И мене ми е поблиску ама и од таму и од ваму некако е на средина ја и ти ептен комшики ќе излеземе, јас сум на Рузвелтова
Јас се одлучив за Иваноски,сакам доктор кој ќе ми објаснува се,а не и да го прашуваш ништо да не ти одговара,сакам да сум упатена во се. ЈАС БАРАМ СМЕСТУВАЊЕ ЗА ПОДОЛГ ПЕРИОД 2-3 НЕДЕЛИ ,зошто претходниот пат секој втор ден патувавме до Битола,патот катастрофа,јас воопшто не внимавав,од нареден ден од трансеферот почнав наработа, по домам правев се,ама така ми рече ДОКТОРОТ,да се однесувам нормално,само тешко да не кревам,после имав грижа на совест си велев можеби ке ја истерав бременоста до крај ако не се "глупирав" така.И сега планирам после трансфер целосно релаксирање и не сакам да патувам во никој случај.Значи некој ако знае приватно сместување ве молам да ми пишете,поздрав женски
ako tebe ti e podobro taka ostanisi sk a I jas patuvav do Bitola samo dva dena lezev posle se normalno pa ete bidna I toa od prvo ivf , srekno daj boze da bidi
амин фала Снежана,и кај мене првото бидна амао после имав спонтан абортус,па се ми се чинеше дека е од патот и од тоа што воопшто не внимавав,знам дека нема тоа врска ама сега сакам поинако да постапам,а ка кој доктор беше во Битола?
Ете знаев не сме комшики Јас сум од сосема друга страна и правец и да би погодувала тешко дека ќе ме пробиеш ако не кажам Пс. Немам појма каде е Абц, но ако кажете ќе го најдам, таман јас и ти ќе се стркаламе, а @Amorce2 ќе дојде со 2приколки
Ако бе и за подолг период сигурно ке може во тој хотел.А имаат и кујна мислам,гледав луге си ручаа таму.На Фб имаат страна и тел.разгледај го.Мислам оти не е скап а одма до Систина е.Ти посакувам успех овој пат.Одмарај си ,релаксирај се,се што мислиш дека ке ти помогне,битно е психата да не те јаде.Ако си рњшила да лежиш две недели така прави,и јас овој пат повеке ке лежам иако викаат дека само три дена треба,после немора.Макар што една жена одма по трансфер на работа отиде и успешно и беше,јас овој пат ке одмарам.
Првото инф кое беше успешно одмарав 2 дена, потоа буквално работев се по дома, перење, готвење, чистење, татко ми се разболе па секој ден по болници.. Второто одмарав 3дена, речиси никаква активност по дома, но се рашетував на кафе, шопинг, неуспешно. Третото не мрднав од дома 14дена, единствена активност ми беше вртење во кревет, одење до вц, јадење во кревет и тоа заврши неуспешно, ме тепаше жива нервоза, какво опуштање ни филм, ни игрици ништо не помагаа. Сега сум со ставот 2-3 дена построго мирување потоа баталете креветот психата ќе ве убие, телото ќе ви трепери од грижи. Ембрионите не можат да се стркалаат и да испаднат ако се движите, отворете јутуб видете како телото реагира кога ги прифаќа, а кога ги одбива, нема врска со лежење. Среќа треба, ете толку.
се согласувам со тебе дека треба среќа,јас првото инвитро кое беше успешно на почеток кажав и предмалку во 12:00 ми беше трансферот наредниот ден на работа,а по дома се и сешто правев,цел ден на нозе,па сега не мислам дека така ќе се одмесувам повторномногу успех на сите