И јас сум над 40ка, имам негативно искуство со истиот доктор. 4 пункции и 5 трансфери кај него, сите неуспешни, причина, ,, годините и квалитетот на јајце клетките“ а ПГД никогаш направено, затоа што според препораките на докторот било агресивна метода. Додуше кога ќе се сетам овие 4 години со сите доктори кај што сум била имам некакво негативно искуство. Јас би ти препорачала да се распрашаш и доколку имаш финансиски средства да палиш колата , авионот Прага, Софија, Солун пошо стварно немаш време за губење.
Не баш сите имаат средства за надвор. Ајде да не глобализираме и да ги напаѓаме нашите доктори. Имаме многу стручни доктори и многу успешни приказни, форумов е доказ. Сепак сите сме свесни дека за успешно инвитро, влијаат многу фактори, не е само докторот фактор. Затоа да не им ги убиваме надежите на тие што решиле во Мк да ја тераат оваа борба.
Точно така, не секогаш докторите се виновни, тоа зависи и од нашата дијагноза, како реагираме на терапија, годините (што и не мора да значи), тука има и млади што се по 23-25 години. Инаку мене ендокринологот ми кажа тука доаѓале од Германија специјално за ивф, не мислеше на Германци, туку на наши што се таму, па негде и на форумов прочитав.
Точно дека немаат сите средства за надвор само што ин витрото чини исто колку што чини и во Систина ако одиш на приватно, а инекциите се многу поефтини. Јас не сакам да им ги убивам надежите на девојките што одлучиле да одат кај нас на ин витро,секој сам ќе си осети на своја кожа, но после 7 стимулации со над 40 години еден тон пари фрлено во нашите болници сакам да ги посоветувам барем тие што ми се врсници да си ја пробаат среќата на друго место.
Јас правев во Германија т.е не ни стасав до трансфер.Сега се јавив за ново ИФВ во истата клиника па ми кажаа спремно е се дојдете земете го рецептот за инекциите сега демек долг протокол.И прашав како да се боцкам првин нели треба да испитаме хормони пред да почнам со нова терпија.Ми кажаа нема потреба во ред биле хормоните а тоа беше пред 4месеци.Па така ја сменив клиниката.Никаде не е сјајно
Барем Германија е голема држава и имаш некој избор, во Македонија изборот е многу поограничен. Не знам колку е точно, но имам слушнато од пријателка што правеше ивф во Германија дека пристапот им е многу конзервативен, не можеш да користиш материјал од донор или ПГД испитувања?!
Пристапот беше во ред јас барем такво искуство имам.Јас имам колешка германка што е венчана за ист пол и тие користеа матријал од донор можиш да користиш.а за испитувања исто како и секаде мора сам да бараш.Секоја приватна клиника гледа пари да извлече од нас и тоа е нормално.
Правев денес 4Д за ваучер, пишано ми е 8-9 антрални фолекули вкупно. Дали е тоа ок? Хормоните не ми излегоа добри, Трајковски ми рече прати ги кој ќе ги гледа, ама не ги разгледа добро сега се мислам што да правам. Отстапуваат естрадиол 135 pg/ml (19.5 - 144) и LH 1.2miU/ml (1.9 - 12.5). Би чекала следен месец да ги повторам но сега се спремам за хистероскопија и пијам мигрогинон. Сигурно на следен циклус хормоните нема да се како што треба. Значи многу се нервирам, се нешто не ми искача. Ве молам за совет.
И јас се зафркнав каде што пратив со високо е2, а фсх ми беше 11.1, мислев само фсх не треба да ми биде висок, и поради е2 ми побараа и амх, а Трајковски кога бев за 4Д ми кажа 6-ти ден од циклус да испитам хормони, го послушав, фсх ми беше 34 и затоа го пратив првиот хормонален статус, чекав 5 недели ваучер, и потоа уште 5 за дополнителни документи. Ако не се брзаш испитај пак. Како бе кој ги гледа ти рекол, епа не за џабе ни бараат дополнителни документи. Јас се брзав, 6 месеци им поминуваше на некои документи.
Баш гледаат се до ситница и потоа ќе си чекаш дупло повеќе за ваучер кога ќе ти побараат дополнително да приложиш во нови резултати со хормони.Не ги праќај такви мој совет.
Јас се породив 38+4 ми броеја од ден на последна ментриација исто во државна се породив царски бев со планцентна превија високо ризична бременост
Оваа твоја финта и претходно ја имам прочитано од тебе Здравје само, следен пат кога ќе треба да примам клексани ќе ја пробам Ако може да прашам, дали кога ќе го отвориш клексанот дирекно одма го боцкаш, или прво го истиснеш воздухот па потоа боцкаш? Многу добро се сеќавам во Плодност Битола ми кажаа дирекно одма да го боцкам, а медицинската сестра што ме боцкаше го истиснуваше воздухот пред да го боцне.
Колку што знам треба да се истисне воздухот, на мене 2 пати сестра од клиниката ме боцкаше и го истиснуваше воздухот, сега маж ми ме боцка и гледа да го истисне воздухот. И јас ги боцкам во исто време клексанот и пролутекс навечер.