Можеби е имплантациско крварење, продолжи си со терапијата и следи ја ситуацијата. Дај боже да е тоа и да си останеш бремена. Јас исто терам 9ти ден од трансфер, немам никакви симптоми освен болка во долен дел на стомакот, некогаш само од лева страна, некогаш десна страна, тоа е најчесто кога станувам да се раздвижам. Ме држи неколку секунди и престанува. Деновите ми се како година, едвај чекам среда да дојде и да испитам бета.
Не се грижи, тоа е нормално од терапијата. Јас никогаш не сум имала болен циклус, после стимулациите имав некои благи болки, после стимулациите добив на време, потоа бев на природен, откако пиев Дабростон добив, и некако ми беше потемна крвта првите два дена, и овој месец ми траеше пократко циклусот, обично ми трае по 5-6 дена, некогаш и 7, овој месец околу 4 дена, петтиот имав на бришење само кафеаво. Ми престана, па потоа само еднаш на бришење имав кафеаво и толку. Кај сите е различно.
И мене Јани ми препиша клексани 15 дена пред ет, ама не ми е јасно како тоа кога ни докторот не знае кога ќе биде трансферот и дали воопшто ќе дојде до трансфер, еве како во твојот случај. Стварно не ми е јасно ова. Не може точно да се знае кога ќе биде траснфер, како тогаш да примаме клексани 15 пред ет?
Полна бешика не игра никаква улога во успешноста на трансферот, полна бешика бараат докторите затоа што по убаво се гледа ехото а на празна бешика ќе те треба многу да те стиска сестрата со сондата.. Јас после трансфер трчав одма во тоалет, сега за последниот трансфер бев со скоро празна бешика ама сепак ведаш после трансферот бев да ги исфрлам и тие две капки од бешиката па еве терам 18та недела
Draga, odi na konsultacija I odluci si. Tuka site imame svoe iskustvo pozitivno ili negativno. Moeto mislenje od iskustvo vekje go napisav. Good luck
Бев да се доиспразнам одма после трансфер, јас не можев да издржам со полна бешика И трансферот беше успешен, не се секирај не паѓа
Почекај си уште малце, може да е бетата уште ниска и не покажало на тестот. повтори го за некој ден уште еднаш Пуштам среќа
А јас да прашам, последно кога испитав амх на ГАК ме прашаа на шалтер дали ми е за инвитро. Им кажав дека планирам да поднесам, па во случај да го побараат (недај боже да го побараат). Кога влегов да ме боцкаат повторно сестрата што боцка прашање -дали е за инвитро. Кога ги земал сопругот резултатите, го прашале дали е за ин-витро. На листот со резултати долу напишале 'за IVF'. Што е толку прашување, сега ми пролета една мисла, да не ги праќаат тие дирекно во фонд резултатите или нема такво нешто?? Јас првпат ќе поднесувам, само уште хормони ми останаа, неколку пати ги испитувам се нешто не испаѓаат како што треба. Амх ми е низок, не го поднесувам секако ама ми е страв да не го побараат или некако да ги добијат тие моите резултати. Знам дека во случај да го побараат и доставам може да ми одобрат со донирани, па со жалба да поднесам би ми одобриле еднаш со мои, ама зошто да се одолговекува и комплицира. Плус немам гаранција дека ќе бидне од прв пат, нели.
Мене општ матичен лекар ми даде 15 дена со тоа што пиша дијагноза вироза и ме боцна за крвна слика ми направи и планот беше после тоа одма да земам и од матичен гинеколог уште 15 дена ама неуспешно ми беше па си отидов на работа одма наредниот ден после тестот за да не седам дома и да плачам и да се депримирам.... Подобро одма да се вратиш на старите навики. А доколку сакаш да одмориш уште дома разговарај си со матичниот да ти излезе во пресрет .
Не ги праќаат во фондот сигурно, не му се секирај. Прашуваат за да знаат да го спремат резултатот со печати и да го подигнеш од кај нив. Ако не е за ИВФ тогаш резултатите се земаат од кај матичниот гинеколог, ама тие се без печати и не ти вршат работа ако поднесуваш документи за ваучер.