Каде го испитуваат IGF-1 и по која цена? Вие што сте со низок амх, дали сте го испитувале за подобра слика за функционалноста на јајниците?
Да, јас најпрво прашав овде за разликите меѓу тие методи, но сепак на крај се одлучив да останам во Систина и сум презадоволна од односот на докторот и неговата ангажираност околу оплодувањето и консултацијата со ембриолозите. Ова ми е второ ИВФ, прв пат со овој доктор, а на првото ИВФ немав оплодени јк и се разочарав мн бидејќи сфатив дека не се посвети мн внимание на машкиот фактор, а кај нас спермограмот е мн лош. Овој пат подобро помина, па се надевам ќе е успешно.
Ве читам цело време, но не пишувам често. Ете јас сум 5 ден после ет на две 5 дневни ембриони. Вториот ден после ет(без денот на ет) осетив како менструални грчеви кои ме држеа околу 2-3 мин) 3 ден не осетив ништо посебно 4 ден имав пак како менструални грчеви неколку пати во денот. Еве денес 5 ден осеќам како некои слаби грчеви. Искуство некој слично?(Јас мислам дека ншто нема да биде и дека ќе добијам)