Во упатството пишува дека храната не игра улога. Кардиопирин и аспирин 100 имаат ист состав и се даваат за иста намена. Јас лично не го пијам на гладно
Девојки оваа тема е најактивна затоа тука прашувам На ГАК дали зимат крв за хормонален статус во втора смена?
Здраво дали има некој број од Фондот јас го имам избришано а ми треба за пријателка Јас прво успешно кај Др. Ивановски еве го бебушот 4 месеци малце порано не изненади но супер сме
мене 6 ми извадија искрено не ме болеше ама си пиев 2 бруфена дневно али не сум уште правела трансфер ради прогестеронот е прва менструација беше болна први 3 дена јас сум мн толерантна на бол ама не се издржуваше и морав да пијам 1 ден трпев само тоа е мое искуство..
На самиот ден пред трансфер, ставам оваа утро и првата утринска мокрача во крв! Стварно сум во паника од што би можело да е? Ве молам вашето мислење.
Без паника, може да е камче во бубрег, но и уринарна инфекција со ешерихија коли. Дали имаш болки при мокрење и болки во стомак или бубрег? Секако што и да е и да бидеш мирна веднаш испитај урина и дади уринокултура, а бо меѓувреме пиј увин чај и чај од брусница. Со лесно
Девојки здраво, сакам да ве прашам за крио трансфер освен крвна слика, пап, микробиолошки, хормонален статус кои други ипитувања ги правите. Пред првиот трансфер трансфузиолошките испитувања ги направив, се покажа мутации и хомо и хетеро и пиев аспирин и примав клексан, торч правев ок беше, хормони ок. Кариотипот кој покажа проширен хромозом.. Се случи спонтан. За вториот трансфер не испитував ништо плус и се си мислам тука беше пропустот, плус е2 беше висок но сепак се напраи трансфер и ништо. Бета 0.. И дали сте имале ситуација сами да си побарате проверка на прогестерон пред трансфер во систина затоа што не им е во пракса да проверуваат..
Kaj koj dr si? Kaj Dimitrov ako Sam ne napravis on nisto arno ne arno on transfer si pravi obavezno baraj ili ispitaj sama . Good luck
Прочитав некаде дека за трансфер е многу важно да се одреди точно денот кога да биде, за да матката биде подготвена да го прими ембрионот. Наводно најдобри биле деновите од 19-21 ден од циклусот. Е сега прашањето ми тие што сте правеле набрзо, на кој ден ви беше трансферот? Зошто мене првиот пат ми направил на 19 ден од циклус, а сега на 17.
Здраво на сите. 6 ден од трансфер ми е со 4 дневни ембриони и од вчера осеќам како тапа болка во долниот дел слична на менструална, но не иста. Градите од вчера исто почнаа да наболуваат и денес за нијанса поинтензивно. Денес и се расплакав за банална ситница и тоа плачење на цел глас. Пункција не правев за да се болките од тоа. Од терапија примам декортин, клексан, аспирин, витамини и пролутекс, но тој го примав и претходно па немав некои реакции од него. Има ли некоја надеж?
Имав грип минатата недела но сеуште имам кашлица и омалаксаност чувствувам. За една недела отприлика треба да одам за ИНФ по природен циклус овој пат. Но можеби е најдобро да се опоравам па следниот месец да одам?