Слушам дека само во Плодност Бт. Тие што го направиле ова нека споделат искуство со друга метода пред да пробат со оваа.
Јас би ти кажала се зависи дали уште им веруваш на досегашниот доктор и на ембриолозите во Систина или се осеќаш дека ти е доста и од болницата и од докторите и од се што е таму и сакаш да си ја пробаш среќата на друго место. За жал и докторите не се семоќни и не зависи 100% од нив работата. Ама за медицинскиот дел што е, е битно да имаш доверба дека докторот и ембриологот ги носат правилните одлуки и дека не си само уште еден случај туку дека навистина ти се посветува внимание. Колку сметаш дека е посветен докторот со твојот случај? Дали ти нуди различен пристап секој пат? Дали има претстава која може да е причината за неуспешните обиди до сега? Дали има план за следен чекор што ти е логичен на тебе и ти прави смисла? - Ова беа прашањата кои јас си ги поставив, кога почнав да размислувам да сменам…Немора да ми ги одговориш на мене, седни и размисли си. Најбитно е ти да се чувствуваш сигурно и да имаш доверба во докторот! Одлуката дали да продолжиш во Систина или на друго место е само твоја. Можеш и да си закажеш консултации со потенцијални доктори за кои се размислуваш. Види што ќе ти предложат…Може ќе ти предложат некој поинаков план што ќе ти се допадне…И ќе ти помогне да се решиш што да правиш. Ти посакувам успех што и да одлучиш!
Ние направивме со макси методата и имавме оплодени 4 здрави. Сопругот е со мн слаб спермограм, и заради таа метода отидовме таму. Е сега за усшеност, ќе видиме докторите се надеваат на успех па се надевам и јас
Ти благодарам на одговорот. Дали маж ти имаше некоја од овие дијагнози asthenozoospermia или oligoasthenozoospermia? со среќа и се надевам ќе биде успешно кај тебе
окторите не се семоќни и не зависи 100% од нив работата. Ама за медицинскиот дел што е, е битно да имаш доверба дека докторот и ембриологот ги носат правилните одлуки и дека не си само уште еден случај туку дека навистина ти се посветува внимание. Колку сметаш дека е посветен докторот со твојот случај? Дали ти нуди различен пристап секој пат? Дали има претстава која може да е причината за неуспешните обиди до сега? Дали има план за следен чекор што ти е логичен на тебе и ти прави смисла? - Ова беа прашањата кои јас си ги поставив, кога почнав да размислувам да сменам…Немора да ми ги одговориш на мене, седни и размисли си. Најбитно е ти да се чувствуваш сигурно и да имаш доверба во докторот! Одлуката дали да продолжиш во Систина или на друго место е само твоја. Можеш и да си закажеш консултации со потенцијални доктори за кои се размислуваш. Види што ќе ти предложат…Може ќе ти предложат некој поинаков план што ќе ти се допадне…И ќе ти помогне да се решиш што да правиш. Ти посакувам успех што и да одлучиш![/QUOTE] Ти благодарам за одговорот. Од страна на докторот сум покриена со максимална терапија но ете не сака да бидне. Во мисла ми е дали нешто немам испитано и ја кочи работата. Имам испитано кариотип, торч, амх, хистероскопија, генетски мутации, вит Д, инсулин...
Здраво феминки! Денес ми е 11ти ден од циклус,сега кога се избришав имав бледо розево. Синоќа матичната ме гледаше на ехо,освен пцо што имам цел живот и мало ендометриомче немаше ништо друго. Хормони се во ред.Паничам,некое слично искуство?
Ние баш поради таа макси метода отидовме во Плодност, бев убедена дека нашата среќа ќе биде таму, но за жал и со таа метода немавме успех. Имаше оплодување, добивме 2 ембриони од извадени 4 ри фоликули, но на крај бета 0. Значи не пресудно ако ја одбереш таа метода и дека 100% ќе имаш оплодување или успех. Но можеш да појдеш и да си разговараш со докторот, да видиш каков впечаток ќе имаш, моето искуство е позитивно, стручен тим и се како фамилија.
Многу е тоа, јас сега порачав, ми пишуваше од FedEx 28.02-01.03, на другите 15-ти Март, ама ти Јануари си порачала, нели се чека 2-3 недели?
Со стоп инекција мм ме боцна сега, и кога ја извади иглата имаше малку крв, минатиот пат кога ме боцкаше ништо немав. И пред да ме боцне малце истече, мислам од иглата пред да ме боцне 2 капки, не додека ме боцкаше.
Не, откако ме боцна имав малце крв на стомакот, ама не ми тече, како кога ни земаат за крвна слика. Дека минатиот пат ништо немав, па затоа сега чудно ми е.
И мене ми се има случено еднаш,некое мало крвно садче е погодено,ништо страшно не се замарај,ние што се сме поминале ехее…