Јас се поеодив 36+1. На три места ја водев бременоста(високо ризична) и секаде ми сметаа од последен циклус
Здраво, јас бев со краток протокол и вчера имав трансфер. Од втор ден на циклус, 8 инекции фостимон, цетротид 4 инекции и една стоп инекција пред пункција. Ми извадија 7јк од кои 3 се оплодија. После пункција 4 клексани и еден пролутекс и сега после трансфер клелксани и пролутекс 14 дена.
[ Ова прв пат слушам вака доктор да брои. Секогаш се зема последна менструација. Јас при првото инвитро спонтан имав во трета недела после трансфер, но доктор ме водеше како 5 недела и спонтаниот го запиша така во 5, според последната менструација.
Жени вие што се боцкање со клексани, една консултација. Значи партали сум со модрици и во рамо и во стомак од боцкањето. Во стомак ми рекоа да се боцкам во регијата лево и десно на три прста оддалеченост од папокот. Но веќе таму нема место каде немам модрица и оток, а не смее да се боцка на место каде веќе има модринки. Помош, како се справувате во вакви ситуации, дали се боцкате и во други место на стомакот и како да се спасам од модринките?
И јас сум иста јас па и пролутекс боцкам ужас. Кога нема каде боцкам и од лактот надоле према раката од горната страна. Се мачкам и со хепатромбин ама не помага многу.
Се боцкам и во рака и во стомак, сега стомакот ми е избоцкан па боцкам во рака неколку дена, па после тоа пак во стомак. И јас боцкам и клексан и пролутекс со лесно нека ни е на сите, мислам дека заслужуваме после овие мачења радост на крај ❤️
Ти благодарам, посакувам на сите во групава да успееме во оваа борба и да се радуваме на крај со полни раце среќа ❤️
Девојки, ако некој го пропуштил мојот пост за пролутекс, имам цела кутија со рок 03/24 што не можам да ја искористам. Ако му треба на некој периодов пишете ми да се договориме.
Јас се породив во 36та недела, инаку и докторот кај што го правев ивф-то и докторот кај што ја водев бременоста сметаа од ден на последна менструација.
Здраво на сите, ме интересира ако може да споделиме и размениме искуства или препораки од лекари. Мене пример после трансфер ми рекоа да мирурам првите 3 дена и потоа може некои полесни активности. Односи никако и по скали никако. Е сега јас живеам во зграда 4 кат без лифт и од препоракиве ме фаќа страв да излезам надвор поради скалите. Толку ли се опасни скаливе до тест?
Девојки, некоја што е во процес или веќе правела ИВФ кај др.Лазаревски во Систина да ми пише ако може лп, да прашам нешто Фала однапред.
Ве молам некоја од вас да ме упати… здравје планирам втора инсеминација, во меѓувреме се мислам дали да аплицирам за ваучер. И ако ми одобрат после колку време можам да го правам? Да ме ми истече, ако пробувам со инсемин или природно. Не сум во тек … Јас имам хсг ( една туба не беше нај, не помина скрос, другата добра), хормони испитав, амх. Што друго бараат? Торч, витамин д прочитав… ве молам за совет, како да постапам и добијам на време најдобро.
Девојки ај мала помош. После трансфер тие што сте боцкале клексан и пролурекс, а сте пиеле и аспирин, колку треба да е растојанието помеѓу клексанот и аспиринот? Досега аспиринот се на гладно наутро го пиев. А сега наутро боцкам пролурекс и клексан. Дали е погрешно попладне да го испијам аспиринот?
12 часа мора растојание меѓу аспиринот и клексанот. Јас обратно пијам наутро аспирин на гладно, навечер боцкам клексан. Сега пролутекс не примам но кога примав него го боцкав на ручек околу 16 часот.