Њуборн ништо не кажуваат, ни хормоните не ми ги покажаа. Ми рекоа само 6 извадени, една зрела, јас прашав што значи тоа дека другите не биле зрели? Ми рекоа да, не биле дозреани, за после да дознаам дека тоа било грешка на лекарот, порано ги извадил. А сега ме плаши дека Ивановски гледа 6 големи фолекули и 4 помали а ми вика 4 јк има. Тоа кога го прашав ми рече дека ко жена му сум била. А исто така ми рече и дека и помалите ќе ги извади и ќе ги стават во инкубатор и тие било можно да пораснат.
Јас некако многу наивно влетав во овој процес ,верував дека докторите знаат што прават и дека кога ќе ветат дека само вака ќе успееме за дете не треба ништо да се распрашувам, докторот сепак знае најдобро ама сега како читам овде треба да си бараме за се објаснување,тоа им е должност,да знаеме што ни прават и што ни се случува ова тело е мое и овој живот е мој морам да знам на кого за што го доверувам.
Ова за инкубаторот и јас го знам, ама сигурно тоа нема да го направат за секого туку за "свој" човек. Ако си со ваучер ништо од тоа...
Зошто и мене тоа ме мачи некако дека ние што сме со ваучер можеби немаме ист третман како оние што си плаќаат цел износ....
Дај Боже да не те лаже... Ваучерот на нив им служи само за да извлечат средства од фондот, за ништо друго. Дај боже да имаш среќа па да успееш со ваучер, инаку шансите за успех они ќе ги сведат на минимум, во секој чекор од постапката ќе направат сѐ за да биде неуспешно ин витрото, почнувајќи од терапијата за да се добијат што помалку јајце клетки, од тие да се оплодат уште помалку, на крај се манипулира и со прогестеронот за да нема имплантација.
Парите секако ќе ги земат, или од фондот или од тебе. Така што не сфаќам како тоа им прави разлика, освен што веднаш ги добиваат на приватно. Лигично е да сакаат повеќе ин витра да прават зошто тоа се повеќе пари за нив, ама па и ако не се успешни не е добра реклама. Од друга страна има премногу пациенти и не се замараат баш, секако ќе имаат.
Абе ајде се пишува ли вака сеа кај се држиме за тој ваучер едина надеж ни е вака се убива надежта ај полека сега малку има премногу случаеви што познавам амеве и овде на форумов години наназад пипуваат членки за успешно со ваучер и сега ваков муабет ич не е на место...
Не мора да значи дека секој има искуство ко вашето. Добро е да го споделите мислењево и искуството меѓутоа некако вие како да ја убивате надежта на нас со ваучер
Не верувам дека е така како што кажувате, едноставно не може да е така! Ова е као демек не чекајте ваучери плаќајте си приватно, глупости
Им прави разлика затоа што ќе ги земат трипати истите пари, ќе ти ги потрошат сите три обиди, а ефектот е минимален. Приватно исто ќе се потрудат да не успееш од прва, разликата е во тоа што дефинитивно ќе се потрудат повеќе околу оплодувањето (со икси) и веројатно ќе имаш повеќе оплодени јајце клетки. Другото е мајка природа и Господ.
I jas otidov so traking broj pobaraa i mi kazhaa deka e vrateno pismoto vo fondot ushte na 23.02 i mi dadoa list za da se vratam i da vidat deka e vrateno pak kak niv.ne znam ni shto da mislam ni shto da pravam zalno e toa shto ni go pravat
А прогестеронот колку треба да биде за да има имплантација? Јас знам дека минимално треба да е 8. Но колку е максимумот? Мојот ден пред трансфер беше 37. Дали можеби бил и превисок,па тоа да спречи имплантација? После пункција ми препиша Кринон, и ден пред трансфер да се боцнам со Пролутекс. Откако си заминав дома, после еден час ми звонеше сестрата од Систина да ми каже дека разговарала со докторот и он кажал да сум боцнела Пролутекс и на денот на трансферот. После трансфер продолжив секој ден и со Кринон и со Пролутекс.
И јас порано мислев дека има разлика со ваучер и приватно. Нема врска. Првата пункција со ваучер ми извадија јк, втора приватно ништо. Така да не верувам во ова. Секое успешно ивф е плус за докторот.
Тоа на 21 ден од циклус треба да е над 7-8... Ама околу овулација (кога е и пункцијата) треба да е под 1 за да се случи имплантација околу 21 ден. Затоа треба да се проверат хормоните пред трансфер. Затоа и "свежите" трансфери биле помалку успешни, затоа што хормоните се пореметени од стимулација. Добро ти кажале за Пролутекс - еден ден пред трансфер се почнува (нормално понатаму се продолжува). Ова ми го нагласија и мене првиот пат, да не згрешам да се боцкам со Пролутекс како со Клексан секој ден, туку да пазам да го почнам вечерта пред трансфер! Вториот пат беше друга приказна... Пишував за тоа. И не мора да е само прогестеронот причина за неуспешен исход, може да има и други причини. Прогестеронот го спомнав зошто во мојот случај пробаа со тоа да спречат имплантација.