За почеток би била среќна само да имаме оплодени јајце клетки, бидејќи претходно немаше оплодување и не ни стигнавме до трансфер. Се надевам оваа метода е подобра за селекција на најдобрите сперматозоиди, па со тоа ќе има оплодени јк.
За почеток би била среќна само да имаме оплодени јајце клетки, бидејќи претходно немаше оплодување и не ни стигнавме до трансфер. Се надевам оваа метода е подобра за селекција на најдобрите сперматозоиди, па со тоа ќе има оплодени јк.
Ние од 10 извадени јајце клетки, ембриолозите со 9 работеле, од нив 5 беа оплодени од кои 4 стигнаа за трансфер и замрзнување. Најискрено јас сум презадоволна од тој процент и од работата на целиот тим таму. Медицински скроз одлично поминато. Покриена целосно со терапии. Е сега за успешност, оставено е на мајка природа и бога. Не секогаш е се во рацете на докторите
Здраво девојки, дали некоја знае како треба да изгледа изјавата дека сме во вон брачна заедница, а да не не вратат кога ќе аплицираме за ваучер? Ова ќе ми биде 3ти пат ама имав претходно проблем. Прв пат кога аплицирав го предадов тој формулар што е на страната на фзо (прифатен беше) Вториот пат со истиот со тоа што ме вратија ( као се сменила комисијата треба со ваши зборови да напишете од кога сте заедно, дали имаме деца бла бла), ама испадна као ај да не го испуштиш ова состанување на комисијата ќе го прифатиме и така и беше. Е сега за 3ти пат прашав како треба одговорот беше, нотарите знаат, а не знаат тие... што ќе однесеш ќе заверат а после во фонд дали ќе го примат е др работа. Ве молам за помош
Dobar den devojki,ostaviv na 2 januari dokumenti vo fondot a ushte nemam odgovor pa sakav da prasham dali nekoja od vas dobila odgovor a da ima prateno dokumenti vo januari.pozdrav i ubav den na site
Кај мене беше присутна на трансфер и делуваше многу внимателна и љубезна, нешто подетално не знам, нова е во болницата, али на прв поглед многу убав впечаток остава.
епа и јас не ја знам мојот доктор оди на одмор и она ќе ме преземе и затоа најверојатно таа ќе ми го прави трансферот
Здраво, нова сум на форумот. Имам поднесено за ваучер за инвитро во Декември. Дали некоја има информација дали почнале да издаваат ваучери откако штрајкуваа? И дали тие што имаат искористено ваучер ќе може да ми кажат која сума ја покрива ваучерот, се исплати ли да се чека?
Зависи со каков протокол си и од дијагнозата, со консултација со ивф доктор, тој одлучува со каков протокол ќе бидеш, откако ќе ги разгледа сите испитувања. Јас бев со краток, се боцкав со мериоферт, и фондот покрива 30, јас примив +6 и си ги доплатив, Цетротид не покрива фондот, една е 2.610 ден. Докторот одлучува колку ќе примиш, и стоп инекцијата ја покрива. Има членки што се боцкале со 60+ мериоферт, се зависи од дијагнозата и ивф докторот како ќе одлучи.
Незнам со каков протокол ќе бидам, треба да го добијам ваучерот и на втор ден добиено да одам кај докторката. Сите резултати ми се во ред само имам извадени јајцеводи. Малку се одолговлечи одобрувањето на ваучерот па поради тоа ме интересираше дали се исплати да се чека.
Втор ден од циклус е краток протокол. Јас чекав 5 недели, па ми побараа дополнителни документи, чекав уште 5 недели. Толку време си чекала, почекај уште малку, или отиди директно во фондот и прашај, на телефон не се јавуваат. Ама во Декември си поднела, би требало до сега да ти стигне. Можеби со празнициве, штрајкот да доцнат, кој ги знае.
Ако си од Скопје најдобро да отидеш таму и да си прашаш. Понекогаш и поштариве зафркаваат, на мене ми го донесе до врата, потоа за дополнителни документи исто чекав, и отидов, ми кажаа сабајлето го пратиле, па барав во пошта го немаше, ми бараа тракинг број, другиот ден пак отидов во фондот и ми го најдоа. Некои не се замараат, среќа ме пратија во друга канцеларија, и таа една од вработените многу е фина и ми го најде.