6 месеци важи од кога ќе ти одобрат. Инаку покрај хсг и хормони, мора да имаш негативни микробиолошки брисеви ( не постари од 6 месеци) и пап и преку крв да испиташ и за хепатит. А за партнер бараат два спермограми од две различни институции и исто негативен тест за хепатит и за него.
12 часа разлика.Наутро аспирин,навечер клексан,се уште така терам,а пролутекс се боцкав исто од сабајле.до кај 13 та недела,после ми ги прекина Петановски.
Не смее на местото каде веќе има модрици? Па мене двете рамена ми се џигер модри,само во рамо боцкав ваљда не сум си направилс проблем што боцкав едно до друго...
Мене ми рекоа пролурекс наутро, затоа вака одлучив повеќе ми одговара за боцкање бидејки не де боцкам сама. Само се плашам да не е погрешно аспирин навечер
Дали некоја членка имала искуство да пред трансфер да вади заб значи само пијам контрацептиви до тој дел сум а со замрзнати ми е трансферот
Не знам искрено. Секогаш сум го пиела насабајле. А да прашаш некоја од сестрите,докторот? Или еве можеби ќе каже некоја членка Еве сега прочитав,ти пишале дека можеее,така да уживај и гали меше
Такви ви се кожите, мене матичните што ме боцкаа ми се чудеа како немам модрици, и со мериоферт и цетротид што боцкале други им се појавувале, мене само со последната цетротид ми се појави црвенило и ме чешаше, ама тоа дека 2 едно по друго примив, а во Систина ме боцнаа, сега со клексани може подруго да е. Мачкајте со хепатромбин.
Да не се препорачува, во близина на модрица може но на место каде веќе има подлив не треба. При боцкање дали ти истекува крв?
А пролутекс навечер може? Тогаш да направам таква комбинација, за да го пијам наутро аспиринот Аууу колку сум збунета како прво ивф да ми е
Фала многу зс одговорот. Да, ќе направам пап и брисеви. А тоа торч треба ли? Или само хепатит? Сопругот правеше хив тоа пакетот и негативно беше се.
Мене воопшто, само кога проверував хормони во Систина, дека ми кажаа цетротид пред 9 да примам, и ми кажаа таму ќе ме боцнат, и нели резултати се чекаат два саати, ме виде докторот на ехо, и и кажа на сестрата со уште една цетротид да ме боцне, можеби дека едно по друго па затоа имав црвенило, а инаку на различни места ме боцна. Кога ме боцкаа тогаш осеќав пецкање само.
За ваучер торч не бараат, ако сакаш за себе тоа е друго, за тебе 4Д ехо, хепатит Б и Ц и хив и за двајцата не постари од 6 месеци и два спермограми од две различни институции со растојание од еден месец. За тебе и крвна слика со гликемија и седиментација. Хормони имаш испитано, да не бидат постари од 6 месеци. И 4 инсеминации преку еден месец, зависност од вашата дијагноза, на некои им бараат 2, на некои 3, некои без инсеминации.