развиваа до 5ти ден. Толку многу солзи, падови и материјално и емотивно, а за мене најтешко беше психички да останам здрава и способна за понатамошни обиди. Барав помош и од психолози и од психијатри, последните три години ги поминав на антидепресиви, но си реков сама на себе ќе родам бебе па макар тоа да е последното нешто што ќе го направам во животов. Последното инвитро докторот реши да одиме на природен циклус, без никаква стимулација, без никакви суплементи, едноставно да видиме како ќе изреагира мојот организам. Нормално добивме само една јајце клетка ( претходно со стимулации добивавме по 5 до 6 ), се оплоди таа јајце клетка и ембриологот реши да имаме трансфер на 3ти ден и да му овозможиме на ембриончето да се развива во за него најоптимална средина. И не можам да опишам ама за прв пат бев толку позитивна и убедена дека овој пат ќе успееме што на денот на трансфер ги прекинав антидепресивите и си реков нема да си го трујам нероденото дете. За 14 дена прво направив домашен тест за бременост и не можев да се соземам кога ги видов толку очекуваните две цртки. Следниот ден бетата беше 500, а за две недели го слушнав најубавиот звук во мојот живот, срценцето на моето бебе. На 42 години имав бременост каква што само може да се посака и веќе два месеци моето сонце ме грее најсилно на свет. Сакам да ви кажам да верувате во себе, верувајте во докторот кој сте го избрале и знајте дека колку и да е тешко на крај сите ќе бидете мајки.
Да ти е живо и здраво бебенцето, цел живот да ве грее. Ти благодарам за споделувањето, ваквите приказни ни даваат сила да не се откажуваме
Mnogu ubava uspesna prikazna. Bravo ! Kaj koj dr bese?. Jas sum so neuspesi a bez dijagnoza I bez uspeh. Nekako mislam deka dr. Mnogu kamanjsi radi reda bez individualen pristap me tt3tirase. Sega sum na nekolku pameti od koj edniot da se otkazam.... ama nekako eden crv vo mene ne mi dava haha.
Првите две инвитра кај др. Петановски, наредните пет кај др. Трајковски и да требаше уште толку пак кај него ќе ги правев, безрезервно му верував на докторот. Секое следно инвитро нешто менувавме. Инаку објаснувањето на ембриолозите беше дека моите јајце клетки се со лош квалитет и затоа не се развиваат добро ембрионите и дека нивни совет е да одиме со донирани. Сепак решив дека се додека мојот организам создава јајце клетки ќе одам со сопствени и фала му на бога целата мака на крај се исплатеше. Од се срце ви посакувам успех на сите кои што ја водите оваа борба.
Дали со упат на имунологија и хумана генетика за амбуланта на имунологија има доктор кој би ми ги видел досегашните испитувања за да може да се разговара и да ме прати на понатамошни имунолошки испитувања ? На упат нема наведен доктор
Јас немам искуство, ама доста истражував и се распрашував бидејќи бев заинтересирана да го правам и можам да споделам до какви сознанија дојдов. Иако тоа што го читав за целта на овој тест, а тоа е да се најде кога ендометриумот е најрецептивен за да се зголемат шансите за успешна имплантација, ми прави многу смисла, најверојатно во реалност не дава толку подобри резултати. Во прилог оставам неколку линкови од студии кои го укажуваат токму тоа: https://jamanetwork.com/journals/jama/article-abstract/2799154 https://www.ncbi.nlm.nih.gov/pmc/articles/PMC8045470/ https://www.shadygrovefertility.com...ow-about-era-testing-from-a-fertility-doctor/ https://www.fertstert.org/article/S0015-0282(21)00882-7/fulltext За ефикасноста на ЕRA тестот исто така се консултирав со неколку доктори како др. Ивановски, мојот сегашен ивф доктор од Солун и со ивф доктор од Mayo Clinic (која е прогласена за најдобра клиника во светот за 2023) и сите ми го дадоа истиот одговор, а тоа е дека имало период кога го користеле овој тест и се воделе по него кога точно да биде трансферот, но се покажало дека не вреди и прекинале да го практикуваат. Доаѓајќи до овие информации се откажав некако од идејата да го правам. Како што сфаќам побитен е квалитетот на ембрионот, со прогестеронска поддршка секако не покриваат 5 дена пред трансфер и внимаваат на дебелината на ендометриумот. Неколку часа +/- за кога да биде точно трансферот, како да не игра голема улога. Ти посакувам среќа и успех без разлика што и да се решиш за тестов!
Здраво девојки, во постарите коментари ќе прочитате мои прашања, совети и слично и еве по некое време сум со мојата Ангела која направи 3 месеци. Трето инвито, трето оптеретување, успешно по 8 години одење по ходници и без никаква конкретна причина зошто немаше бременост. Сите резултати беа добри, но патот водеше кон вештачко. 2015 имав прородна бременост која заврши со спонтан, потоа не можеше. Во 2018 беше првото кај др Трајковски, 22 јајце клетки 19 се оплодија, инвитрото неуспешно. Во ковид пандемијата беше 2 инвитро кај Лазравски,три јајце клетки, негативен резултат. И во 2023 кај Ивановски 14 јк со 4 замрзнати и две трансфер, успешно. Се сеќавам, барав знаци дека сум бремена, имав менструални болки, негативен домашен тест, речиси и да не верував дека ќе биде, но на крај кога направив бета "ради реда", добив позитивен резултат. До самиот крај бев на штрек, демек сега нешто ќе искрсне, но не не беше ни до моите стравови и ставови, ни до ништо, сакаше и биде. Сега си се гушкаме и се бориме со грчеви во стомачето, а што било претходно нема ни да се сеќаваме ако не се медицинските истории и кредитите. За ништо не жалам, само едно знам, секој си е приказна за себе. Опуштете се и препуштете се на процесот. Колку и да е тешко, а е многу, не се опишува кој не поминал низ овој пат, издржете, само храбро и, пред се, колку можете чувајте си го здравјето и нервите. Ќе ви требаат кога ќе бидете мама <3 Тоа никој нема да ви го каже, сами морате. Нервите ги зачував, здравјето не баш, но ќе се подобрам. Знам дека тука има и многу повеќе жени што се соочиле со поголеми предизвици, но еве сакав да го споделам и мојот пример како уште една победа за бебе
Јас после првиот трансфер мирував 4 дена, петиот надвор на прошетка, а веќе од 8, 9 ден на работа со седење. Инаку и првите 4 дена не се препорачува цело време лежење, мора да потстануваш. Докторот ми рече и на ручек седнувње на маса. Имав позитивно бета, но спонтан за жал во 6 недела.
Кажи ми дали имаше некакви симтоми дека е имплантирано? Дали сите мора да чувствуваат нешто или може и без симптом да се има позитивно бета?
Profertil немаат метилирана фолна, обична фолна од 600 ако не се лажам. Така да слободно пиј си ги. Јас мијам метилирана 1000, метилирана б 12 од 1000 и плус пре мама витамини, кои содржат 400 фолат. Докторот ми рече слободно пиј сѐ.
Профертилот се џабе фрлање пари според мене. Едвај ги најдов и скапи се, не гледам некој ефект, може на некои помогнале, мене не, си пијам метил фолат, метилиран б12, мака, дхеа, витамин Д и Е, коензим Q10, биофемин, ПреМама. Па и Елова содржи фолна и инозитол.
Одлични се Профертилот за пред бременост, за припрема. Регулираат хормонски статус, не се толку скапи за џабе. Имаат уникатен состав каде го нема на друго место. Мене супер ми делуваа иако ги пиев само два месеци.
Јас ги пиев 2 месеци, немав некој ефект, и мм ги пиеше 3 месеци иста дијагноза, сега пак ги пиеше, секој организам е различен.
Продолжив кај Ивановски во Систина, и не погрешив. Агресивен е со терапија, но те покрива од сите страни. Не, остава ништо на случајност. Благодарение на него станав мајка.