Девојки,за прв ивф ваучер ви барале ли и крвна слика од партнерот и копија од здравствени легитимации? Ги собрав сите документи и сега бев кај матичната,за крвна слика од партнерот вика мора а за здравствени легитимации во нашиот град вика не треба,но пошто ти ќе ги носиш во Скопје може ќе ти бараат.
Не ти побараа а ти одобрија ваучер,така? Ај и други искуства ако може итно ми е феминки,заради таа крвна слика се треба да одложам
Па нека направи и прати и тоа ако мислиш така. И така истиот денес се резултатите. Пишуваше дека не треба од сопругот/партнерот. Инаку ми одобрија. Едит:ама ако ти е мисла тоа најдобро нека си направи. Зошто да одложиш? Резултатите од крвната слика се истиот ден.
Пред колку време поднесе за ваучер? Прашувам кога беше од прилика,пошо измените се од скоро па да не е крвна слика ново нешто ама не пишува на сајтот на фзо такво нешто.
Ние доставивме крвна слика за сопругот, и ни одобрија, така и пишуваше во информациите од фондот дека треба, мислам дека најубаво да си направете, за секој случај ако не треба нема да ја земат во предвид, зошто да ве враќаат само за тоа а за еден ден ќе ја имаш анализата.
Поднесов негде Август, а Септември ми побараа дополнителни документи, и ми одобрија Октомври. Како што ти пишав најдобро нека си направи да не те враќаат па да чекаш уште 5 недели. Сега со измените не знам како е. Прочитав тука наместо 4Д барале 2Д и 3 Д. Што друго има измени, не знам. Ова е од старите обрасци.
Ништо од тоа не ни побараа, јас си направив копии за секој случај и од легитимации, и од венчаница и од л.карти. Ништо од тоа не ми побараа.
Не ми побараа здравствени легитимации, мене ми беше во декември одобрен ваучерот, од сопругот имав само спермограми три (тука спаѓаат од инсеминациите) Копија од лична карта и венчаница, и сите мои испитувања нели... Крвна слика од сопругот немав, само од мене
И јас добив само со моја крвна слика, исто без копии од лични документи, тоа сега за време на ивф процесот ми побараа.
Ни копија од лична карта ни од венчаница не им доставив ниту ми побараа, ниту од мм крвна слика. Од мм да само 2 спермограми и скрининг од хив. @BayernKa кој ви побара? Мене од Систина од мм ми побараа само спермокултура, имаше направено ама поминаа 6 месеци, копии од лични документи никој не ни побара.
Добро утро.Вчера правев трансфер во Њу Борн и ми рекоа три дена да лежам, па после тоа по пола саат да излегувам на прошетка се до тест. Ме интересира дали буквално само лежевте 3 дена и во наредните денови и дали имавте некои симптоми
Сега се сетив, таму кога ги давав документите ми побараа копија од лична карта од сопругот ама јас немав и ми рече добро, ако треба ќе ти јават. Ама не ми јавија, ми се одобри ваучерот и без копијата
Си лежев но не бев закована за кревет, си седев си станував, си стоев, после третиот ден си шетав, си пешачев дури и повеќе од пола саат. Јас мислам ти сама да си го слушаш телото. Само не се преморувај, шетај и уживај Јас на третиот ден ми почнаа симтомите, кога се случила имплатацијата. Со болки, јајници, кичма, грб после се друго.. Но мој совет да не бараш симптоми, зошто симтомите се јавуваат понекогаш и од терапијата која ја примаме, така да не можеме да бидеме сигурни дали се од брменост или терапијата. Среќно!
Феминки хелп 12 ден од трансфер бета 0 а димерите 2000, ова ми е трет трансфер сега нема ни инплантација во однос на првите 2 кои ми беа во друга клиника. Скроз сум разочарана што да правам следно . Секогаш со пункција имам околу 10 јајце клетки до 5 се оплодувале сега одвај 2 и не е успешен трансферот. Маж ми е со дијагноза олигозооспермија и му беа дадени само витамини . Направено имам хостероскопија ,кариотипи ок ,хормони ок малку само пролактин ама пијам достинекс,имам мутации се боцкав и со клексани освен првиот пат па се појави хематом. Совет некоја ,клиника, доктор или што вејќе да доиспитам кај да одам 5 години се маткам вејќе.
Denes mi e 7 den od transfer. Mi rekoa da izbegnuvam skali pa celo vreme sum doma(ziveam vo zgrada na 5sprat). 2-3 dena sum so slabi bolki vo jaknicite ama se nadevam deka e za dobro. Srekjno♥️♥️♥️