Не сум испитала до сега. Прво ги пиев на своја рака, сега ми ги препиша. Можеби поради ниско амх, не може да се покачи, ама барем да се подобри квалитетот на јк. Ти не си пиела до сега? Баш ме зафркаваше докторот, ми кажа " нели ти е подобро од нив, расположение, па демек нагон повеќе", не сум приметила тоа
Mene mi ispitaa,mi bese vo normalni granici,ama imam 40+ i nizok amh i za toa mi dade,za podobruvanje na kvalitetot
Тотално се сложувам со тебе и скроз си во право, на своја рака никако не треба. Јас пиев 3х2, па намалив на 2х2 па 2х1 и ги прекинав, исто ставав и утрогестан 3х2 плус пролутекс. Ввчера го завршив последното пролутекс, испитав прогестерон ми беше супер и затоа од денес веќе нема да ги примам, секако најчесто до 12та недела ги даваат пролутекс иако во минатата бременост ги боцкав до 10та недела само и после останав само на 1х1 утрогестан. Затоа го правам овој чекор, а за естеофемот не знам дали згрешив ама такви мачења со него имав што не беше нормално тоа. Сега се осеќам одлично и мислам дека сега конечно сум среќна во бременоста.
Јас чекам по 2-3 недели од iherb, за метилфолатот пред трансфер си порачав 3 кутии и таман имам за цела бременост, со попуст ме фати околу 600 денари кутија, па не се малку пари разлика, плус има и dhea за помалку од 1000 денари. Моја препорака само iherb
Јас ги порачав во јануари, треба во средина на март да ми стигнат. Претходно Фолна нарачував и многу брзо стигна.
Не сум пиела никогаш досега, прво ивф ми беше и прв пат сега пред ивф докторот посочи да испитам АМХ и испадна ниско претходно појма немав за тоа. Сега учам некои работи околу суплементи ова она....
Обично за 3 недели. Последно порачав фолна и б12 метилирани, на апликацијата стои дека треба да ми се стигната пред 5 дена. Уште немам добиено картонче од пошта па утре ке одам да си ја барам пратката во Пошта. До сега сум немала проблем, ама ете нашите функционални институции...
Да, да, многу се поефтини, метил фолат на now околу 800-900, а во Зегин 1690, микронизиран дхеа од 25 мг 700 и нешто, и две да порачам 1500 ќе ме фати, а од Биотика 3.120 со достава, голема разлика.
Девојки во врска со испитувањата на имунологија, имам правено почеток на 2023 година. Се беше негативно, сега не можам да ги најдам резултатите да видам што сум испитала но прашањето ми е дали тие испитувања се повторуваат или само еднаш се прават.. Афа, Ана сигурна сум дека имаше но за друго не се сеќавам. Обично што друго се испитува ако не да ги повторам..
На иста мака сум,јас пиев антибиотици по препорака од матичниот гинеколог и пак имам...после пак ми даваше инјекции антибиотици и не прифатив. Јас бев на уролог и моментално сум на терапија,моја препорака уролог. Се надевам дека ќе ја немам таа гнасна Коли јас така ја нареков. И за имунитет земи си,јас ги користам Betaimmune Health aid