Вонтелесно оплодување

Дискусија во 'Бременост' започната од pozitiv, 30 ноември 2009.

?

Кој доктор е ваша препорака за ИВФ постапка?

  1. д-р С. Лазаревски (Систина)

    351 глас(а)
    20,6%
  2. д-р М. Ивановски (Систина)

    220 глас(а)
    12,9%
  3. д-р М. Поповиќ (Систина)

    63 глас(а)
    3,7%
  4. д-р С. Адамова (Систина)

    35 глас(а)
    2,1%
  5. д-р К. Кузеска (Систина)

    21 глас(а)
    1,2%
  6. д-р З. Петановски (Ремедика)

    92 глас(а)
    5,4%
  7. д-р М. Хаџи Лега (Ремедика)

    73 глас(а)
    4,3%
  8. д-р Г. Димитов (Ремедика)

    101 глас(а)
    5,9%
  9. д-р Т. Гуржанова (Њу Борн)

    96 глас(а)
    5,6%
  10. д-р В. Трајковски (Њу Борн)

    279 глас(а)
    16,4%
  11. д-р С. Сапунов (Санте Плус)

    7 глас(а)
    0,4%
  12. д-р Т. Трпчевски (Плодност)

    230 глас(а)
    13,5%
  13. д-р В. Органџиски (Органџиски)

    27 глас(а)
    1,6%
  14. д-р С. Органџиски (Органџиски)

    56 глас(а)
    3,3%
  15. ГАК (Сите доктори)

    42 глас(а)
    2,5%
  16. д-р Е. Исјанова (Ултрамедика)

    9 глас(а)
    0,5%
  1. Mr. Breee

    Mr. Breee Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2019
    Пораки:
    7
    Допаѓања:
    4
    Пол:
    Женски
    Вика : Правото на БПО осигуреното лице може да го оствари во рок од 6 месеци од денот на приемот на известувањето. Наредниот месец почнувам со процедура, ама дека може да фатат и одмори, викам да не пробијам рок
     
  2. Mihaela123456

    Mihaela123456 Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 мај 2021
    Пораки:
    1.554
    Допаѓања:
    2.710
    https://acibademsistina.mk/razochar...obidi-nadezhta-ja-najdovme-kaj-d-r-ivanovski/

    Здраво девојки, оддамна ме нема, па да ја споделам мојата ивф приказна.
    13 ИВФ обид беше успешен, одете до крај, претешко е и кој има сила нека оди, се исплаќа.


    По голем број направени испитувања, медицински интервенции, операции, посетени повеќе клиники во Македонија, извршени консултации со доктори од познати ИВФ-центри во Европа, пред да ја продолжиме нашата борба надвор од Македонија, решивме да се обидеме за последен пат и да закажеме разговор и преглед со д-р Митко Ивановски во ‘Аџибадем Систина’.

    Разочарани од низата неуспешни ИВФ и бројните неуспеси, и покрај целосната посветеност и фокусираност на ИВФ-процесот, по прегледот заминавме дома со надеж. Секој нареден преглед кај д-р Ивановски за мене беше задоволство, ми влеваше спокој и нашата доверба во него од ден на ден беше сѐ поголема и поголема. Знаев дека имам сигурна поддршка и доктор на кој може комплетно да му се верува.

    Морам да напоменам дека зад себе имав 5 стимулирани ИВФ, една инсеминација, една операција и во целото тоа лекување немав ниту еднаш оплодена јајце-клетка, така што воопшто не му беше лесно на докторот со пациенти како нас. По извршена соодветна корективна операција кај д-р Ивановски, бевме на вистинскиот пат.

    Емпатијата, вниманието, стручноста, желбата и посветеноста што ги имавме од д-р Ивановски, пред сѐ, ни дадоа сила да продолжиме со нашата борба, а подоцна и вродија со плод.

    И дојде тој ден, како и секој претходен месец, тој јули со закажана пункција на природен циклус за да одмори телото од бројните хормонски стимулации. Добивме јајце-клетка, која конечно се оплоди од страна на ембриологот д-р Билјана Палчевска и конечно првпат добивме ембрион, по 10. ИВФ без ембрион, односно ова ни беше првиот трансфер.

    На 28.7.2023 година добивме позитивна бета-ХЦГ. Плодот одлично си напредуваше, соодветно на секоја гестациска недела, а докторот заедно со нас се радуваше на растењето на плодот и уредниот тек на бременоста.

    Во 39. недела од бременоста, со мојот сопруг станавме родители, а д-р Ивановски со својот тим направи раѓањето на нашето дете да помине во најдобар ред и ни ја исполни желбата да го доживееме најемотивниот и најубав момент во нашите животи.

    Голема благодарност до целиот тим од Одделот за асистирана репродукција во ‘Аџибадем Систина’. Нивната позитивна енергија, блискиот и непосреден однос што го воспоставуваат со пациентите, нивното искуство ми овозможи со леснотија да ги поминам сите ИВФ-постапки.

    Писмово го пишувам за да ја споделам нашата приказна, трнливиот пат што го поминавме во овие 5 години за да добиеме дете. Она што нас нè мотивираше да не се откажеме од тешката борба беа успешните приказни што ги читавме и слушавме и кои ни даваа надеж дека и ние еден ден ќе ја испишеме убавата приказна со среќен крај.
     
    На Momichka, Hope IT, Radost i ocaj и 66 други им се допаѓа ова.
  3. Kris80

    Kris80 Форумски идол

    Се зачлени на:
    21 февруари 2018
    Пораки:
    4.812
    Допаѓања:
    80.596
    Пол:
    Женски
    Честитки :l:
    Нека е здраво и живо :f:
     
    На Mihaela123456 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    5.932
    Допаѓања:
    27.248
    Пол:
    Женски
    Од кога е одобрен ваучерот во рок од 6 месеци да се искористи.
     
    На Mihaela123456 и Mr. Breee им се допаѓа ова.
  5. Beba95

    Beba95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 мај 2023
    Пораки:
    379
    Допаѓања:
    492
    Пол:
    Женски
    Браво!! Ни даваш надеж на сите! Да ви е живо и здраво детенцето! :l::l::l:
     
    На Radost i ocaj, Mihaela123456, 5678m и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. Bejb15

    Bejb15 Популарен член

    Се зачлени на:
    28 октомври 2016
    Пораки:
    1.168
    Допаѓања:
    994
    Пол:
    Женски
    Cestitki majka, zivo i zdravo da e. Golem borec si !!!
     
    На Mihaela123456 и 5678m им се допаѓа ова.
  7. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Женски ако може да споделите искуство за консултации за ин-витро, како иде тоа. Како одредува докторот за каков протокол си и со кој пристап ќе терате? Треба ли да носиш со себе се што имаш испитувања правено и дали треба да очекувам дека докторот ќе земе да ги листа?
    Јас минатиот месец кога пуштија во NewBorn бесплатни консултации за ин-витро, бев, со сите папки, но муабетот се сврте на можеш ти и природно и предложи докторот инсеминација која ја направивме и е неуспешна. Зборот ми е не направивме муабет за ин-витро, ниту нешто погледна од анализи и испитувања.
    Сега сакам да закажам нова консултација за ин-витро иако немам уште ваучер. Кажете ми што да очекувам.

    P.S исто дали некоја знае Трајковски NewBorn кога оди на одмор?
     
  8. La-loca

    La-loca Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2020
    Пораки:
    679
    Допаѓања:
    4.445
    Пол:
    Женски
    Има една поговорка вика со сила убавина не бива. Ти си многу паметно и начитано девојче. Те снајде нешто што ниту на непријателот не му се посакува. Каде брзаш, каде трчаш? Зошто го буткаш процесот со сила. Да, ти можеш природно да останеш и на крај така и ќе биде. Ти го кажувам ова од искуство зошто и јас бев иста. Трансфер за трансфер, инсеминации, испитувања, не дозволив не телото туку мозокот да одмори. Притисокот од времето, околината, желбата ми беа очигледно кобни да јас го терам процесот упорно со сила и на крај без позитивен исход. Знам дека звучи како клише ама мора да се опуштите со парнерот. И знам дека душата не ти дава да не превземеш ништо во свои раце и да чекаш од Господ зошто психата ќе те изеде, а времето ќе си мине. Дајте си време за себе, сакајте се гушкајте се без да правите бебе. Шетајте не се нервирајте за ништо зошто ништо не е доволно вредно, уживајте со пријателите, уживајте сами. Дајте му време на времето. И нема да биде ти кога сакаш туку кога е речено да биде. Те молам немој да ме сфатиш погрешно немам лоша намера скам само да споделам со тебе мое искуство зошто бев во иста ситуација како твојата и очигледно на природниот процес му требале скоро 6 години. Ти посакувам успех и бебе во раце што и да одлучиш. Сепак твоја е одлуката на крај.:hug:
    П.с Се сеќавам на мојот гинеколог зошто се соочувавме со идиопатски стерилитет секогаш му викав јас на крај ќе дојдам кај вас природно бремена, ама не можам да чекам верувајте ми. И мавав со глава во ѕид само заради мојата психа. На крај стварно така бидна, отидов кај неа природно останата.:l:
     
    На kristi23, Mr. Breee, Orhideja7593 и 11 други им се допаѓа ова.
  9. Elliana

    Elliana Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2024
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    Одиш со сите резултати кај избраниот доктор, кажуваш што си испитала, а тој ги разгледува и доколку нешто фали, предлага да се испита.
    За протоколот одлучува докторот, во зависност од тоа каков ти е циклусот, фоликулометријата, амх и слично. Се договарате за терапија или на природен циклус и си почнуваш.
    Трајковски и мене ми го почна муабетот можеш ти природно да останеш бремена…
     
    На Joanna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Viktorijaaa5

    Viktorijaaa5 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 октомври 2013
    Пораки:
    5.486
    Допаѓања:
    85.270
    Пол:
    Женски
    Тоа е така затоа што сеуште немаш ваучер. Пред да стигнеш до тоа имаш пат за одење, направете уште една инсеминација ако треба па и повеќе за документи, не брзај убаво те советувале и погоре слушај го докторот и дај си време... во оваа работа треба се само да брзаш и да трчаш низ процесот не. Ти посакувам среќа :l:
     
    На Orhideja7593 и Joanna28 им се допаѓа ова.
  11. Lucky4

    Lucky4 Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 септември 2018
    Пораки:
    134
    Допаѓања:
    150
    Пол:
    Женски
    Cestitki neka e zivo i zdravo :l:
     
  12. Dijana DM

    Dijana DM Истакнат член

    Се зачлени на:
    5 февруари 2022
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    1.331
    Пол:
    Женски
    Cestitki!!!!! Da e zivo zdravo I najsrekjno bebuvceto a vie da ste naj srekjni I najgordi roditeli ❤️❤️❤️
     
  13. Mina888

    Mina888 Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 ноември 2021
    Пораки:
    423
    Допаѓања:
    280
    Пол:
    Женски
    Правев испитување на трансфузиологија за Lupus и имунолошки испитувања. Дали Lupusot е во ред бидејќи е негативен, а има и некоја вредност под него напишано. И дали антинуклеарни антитела да нема присуство е во ред. Дали треба да одам на имунолог за резултативе?
    20240525_131441.jpg
     
  14. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    @La-loca @Elliana @Viktorijaaa5 фала девојки на одговорите.
    @La-loca токму така е како што кажуваш, баш реалноста ја погоди и добив чувство како да си тоа доброто ангелче што седи на рамо и дава совети :) ги брзам работите, свесна сум, ама не можам да се контролирам, само така сила наоѓам.
    После спонтаниот на душата имам белег, тоа ме прати во секој чекор, од утро до мрак и мислам дека само друго бебенце ќе ми даде смисла во животот. И не можам да чекам сакам се да преземам што е во моја моќ за да бидам поблиску до целта а совршено ми е јасно дека има тука и нешто што е Божја волја.
    Не ти замерувам таман работа, јас истото би го дала како совет на некој друг, но кога сум јас во прашање, трпение тешко ми оди :)
    Дај боже што побргу да не дарува Бог сите која природно која со ин-витро , амин :angel:
     
    На kristi23, Orhideja7593, La-loca и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Добри ти се резултатите, не треба да има присуство на антинуклеарни антитела.
    За лупус исто резултатот ти е добар, немаш лупус. Вродена тромбофилија дали испитуваше? Тој цел панел со фактори на коагулација?
    Јас со резултатите од вродена и овие од стекната тромбофилија бев кај трансфузиолог за терапија за следна бременост, но кај вродената имав мутирани гени, па затоа.
    Резултатите од стекната како сега овие што ги приложи ти, и мене ми беа добри но кога веќе идев за другото му ги дадов и овие да ги ѕирне.
     
    На Mina888 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Elliana

    Elliana Активен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2024
    Пораки:
    229
    Допаѓања:
    247
    Пол:
    Женски
    :l::l:
    Исти сме сите што го одиме овој пат. Колку и да сакам да сум храбра во мене нешто потсвесно секогаш работи. Мислам дека ако не “си го барам крајот, решението” дека губам време и почнува да ме фаќа паника. Едноставно некои работи се посилни од нас.
    Јас се чувствувам како целиот живот да ми е застанат во тој период кога почнав да одам по овие врати. Годините поминуваат а јас се осеќам како да се вртам во круг цело време… Тоа е…
    Јас искрено сите би ги посоветувала да одат по сите врати и до крај. Да не се чека, оти чекаме инсеминации, чекаме термини, па ваучер и времето летнало.
    Со среќа на сите кои се во оваа борба. ❤️
     
    На Iva_Iv, lia22, Orhideja7593 и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Marr_ss

    Marr_ss Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2023
    Пораки:
    212
    Допаѓања:
    356
    Пол:
    Женски
    Вакви приказни ми полнат срце! Браво за храброста, истрајноста и вербата!
    Да е живо и здраво бебуле :inlove:
     
    На 5678m, Mihaela123456 и Beba95 им се допаѓа ова.
  18. Anyshka

    Anyshka Популарен член

    Се зачлени на:
    6 август 2022
    Пораки:
    5.932
    Допаѓања:
    27.248
    Пол:
    Женски
    Носиш се што имате испитано ти и сопругот кај избраниот ивф доктор, ги разгледува, и зависност од вашата дијагноза одредува со каков протокол.
     
    На Joanna28 му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Joanna28

    Joanna28 Истакнат член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    644
    Допаѓања:
    601
    Пол:
    Женски
    Истоо скроз. Ако поминал месец а јас едно испитување да не сум направила, или инсеминација или еден нов суплемент ако не сум внела, се чувствувам како да тапкам во место. Ми се чини треба да се инволвирам 100% дека освен на лекарите борбата е и наша одговорност.
    Нека ни даде Господ сила да издржиме :l:
     
    На Elliana му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Milicka*

    Milicka* Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2017
    Пораки:
    1.006
    Допаѓања:
    2.588
    Пол:
    Женски
    Веке имам 4 годишно синче , но го фаќам последниот воз , ме газат годините ..
     
    На Blondie715 му/ѝ се допаѓа ова.