Абе уживај опушти се, нервози дур стигне ваучерот ама сега опушти се и терај цел процес со лесно и успех на крај. Позитивно само
На 29ти февруари ги однесов документите директно во фондот во Скопје. На 25ти април ми стигна ваучерот во пошта.
Девојки после колку дена од последно апче микрогинон добивате циклус ? ми е страв да не не ми стигне супрефактот
Мене после 4 дена ми дојде циклусот од последното апче микрогинон и ми беше многу оскуден. Би требало да стигне шишенцето. Мислам почнуваш со 0.5 а после со 0.3 продолжуваш.
Да , боцкам по 0,5 сега , ми го дадоа и другото шишенце , се надевам ке стигне , бидејки се боцкаше до пункција така ?
Не мислам, не се сеќавам баш ама мислам намалив дозата кога ми дојде циклусот , а кога почнав со боцкањето главно го прекинав супрефактот.
Ph e малку високо и има присуство на еритроцити и леукоцити во материјалот, убаво е да отиде на уролог и да си направи спермокултура да не има некоја бактерија, инаку супер е спермограмот, нормален.