И тоа ми беше прашањето, дали може повеќе дози, да не не треба? Јас планирам кога ќе ја почнам првата, таман да ја направам втората, и ќе отстои 40 дена. Па и оваа еве за 2 недели таман ќе се направат 40 дена, секој ден како да се згуснува повеќе. Ја растресувам и баш гледам.
Јас минимум 8 месеци без престан конзумирам. Според мене не е проблем, сува смоква и маслиново масло, се е здраво
Не можам да ја најдам последната сметка од Систина од јули, на оваа од април стои 37550 ден плус се што уште сум примала (овитрел и сл) се вкупно било околу 43000 ден. Во Њу борн кога замрзнувавме сега во ноември прашавме за повеќе работи, па не сум баш сигурна дали запомнив убаво 39.000. Се што е пост трансфер терапија сами секако си ја плаќаме, па ова се цени само кон болницата за одмрзнување и транафер. Спомнаа на форумов дека има качувања на цени, па за сигурно можеш да се јавиш и да прашаш, мене секогаш ми давале инфо и едните и другите.
@NoraMK , честитки од срце, те памтам од порано со лесно до крај. @Bapeski , мој совет е замрзнати на приватно да си враќаш, зошто повеќе се исплаќа ваучерот да се троши на целосна процедура. Ќе биде следен пат, биди силна
Среќата те чека напредниот пат Дај си малку време секако да го одмориш телото , сигурно ќе биде нареден пат ❤️
Малку помош може ли? Некоја членка во скоро време да има купувано DHEA ? Ме интересира од каде и колку пари? Разгледував низ темава некои линкови што сте ставале претходно меѓутоа нема ништо на залиха.....
Фала ти,видов баш има избор од три меѓутоа на ниедна не пишува микрогенизирана...а таква нели ни препорачуваат.
Prasaj vo Biotika,ako nemaat momentalno prasaj za kolku vreme ke dobijat,jas od tamu zimav vo noemvri