Јас како што знам фондот ја покрива прегнил или хориомон. Овитерелот не, иако за исто служат. Не знам зошто. Така беше порано, претпоставувам уште е така.
Два прста испод папокот лево или десно. Сестрата не ви даде инструкции? Мене секогаш првата инекција ми ја аплицира сестрата на лице место и после продолжував сама дома
Јас со таа инфузија имам една успешна бременост кај Ивановски,за второ дете имав неуспешен обид во февруари,и го прашав докторот дали ќе ми даде и ми рече,дека оваа пратка предизвикува алергија кај пациентите и не ја дава повеќе,па ме зачуди дека Лазаревски ја дава. Ти ја помина добро,немаше реакција од неа? За следниот обид сакам да ја примам. Ти благодарам
А како одлучуваат кој може да ја прими таа инфузија? Јас последниот пат кога бев на консултација за трансфер со замрзнати, му реков на Лазаревски да ја примам, ми рече нема потреба немаш никакви имунолошки проблеми, немаш потреба од таква инфузија… А јас сакам се’ да ми дадат за да биде позитивен резултатот…
Јас сум со имунолошки стерилитет,имам многу високи антитела и едино решение ми е интралипидна,со ова разговаравме со Ивановски,ми ги виде резултатите и ми даде интралипидна и имав позитивен резултат пред околу 5 години. Ја примав двапати,исто како членката. Вториов пат бев третирана со декортин, што кај мене,не дава резултат.
Во ред поради хиперстимулација неможеме веднаш да направиме трансфер... не сум јас крива....како другите членки не плаќале значи тука нешто не е во ред...ваучерот до август важи...а јас трансфер здравје на нареден циклус ќе правам нареден месец
Во ред е замрзнувањето да го платам ама ова мислам не е фер...плус до пред нова година беше без разлика на бројот на замрзнати ембриони се плаќаше за 5години 24 000 ден...а сега велат 34 000 само до 6 ембриони
Без разлика што ќе правиш трансфер со замрзнати,штом ти важи до август,трансферот ти влегува во ваучерот,еве и во фонд ти кажале така,не знам што не е јасно повеќе? Со лесно ајде.