Здраво мили. Да прашам докторот виде нешто како мала преграда на матката а се спремам за трансфер на замрзнати. Рече ќе размисли што како па ќе каже од состојбата на наредното ехо и целокупната документација. Претходно никој не ја виде таа преграда. Со првото дете немав проблем кое беше зачнато по природен пат. Докторот рече дека тие прегради се вродени. Некоја со слично искуство ве молам?
Зависи колку е голема преградата. Во принцип септумот нема влијание на забременување, но ако е голем (обично сметаат поголем од 1cm) понатаму може да направи проблем и да нема доволно место кај да се развива плодот, а со тоа да предизвика спонтан. Секако немора да значи 100% дека ќе е така, ете и ти си имала успешна прва бременост, има жени и со еднороги матки што успешно родиле деца, ама ризикот за спонтан е зголемен и обично кај жени што имаат проблем со зачнување или имале претходно спонтан преферираат да се санира. Инаку да, тоа е вродена аномалија на матката. Јас имав многу мал субсептум, кој во принцип не треба да смета и кај најголем број на слични случаеви не се отстранува, ама поради моите повторувачки абортуси сепак се решивме да го елиминираме како потенцијална причина. Се отстранува со хистероскопија и самата операција трае кратко. Опоравувањето е исто така брзо
Ти благодарам мила на одговорот. А како се изведува операцијата со дупчење( нешто слично како лапараскопија ) или на друг начин ? Јас имав мисед сега со второто кое беше со инвитро и затоа докторот се мисли што да правиме првин.Како и да е боље да средиме да биде во ред се па да продолжиме,но ќе видам што ќе ми каже докторот.
Здраво, ќе може да ми каже некоја што примала по 2 клексани дневно, при инвитро, потврдата за примени клексани од матичен гинеколог како гласи? Ви нагласуваат дека два клексани се примани во одредениот период или…? Благодарам
Интервенцијата се изведува со оперативна хистероскопија преку вагината. Ти посакувам среќа и успех и што и да одлучи докторот за брзо да галиш меше!
Зависи и од дијагнозата, во Фондот бараат 4 инсеминации, на некои само две, на некои три, јас без ниту една и ми одобрија ваучер, ама докторот ми пиша во извештајот кога бев на 4Д ехо, без инсеминации, директно ивф. Тогаш бараа и 4Д, сега не знам по ново дали само 2Д и 3Д. Вадењето јк не е болно, под анестезија си, ако имаш еден-два фоликули нема потреба од анестезија, јас бев без, осетив само штипкање. ПАП ти треба не постар од година, два спермограми од различни институции, хив скрининг од двајцата, од тебе крвна слика со седиментација и гликемија, хормонален статус трет ден од циклус, обрасците да ги пополниш, едниот го пополнува матичниот гинеколог, и пишува во која клиника ќе правиш ивф.
Јас отстранував септум, се прави со хистероскопија, со анестезија. Подобро отстрани го пред трансфер, да не ти направи после некаков проблем.
Devojki 9ti den od tranafer, denes kako malo krvarenje ili kafenko neznam ni ja veke sama. Totalno razocaruvanje doziveav i si rekov test ke pravam. Dali samo jas gledam bleda linija???
Мене не ми ни проверија хормони пред да ми дадат цетротид. Само пред пункција кога ми кажаа за хормони, една сабајле примив откако ме боцнаа за хормони, потоа докторот кога ги виде резултатите од хормоните, и кажа на сестрата да ме боцне со уште една Цетротид.
Feminki, neka skoro vo Sistina da ne pravela transfer privatno? Me interesira kolku e? Dakle, samo transfer.
Јас имав мала, Ивановски ја виде покрај милион прегледи претходно кај други др. Тој ме оперирираше и после операцијата рече дека и не била баш мала. Да, вродени се и ако се мали тоа е можна препрека, не значи дека е причината, ете ти си имаш и природна бременост. Ама ако правиш ивф, др најубаво ке ти каже треба ли да се отстранува или не. Јас ја отстранив пред инсеминации како можна причина пошто сум со идиопатски стерилитет. Следи што ке ти каже др и ако немаш правено, направи си HSG.