Здраво на сите, Имам 1 кутија Пролутекс ампули купени од Грција во март, со рок до септември. Ги продавам колку што ги купив 46 евра, бидејќи докторот ми сменија прогестеронска поддршка со Прогестерон Депо и Утрогестан. За жал не можам да ги подарам, доколку некој сака да ги купи, нека ми се обрати во порака. Од Скопје сум, не ми се прикачуваат сликите од телефон, но кој е заинтересиран ќе му пуштам во порака. Посакувам успех на сите што го одиме овој пат ❤️
Здраво на сите. Би замолила за информација дали некој примал интралипидна инфузија во некоја од државните клиники? Може ли со упат од матичен гинеколог да се прими на клиника или Јане Сандански? Фала ви.
Здраво девојки. Тие што сте префрлале ембриони од една во друга клиника, колку време трае процедурата откако ќе потпишете?
Јас од now, а витамин Д на Солгар. Тоа си препишува ивф доктор. Јас пијам метилиран б 12 од 1000 еднаш дневно, метил фолат од 1000 два пати дневно, витамин Д од 1000 еднаш дневно, витамин Е два пати, мака два пати, коензим два пати, така ми препиша ивф докторот, имаш метил фолат и од 400.
Искуство од Др Кузевска - Систина? И постапка за ин витро по природен циклус? Каква терапија и отприлика времетраење на постапката?
Mislam deka toa taka nemoze,niti znam deka ima po drzavni kliniki intralipidna infuzija.Imam primano ama vo sistina 12.850 den plativ
И јас имав по 7-8 фолекули на двата јајника ама исто како кај тебе само две јајце клетки ми извадија (тоа ме разочара) и само едната се оплоди
Здраво девојки. Имав поддадено документи за инвитро ваучер со оглед на тоа што имав две неуспешни бремености. Едната заврши missed, другата blighted ovum. Направивме испитувања се беше во ред и кај мене и кај сопругот освен неговиот кариотип кој што имаше незначителни промени. Бевме на консултација кај др Трајковски. Јас сакав да се чуваме до добивањето ваучер и да тераме со инвитро кога ќе дојде време но докторот ни посочи дека нема потреба да чекаме ништо се регуларно да си тераме па ако бидне нешто пред да стигне ваучерот супер. Да напоменам дека претходно не бев покриена во ниту една од бременостите со никаква терапија. И во петокот ме изненадија две позитивни вести. Ми стигна ваучерот а и тестот позитивен. Направив одма уште во петокот бхцг и беше 50. Денес повторив беше 195.39. Прашањето ми е дали правилно се дуплира или пак покажува некаков застој дека нешто не е во ред? Од терапија моментално примам клексан навечер, утрогестан сабајле и вечер вагинално, метилирана фолна, метилиран б12 и витамин ц. Клексанот го боцкам во рака, еден ден во лева друг во десна менувам. Дали да го консултирам докторот за уште некој витамин од ваше искуство или доволно е ова за сега? Исто да спомнам дека тестот го направив баш порано. По правило добивам на 26 дена што би било денес, 26ти ден, значи сум го напраивила на 23от ден.
Отприлика така треба да се дуплира, мислам дека е таман, ама те разбирам дека се плашиш. Консултирај се и со докторот, но мислам дека е тоа тоа. Ти посакувам успешна бременост до крај
За поднесување документ за ваучер за крвна слика дали има некои граници на резултатот. Седиментација ми е 11, Глукоза над горна граница 6,3 (треба до 5,9), а холестерол исто над горна граница 6,9 ( треба до 6,19). Дали може ми бараат повторно ново испитување?
Ne bi trebalo, ali da si proveris 3 mesecen seker, insulin i skrien seker. Mozebi si so policistocni jajnici, rezultatite ke pokazat
Мене седиментацијата ми беше 20 во прв час,што значи 40 во втор па пак ми одобрија. Си направив крвна слика во 2 различни лаборатории и само едната ја поднесов.
Немам полицистични јајници. Инсулин ми е ок. Скриен немам проверувано, А што значи 3 месечен шеќер? Дали има влијание претходен ден изедов 100 гр. чоколадо Инаку внимацам на исхрана и внесување шеќер
12 saati treba da si bez vnes na seker i bilo kakva hrana, niti sokovi, za da bide relevantno i normalno krvnata slika da e napravena na gladno sabajle do kaj 10h.