Девојки, после хистероскопија колку денови сте одмарале дома? Се зема боледување или можеш уште утредента да одиш на работа?
Jas samo denta koga mi ja pravea odmarav, sledniot den otidov na rabota. Ama ti Kako SE cuvstvuvas e bitno.
Знам, ама таков конкретен одг мислам дека нема да ти дадат. Јас сум со идипатски стерилитет. Се е ок, а ние се напативме. Кај секој настапи си како само кај него да одиш, па ке видиш пристапот каков е.
Дали некоја од Вас скоро има правено кариотип испитување на ГАК, каде поточно се зема крв и колку плативте за двајцата?
Баш и толку скоро не, но кога правевме беше по некои 700 денари. Како што се сеќавам беше најдоле на гинекологија од десната страна првата амбуланта.
Скоро правевме по 700 ден се плаќа за еден. Од главниот влез одиш позади шалтерот на лево и во ходникот кога ќе влезеш од десната страна карши чекалната е вратата мислам бр 30 ли 32 нешто така плус си пишува на вратата. И не мора во истиот ден да одите двајцата само после вториот што ќе отиде кажува кој ден и во колку часот бил првиот за да ви ги спојат резултатите.
Зависи, ако е дијагностичка само можеш да функционираш нормално за некој ден, ама ако е за некој зафат, те следува боледување 2 недели. Мене ми отстрануваа септум и имав болки, исто морав да мирувам. Така да не е баш како се осеќаш ти, туку каква ти е дијагнозата.
Некој што е бил со трансфер на замрзнати на природен циклус да ми пише ако сака. Да го прашам подетално околу процесот. Треба да одам на 8 ден од циклус да ме види на ехо,вајда на утрогестан и клексани ќе бидам само но да видиме прво ехото.Ако не ќе поместиме за нареден циклус,тој ден и хормони ќе правам. Колку трае процесот и на кој ден отприлика прават трансфер од циклус?
И јас истото го прашав во темата “Трансфер со замрзнати ембриони”. Така да ако може некој овде нека пише, нека сподели
Знам дека прашањево не е за оваа тема, ама тука сме најбројни, па некој може ќе сподели искуство. Требаше да правам повторно инвитро и на ПАП излезе ЦИН 2 и ХПВ. Правев биопсија излезе ЦИН 2. Ми предлагаат да правам ласерска конизација. Некој што правел да сподели искуство, како е опоравувањето, за бременост и инвитро после конизација и предлог доктор на приватно. Може и во лична порака да ми пише
Девојки, ја пак со уште едно прашање. Каде конкретно прават микро Тесе баш она подеталниот зафат кај машко? Планираме секако Систина да закажеме за нашиот проблем, чисто консултација , но ме интересираше за зафатов дали во сите приватни болници го има или?
Јас правев сега на природен со замрзнати. Во понеделникот имав трансфер. Почнав да одам на ехо од 9 ден на циклус, одев преку еден ден, пратевме овулација.На 16 ден имав природна овулација. Од вечерта почнав со утрогестан. Вечерта пред трансфер примив пролутекс. Трансферот беше на 5-ти ден од овулација, односно 21-22 ден од циклус му доаѓа. Ми вратија 2 бластоцити. После трансфер примив овитрел и толку. Сега примам клексани по шема од трансфузиолог и утрогестан сабајле и навечер.