Како бе досадна си била? Па кога не објаснуваат како што треба ќе бидеме досадни. Објасни се’ и нема да сме досадни. Во Систина пишува во припреми за инвитро, консултација со избраниот доктор еден час… така да ќе прашам што сакам јас.
И јас се одлучив кај него баш поради тоа што на почетокот ми остави добар впечаток. Он беше единствениот доктор што ми посочи некои работи да ги испитам. А пред него поминав мноогу доктори и сите ми велеа се е во ред. Но не беше. Поради тоа и продолжив кај него, но сега искрено и се двоумам. Не ми се верува како ти правел пункција на такви хормони. И мене ме чуди зошто не ни кажува да испитаме хормони на денот на пункцијата, а не неколку дена претходно.
Да на самиот трансфер , нешто промрморе со сестрата дека матката ми била доле спуштена. Јас преплашена го прашувам што значи тоа и дека никогаш до сега тоа не ми го спомнал на преглед. Он ми одговори дека сум била иста како жена му и само сум прашувала. Јас верувам дека тоа на шала беше кажано, но јас толку лошо се осетив. Одговор за матката секако не добив. Чекам да ми дојде циклус сега. И потоа да одам одам кај матичнава да ми даде одговори.
Затоа што после лесно се манипулира со исходот... Ако провериш на пример естрадиол точно на денот на пункција, ќе знаеш отприлика колку јајце клетки би се добиле, вака без да знаеш колку ти е естрадиолот ќе ти речат три дека извадиле, а може се осум на пример... Хормони треба и пред трансфер да се проверат, ама така ќе се знае зошто бил неуспешен трансферот. Мене првото ин витро не ми проверија хормони ни на втор ден! Почнуваш постапка и тоа приватно, а не знаеш какви ти се хормоните тој циклус!
Јас ден пред трансфер самата си испитав Прогестерон, Пролактин и Tsh. За пролактинот му пишав дека ми е покачен, и ми ја зголеми дозата на Достинекс. А за Тsh ништо не ми даде, па на своја рака си земав Еутирокс.
И мене тоа ми го кажа како жена му дека сум, ама тоа беше еднаш кога дојде нерасположен, го разбудиле рано бил на операција и дојде директ да ми прави ехо. Првиот пат саат време објаснуваше и ни побара еден тон испитувања и ни препиша суплементи на двајцата. Сега искрено ме плашите со овие муабети :/ мене ми изгледа псоветен ама не знам веќе што да мислам :/
Во меѓувреме ако си примала уште стимулации сигурно се качил уште повеќе естрадиолот. Една јајце клетка е 200-250 естрадиол. Ако знаеш колку ти е естрадиол на денот на пункција, можеш да пресметаш колку јајце клетки би извадиле. Јас имав естрадиол околу 2000, а само 4 јајце клетки. Се сомневам дека извадиле повеќе, да не речам сигурна сум дека биле повеќе.
Баш најубаво чуство ми беше кога ме разбудија и го видов до мене Во ЊуБорн сопругот е цело време со вас и баш убаво затоа што одкако ќе ве разбудат ви кажуваат и колку јк извадиле и дали ВООПШТО ви извадиле , многу значи да сте заедно.
Аха, фала ти. Има логика има 6 поголеми фоликули, и 4 помали. А со долг протокол кога бев мислам дека беше 600-800 естрадиол и 4 јајце клетки извадија, со долг помалку се добива јк. Мислиш дека е можно повеќе да извадиле а да не ти кажале???
За мене да, мислам дека беше така. Во извештајот не добив никаква информација колку се пунктирани, колку се зрели, колку се празни... Ништо, само 4 ооцити. Плус за цело време додека ме гледаа на ехо имав барем 7-8 фоликули со добра големина и наеднаш испаднаа 4...
Мене додека ме стимулираше кога ме гледаше на ехо имаше на двата по 7-8 фолекули а на крај ми извадија само две јајце клетки,по муабетот од нив сфатив дека тоа е така затоа што можело да има празни фолекули НЕСАКАМ ДА ПОМИСЛАМ дека извадиле повеќе а јас не знам
Мене во ЊуБорн не ми ни дадоа извештај за пункцијата усно само ми кажаа колку извадиле а извештај добив после трансферот .