Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    259 глас(а)
    15,2%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    197 глас(а)
    11,6%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    58 глас(а)
    3,4%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    35 глас(а)
    2,1%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    19 глас(а)
    1,1%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    98 глас(а)
    5,8%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    79 глас(а)
    4,6%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    111 глас(а)
    6,5%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    106 глас(а)
    6,2%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    310 глас(а)
    18,2%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    8 глас(а)
    0,5%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    277 глас(а)
    16,3%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    32 глас(а)
    1,9%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    56 глас(а)
    3,3%
  15. ГАК (Сите доктори)

    48 глас(а)
    2,8%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    9 глас(а)
    0,5%
  1. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    1.272
    Пол:
    Женски
    Жени да ве прашам дали аспиринот го пиете на гладно? Мене така ми препорачаа и наутро го пијам на гладно. Се плашат да не ми направи проблем со желудникот.
     
  2. Marr_ss

    Marr_ss Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2023
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Баш така.

    девојки да не ме сфатите погрешно, но тука сме да споделуваме искуства и за поддршка.
    За мислења, дози, одмарања или не..
    Се прашувааат доктори.
     
    На Monas95, 5678m, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  3. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.350
    Пол:
    Женски
    Точно така, тука си споделуваме наше искуство, што пиеме, што ни препишал ивф доктор, ама ивф докторот е тој што ќе ја одреди терапијата според дијагнозата, ние не сме доктори, ама си споделуваме што пиеме од терапија, инаку кај секого е различно, и кај секого различно делува терапијата.
     
    На Monas95, Lady Miami, Orhideja7593 и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.594
    Допаѓања:
    3.208
    Пол:
    Женски
    Полека малку, не сме непријатели.
    И да, јас си знам, зошто 4 пати имав трансфер, освен што влегуваат со катетер и го враќаат ембрионот ништо др не се случува, тоа не е инвазивна процедура. По некои странски клиники пациентките лежат само 15 мин по трансфер и потоа не им следува ниту боледување, како кај нас што ни следува 2 недели. А си кажав за 9те месеци пошто такво беше прашањето на членката.
     
    На bebe2023, Kris80, TanyaClover и 5 други им се допаѓа ова.
  5. Marr_ss

    Marr_ss Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2023
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Не сме непријатели, имаме само различно размилување, поради тоа не би продолжувала.
    За мене репер за "најдобро" не е странство пример.

    Посакувам најискрен успех на сите <3
     
    На Anyshka и Orhideja7593 им се допаѓа ова.
  6. 5678m

    5678m Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јули 2014
    Пораки:
    191
    Допаѓања:
    298
    Mene ako me prasuvate treba od pocetok na stimulacii da sme na boleduvanje, da ne sme pod stres i vo trcanje, na momenti kako izgubena sum, pred malku zaboraviv i apcinja da se napijam od sto pametot na sto strani mi e na momenti.
     
    На Martka, Lavica2016, bebe2023 и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Marr_ss

    Marr_ss Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2023
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    Исто мислам и исто се осеќам.
    Под стрес, од обврски, растрчаност
     
    На blablaabla, 5678m и Orhideja7593 им се допаѓа ова.
  8. Orhideja7593

    Orhideja7593 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2020
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    831
    Пол:
    Женски
    Јас имам пишувано и претходно за ова,кога почнав со стимулации и морав од 15h до 17h да се боцкам секој ден баш во тој период сум на работното место и тогаш е најголемата "гужва" баш тој период и морав да лажам да се кријам во тоалет да измислувам дека имам стомачен вирус за да одам да се боцнам па се тоа набрзинка,па растварањето од брзање едвај го правев па ми паѓаше се од раце абе хаос невиден и тоа е стрес секако....
     
    На Viktorijaaa5, intj_girl, blablaabla и 2 други им се допаѓа ова.
  9. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.594
    Допаѓања:
    3.208
    Пол:
    Женски
    Ти изгледа почна со стимулациите :) со среќа да ти е, да биде успешно. Се друго е небитно.
     
    На bebe2023, Bejb15 и Marr_ss им се допаѓа ова.
  10. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.594
    Допаѓања:
    3.208
    Пол:
    Женски
    Еднаш од толкав хаос и гужва со се, шемата ја заборавив дома, а на преглед бев. Па среќа маж ми ми ја сликаше и ми ја прати на вибер. Камо среќа да може и за стимулации да одмараш.
     
    На Martka, 5678m, Anyshka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. Marr_ss

    Marr_ss Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2023
    Пораки:
    278
    Допаѓања:
    430
    Пол:
    Женски
    не сум, а, и не знам зошто би ти било тоа важно за тоа дали јас со тебе имам исто мислење или немам. :)
    Среќно и кај тебе (fingers)
     
  12. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.594
    Допаѓања:
    3.208
    Пол:
    Женски
    Да ве прашам за клексаните. До сега земав извештај од трансфузиолог. Но сега имам од гинеколог од секу дарна здр установа, значи од болница. Дали рефундираат и вака или сепак морам од трансфузиолог?
     
  13. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.350
    Пол:
    Женски
    И јас ако се прашувам најдобро на боледување да сме од почеток на стимулации.
    Ќе си кажам за мене, среќа што си работам од дома, одев на боцкање кај матичната на мајка ми, мојата е во друг град, за мериоферт ми кажаа поручек, еве не знам зошто мене така ми кажаа.
    Кога ми вклучија цетротид ми кажаа до 9 сабајле да ја примам.

    Кога ја прашав сестрата дали може и мериоферт заедно со цетротид ми кажа не можело, рано било за мериоферт, тоа поручек накај 17-18 часот, најдоцна до 19:30.
    Одев по 2x дневно да ме боцкаат, страв ми беше сама, па дури и сестрата и матичниве што ме боцкаа за мериоферт ми кажаа нема шанси сама, друго биле клексаните.
    Еве да не работев од дома како, и прва и втора смена да бев ќе морав на работа да се боцкам, читам членки оделе во wc на работа се боцкале, па им истекла течноста, а колку е хигиенски во wc да се боцкаме, уште инфекција да фатиме.
    И тоа ќе треба набрзина да се боцнеме на работа.

    Никогаш не сум имала болки во јајници ниту за време на циклус, ама сега од стимулациите имав болки во јајниците, посебно во десниот.
    Некои и дале отказ само да биде се во ред, ама не сме сите исти, и зависи каква работа, друго е канцелариска работа, друго е физичка каде што се дига тешко.
     
    На Martka, 5678m, Orhideja7593 и 2 други им се допаѓа ова.
  14. Hygge-girl

    Hygge-girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јули 2023
    Пораки:
    409
    Допаѓања:
    4.597
    Пол:
    Женски
    Немораш од трансфузиолог. Јас последниов пат рефундирав со извештај од специјалист гинеколог од државна дека ми се препишани толку и толку клексани и плус од матичен лекар извештај дека сум ги примила истите
     
    На Lady Miami му/ѝ се допаѓа ова.
  15. Lady Miami

    Lady Miami Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 декември 2022
    Пораки:
    1.594
    Допаѓања:
    3.208
    Пол:
    Женски
    Да, тоа сакав да прашам. Фала ти
     
  16. Orhideja7593

    Orhideja7593 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 јануари 2020
    Пораки:
    696
    Допаѓања:
    831
    Пол:
    Женски
    Па да јас во тоалет на работа се боцкав,пазев многу секако ама ајде не е тоа толку проблем,проблемот е што го правев тоа под стрес и со брзање

    И плус за отказ секако размислив ама па без работа нема здравствено осигурување,нема трудничко боловање,нема плата (а знаеме колку чини се ова) ...тоа па неможам да си го дозволам
     
    На intj_girl, 5678m, Lady Miami и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    8.495
    Допаѓања:
    37.350
    Пол:
    Женски
    Јас кога одев кај матичната на мајка ми, сестрата од едната смена беше многу млада, сигурно само што почнала со работа, па едвај раствараше и едвај ме боцкаше, и тоа во рака, потоа за цетротид ми кажаа или во рака или во стомак, ама најдобро било во стомак, и беше страв, па ја викаше докторката да ме боцне, а не јас сама да се боцкав, се ќе ми истечеше течноста од паника.
    Е стоп инекцијата мораше мм дека ми кажаа во 23:30 да ја примам, па и него му беше језиво во стомак.
    Таа една комшика што ме боцна прв пат со мериоферт работи на гинекологија воопшто не осетив болка кога ме боцкаше, само вечерта десниот јајник ме болеше, ама тоа е нормално.
     
    На Orhideja7593 му/ѝ се допаѓа ова.
  18. hub

    hub Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 јули 2018
    Пораки:
    544
    Допаѓања:
    630
    Пол:
    Женски
    Хормони на 2 или 3 ден циклус сте правеле и после 3, во клиниката каде што ќе правите ивф? Конкретно во new born... и во avicena
     
  19. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    1.272
    Пол:
    Женски
    Од ГАК само, но доколку имаш позитивно бета. Зошто за време на постапката на инвитро од ГАК не даваат само од трансфузиолог.
     
  20. Laura7

    Laura7 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 октомври 2023
    Пораки:
    1.646
    Допаѓања:
    1.272
    Пол:
    Женски
    На втор ден ми рекоа да правам од таму, но ги правев во странство и ми беа нешто покачени, па кога се вратив од зимување Трајковски ми рече пак да направам тука, да не нешто не им бил апаратот како што треба таму и ги направив на 10 ден на клинчка биохемија.