сакам да ве прашам можеби е многу глупаво од моја страна меѓутоа и јас се мислам за вешстачко оподување па ме интересира дали е можно наместо спермата од мажот ми без наше знаење да вбризгаат друга сперма ви благодарам однапред многу се плашам ради тоа
Па нив повеќе би им одговарало да не бидне работата, за да одиш пак, и пак и да плаќаш. Нека ги помешаат со материјал (сперма) од некој црнец, па ем ќе си имаме чоколадно бебе , ем ќе се збогатиме со светлосна брзина од тужби и оштети
Хахахахах...само нека не личат на тато, одма днк тест праиме Еххх бре не ни е лесно на нас жените, кај се мачиме со инвитро процес, кој еднаш, кој повеќе пати..па уште да му ја мислиме и да не ни ја згрешат спермата (не дај боже) затоа јас цел живот сум сакала машки деца да имам и фала му на бога ми ја исполни желбата Шала на страна, не сум слушнала ниту прочитала случај кај што се случило нешто такво и мислам дека тешко веројатно е да се случи.
Здраво на сите! По долго чекање се решавам да ви се "доверам" Некако се се случува брзо и сум многу исплашена. Јас и мојот сопруг се обидуваме да имаме бебе повеќе од 3 години Проблемот е во мене, односно мојот лев јајник кој е скоро нефункционален или да ја цитирам мојата докторка- изгледал како "како швајцарско сирење"! :'( Сега одам кај Костадинов во Систина и тој предлага инсеминација, но постојано читам дека е слабо успешно, па тоа ме разочарува уште пред да почнам.... и некако сакам директно инвитро... Очигледно од вашите одговори читам дека ќе се помачам околу ова, и психички и финансиски, па кажете ми дали некој имал слични проблеми како мене колку чини целата постапка со инвитро во систина и дали сте задоволни од др. Костадинов
Нана, што биде? направи тест? Лори, како напредува бременоста? јас паузирам,и физички и психички, и овде не сум нон стоп активна, здравје за некои 2 месеци стартуваме со постапката за инвитро, инаку не е можно да стават туга сперма при било која постапка, дали инсеминација или инвитро, постојат јасни правила и казни, не се луди тоа да го прават. а директно на инвитро сите сме сакале да одиме, на ниедна не и се минеше тој долг пат со тие „глупави“ инсеминации, ама за да добиеш ваучер од фондот мора да ги имаш направено, освен ако мажот има ептен слаба сперма, или ако каналите се непроодни, а и не се 100 % неуспешни, може ке фати од 1...ајде пишете добри вести, и не губете надеж
сигурно ти е полицистичен ништо страшно сестра ми со двата полицистични роди две деца без проблем, т.е со мала стимулација со кломифен зашто имаше нередовен циклус и отсуство на овулација ти го имаш овој проблем? Има жени што со само еден јајник родиле деца така да мислам да си најдеш по асален доктор . Костадинов не е баш за лечење на стерилитет. Сестра ми идеше кај Поповик Михајло. горе на оделот за инвитро во систина а за сиве овие години немаш примано ниакква терапија, немаш некои испитувања правено ( хормони, проверка на каналите и матката (хсг) )? Без ХСГ никаква стимулации и инсеминации не прави .
Здраво девојки.Ај помош,минатиот месец имав чудна кратка менструација од 2 дена вчера добив на време ама еве и денес само слаб кафеав исцедок.Гинекологот ми е на одмор а тестот прееска го правев искочи негативен.Можно ли е од хормони да е или цисти да не имам???
Фала Лори што ме мислиш ,кај мене се е по старо страв ми е да направам домашен тест ќе чекаме во понеделник преку крв тест ќе правиме во Ремедика .Но многу ми е страв каков ќе биде резултатот во предходните 2 месеци точно на 14 ми доаѓаше циклусот. Но се надевам дека во понеделник нема да се разочарам дека со сопругот ќе ја чуеме најубавата вест што ја чекаме цели 10 години овие изминати денови само си го галам мешко и им зборам на моите душички да се задржат во мешето на мама дека ми требаат и нивното место им е во мешко.Секое мое будење и легнување се молам во себе Мајка Богородица да ме благослови со најубавиот дар со едно прекрасно бебе.Се надевам во понеделник ќе ме огрее најубавото сонце.
Нана , немој да се пласис едноставно верувај во успехот, ако не трите барем два или еден сигурно се фатил! ти ја пустам сета срека, и се вкуцувам повеке за тебе одколку за себе, само си велам да прочитам убава вест! Сум поминала сест пати низ тоа исчекување и потполно знам како ти е! Господ нека е со тебе и нека те благослови со дар сто искрено го заслузувас, да ја осетис и таа радост, ти посакувам од срце и те чека во понеделник да писес!а до тогас чувај се и гледај да бидес смирена и позотивна! имас ли некои симптоми? чувствувас ли несто? кој ден ке ти биде во понеделник, од трансферот? со тебе сме и навиваме за три бебиња
Ти благодарам драга Лори на убавите зборови верувај ти ми влелаш многу сила и позитивност ти благодарам до небо што ме бодриш и храбриш да успеам овој пат .Во понеделникот ми е 15 ден од трансфер,а немам никакви симтоми освен што синоќа и сабајле имав мали болки во јајниците ,од сабајле малку ми се гадеше и имав вртоглавица ама ожеби ми е од тоа што поголем дел од денот лежам во кревет.Најсреќна ќе бидам на светов ако во понеделникот ја чујам најубавата вест и се надевам и овде на форумов ќе сподалам убава вест дека сум БРЕМЕНА .
Нана ти ја посакувам најголемата среќа во животот ме натаживте. Се потсетив на времето пред 15 години кога ја родив ќерката (вештачки оплодена). Чекам вести заслужуваш дар од бога и немој да се разочаруваш или откажуваш што и да биде. Животот е борба, децата се борба, што да кажам СО СРЕЌА.
Епа драги феминки јас сум бремена. Кога ни сопштија не ми се веруваше со сопругот се прегрнавме и заплачавме од среќа што конечно после 10 години сме бремени. Вредноста на бета е 511 и ми рекоа отприлика сум 1 месец бремена и за 2 недели преглед за срцева акција. Ви благодарам на сите што ми држевте среќа и на сите ви посакувам на сите само убави работи да ви се случуваат.